БРИТАНСКА МОНАРХИЈА
Кралското семејство на „Твитер“
Британското кралско семејство отвори профил на Интернет-сајтот „Твитер“, со желба своите следбеници да ги известува за официјалните активности на своите членови, соопшти Бакингамската палата.
„Кралицата Елизабета Втора е известена дека постои таква страница, но ниту еден член на кралското семејство нема да остава ’твитови‘ (куси пораки)“, изјавила една претставничка на палатата.
Според нејзини зборови, страницата на „Твитер“ ќе служи исклучително за поставување на известувања и вести за активностите на членовите на кралското семејство. Страницата http://twitter.com/BritishMonarchy ќе содржи новости во врска со другите сајтови на монархијата.
Содржините на „Твитер“ ќе ги ажурира тим во Бакингамската палата, како и на Кларенс хаус, лондонската резиденција на принцот Чарлс. |