|
|
|
|
|
|
Мислења
Летај Саша
Ѓорѓи Спасов
Ако го прислушувале Бошкоски, дали истите мерки не биле применети и кон Бранко Црвенковски, кон Али Ахмети, Мендух Тачи, Љупчо Георгиевски...
Во Македонија веќе стана практика секој критичар на власта да се соочува со нејзината одмазда. Меѓу првите на удар беше Душко млекарот на кој му најдоа дека „марихуана му расте во нивата со компири“. Потоа беше Велија Рамковски, кому му најдоа дека „произведувал нелегално ’смоки‘ во просториите на телевизијата“. За претседателот на Уставен суд открија дека бил „кодош“. А еден гастарбајтер од Арачиново, според негови кажувања во медиумите, мораше да плати 600 евра затоа што ја опцул мајката на премиерот. Имал среќа сиромавиот што не наишол на некој од обезбедувањето на премиерот кое убива и за помали грешки на само место.
Во таков амбиент, откако Груевски на изборите се стекна со нов легитимитет по пет години владеење, можеше да се очекува да продолжи одмаздата кон критичарите на власта со уште пожестоко темпо. Сите типуваа на „Летај Саша“. Но, никој не веруваше дека тоа ќе се случи првиот ден по завршувањето на изборите. Груевски не дочека ниту да си заминат набљудувачите на изборите, кои оценија дека „изборите биле фер и демократски“, а да не пристапи кон брутална пресметка со својот најсилен критичар за време на изборите. Според веќе испробаниот метод, беше организирано апсење на лидерот на Обединети за Македонија на јавно место, во ексклузивен ресторан, пред очите на неговиот син и многубројните гости и пред камерите на полициските сниматели што потоа се дистрибуираа до медиумите, со цел да се постигне ефектот на јавно застрашување на другите критичари и јавно понижување на уапсеното лице.
За понижувањето и за заплашувањето да биде поголемо, лидер на партија, невооружен, кој не дава отпор, се легнува со груба сила од специјалците на хауба, па на земја и му се ставаат лисици на рацете, како да се апси најопасен криминалец во земјата, а не човек со кого се гушкаше Груевски до враќањето од Хаг.
За министерката за внатрешни работи, која се фали дека е образована на британски универзитет „тоа е дел од стандардната процедура“.
Љубе Бошкоски за време на изборната кампања несомнено многу ги иритираше премиерот и некои од неговите роднини, обвинувајќи ги за криминал, изнесувајќи некакви „докази“ за нивни нелегално стекнати имоти. Во таа негова би рекол дури „фолклорна антикампања“, Љубе Бошкоски најавуваше дека располага и со документи за „криминалот на Груевски и на фамилијата“. Тој покажуваше некакви документи за продажби на имоти во Чешка, кои не се пријавени во Антикорупциска, за купување станови на мајката на премиерот, за некакви јахти купени за потребите на премиерот и за тоа дека сегашната власт ги игнорира таквите „документи“, а го гони криминалот кај политичките неистомисленици. Во атмосфера на општо меѓусебно валкање, каква што владееше за време на изборите, не сум сигурен дека овој вид антикампања имаше некое сериозно влијание врз исходот од изборите. Љубе Бошкоски не успеа да освои ниту еден мандат на изборите и тоа беше доволно голема казна за него.
Но, Груевски и „навредените“ не му простија на Бошкоски за обвинувањата. Тие по апсењето на Бошкоски објавија дека од почетокот на кампањата „применувале специјални истражни мерки“ против лидерот на една опозициона политичка партија. Тоа значи дека Љубе бил озвучен, прислушуван, сниман и следен секој ден во текот на неговата кампања. Основата за тоа било „сомнението дека, можеби, ќе користи нелегални средства за финансирање на својата кампања“. Замислете апсурд. ВМРО-ДПМНЕ, која потроши милиони евра за својата кампања, а пред Антикорупциската комисија имаше регистрирано приходи во висина од само 140 илјади евра на својата сметка за изборите и за која Велија Рамковски тврдеше дека ги плаќала своите сметки во кеш и од буџетски средства, нашла човек за кој „се сомневала дека со нелегални пари ќе ја финансира својата кампања и, веројатно, со дозвола на судот му определила специјални истражни мерки - како што се прислушување, снимање, следење...“.
Се поставува прашањето. Ако му го направиле тоа на Бошкоски дали истите мерки не биле применети и кон Бранко Црвенковски, кон Али Ахмети, Мендух Тачи, Љупчо Георгиевски, Стојанче Ангелов, Филип Петровски и кон сите други учесници во изборниот процес.
