Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Ја надмина Европа според бројот на милионери

Азија во 2010 година прв пат имаше поголем број милионери од Европа и брзо се приближува до првопласираната на оваа листа, Северна Америка, покажа вчера објавениот извештај на организацијата „Ворлд велт рипорт“.

Во него се наведува дека во Азиско-пацифичкиот регион во 2010 година живееле 3,3 милиони луѓе со богатство поголемо од еден милион долари, не сметајќи ја вредноста на нивните домови, што е за околу десет отсто поголема отколку претходната година.

Благодарение на економскиот раст во земјите со најголем број жители, Азија ја надмина Европа, каде што бројот на милионери лани порасна за шест отсто на 3,1 милион. На прво место и натаму е Северна Америка со 3,4 милиони богаташи, или 8,6 отсто повеќе отколку во 2009 година.

„Сосема е реално Азија во блиска иднина да ја надмине и Северна Америка според бројот на милионери“, се наведува во извештајот.

Кога станува збор за бројот на милионери по држави, во водство се САД, пред Јапонија, Германија и Кина. Кина лани имала 535.000 милионери, или 58.000 повеќе отколку во 2009 година.

Иако Азија дури лани за прв пат ја надмина Европа според број на милионери, вкупно богатство на азиските милионери веќе неколку години е поголемо од она на европските. (МИА)


#
Статијата е прочитана 850 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Новата еврообврзница скапо ќе не' чини
Српските банки повторно заработуваат добро
Турција ќе стане најбогата земја
Лошите економски прогнози ја паднаа цената на нафтата
Повторно атрактивно финансирањето преку пазарите на капитал
Германија се отвора за странските работници
„Сааб“ не може да исплати плати
Летово роаминг на „Вип“ за 9,9 денари минута

"""