Кој по ова може да гарантира дека ВМРО-ДПМНЕ, чиј кандидат на изборите е министерката на полицијата, Гордана Јанкулоска не ги прислушувал сите изборни штабови, не ги имал информациите за секој нивни чекор, за секоја нивна изјава, прес-конференција и информација за секоја можна донација или прилог од граѓаните за финансирање на кампањата.
Оттука Љубе Бошкоски е порака. Тоа не е вообичаен полициско-медиумски спектакл на какви што веќе навикнавме со владата на Груевски, туку демонстрирање на стилот со кој Гр��евски (со ослабен легитимитет) ќе продолжи да се справува со своите најжестоки критичари. Од изјавата на портпаролот на полицијата, Бошкоски е обвинет за „злоупотреба на својата службена положба“. Цела македонска јавност знае дека Љубе моментно не е ниту министер, ниту директор на јавно претпријатие, ниту државен службеник. Тој е само претседател на политичка партија во опозиција. Која „службена положба“ моментно или за време на кампањата можел да ја злоупотреби на сметка на државните интереси. Тоа е нонсенс. Ако можел тој да го направи тоа, тогаш какви ли можности за тоа им стоеле на располагање на министерката Јанкулоска, на премиерот, на директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски и на многу други што беа кандидати за пратеници на владејачката партија... Полицијата признава дека тие го следеле Бошкоски и има податоци дека од некое лице, наводно, прво зел десет илјади евра, па 20 илјади и го „фатиле на дело“ дури по завршувањето на изборите кога „изнудил“ 100 илјади евра што му биле предавани во ресторан, пред неговиот син.
Целата приказна личи на местенка за остварување на ��руги цели. Што би рекол Рикер, „премиерот и оние околу него се пречувствителни на критика“ и се однесуваат одмаздољубиво спрема своите критичари.
Но, што ако Бошкоски навистина располага со доказите за направен криминал од страна на клучните играчи во владата на Груевски. Зарем не изгледа логично специјалните истражни мерки за прислушување, снимање и за следење на Бошкоски да биле одобрени само со цел да дознаат „актерите на посочуваниот криминал“ дали вистина тој располага со такви докази и кој му ги доставува, а апсењето да било извршено со цел да му се одземат, да бидат уништени, а сведоците замолчени?
Затоа ова апсење е порака. До секој што располага со евентуален доказ против власта. До секој што ќе се обиде јавно да проговори за постоење на таков доказ. И до секој што ќе и' се закани на власта дека ќе одговара кога полицијата и судството веќе нема да бидат под целосна нејзина контрола.
(Авторот е универзитетски професор) |
#
|
Статијата е прочитана 4196 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: FB |
Датум: 11.06.2011 00:41:24 |
|
Procitajte ovde http://www.facebook.com/zoran.bozinovski?sk=wall |
|
|
|
|
|
|
Од: marjan |
Датум: 11.06.2011 03:23:42 |
|
Браво за текстот погодок во центар со секој збор.Вестина порака за сите нас да се освестиме и да размислиме за кого ке гласаме на следните избори за криминалци или за некој што направија држава РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО 1992. |
|
|
|
|
|
|
Од: USA |
Датум: 11.06.2011 05:14:36 |
|
Umre toa koga se nosea suvi pari vo torbi/vreki. Ako ne veruva nekoj, neka proba, pa i nego da go gledame na YOUTUBE. Ovie na vlast se ZAKON, vo bukvalna smisla na zborot. |
|
|
|
|
|
|
Од: Dragica Lapajkoska-Belchevska |
Датум: 11.06.2011 05:24:29 |
|
Jas ne mozam da razberam.Tolku mnogu aferi ima kako na primer so $750.000evra vo sise i se' se zakaska,a so Boskoski napravija "film" za navodno pronajdenite pari i pistol.
Kako prvo,za da se "zaboravi" slucajot so parite vo siseto mora da ima i nekoj od vlasta "upikano prsti".
Kako bas Ljube Boskoski e "zrtvenoto jagne" na Mijalkov.
Isto bi ja prasala Jankulovska kakva skola zavrsi,plus vo Anglija,a da ne znae deka pistolot na Ljube Boskovski ne se fakja so goli race tuku so narakvici.
A pak Orce peacot neka odi sega kaj Gruevski i neka ja vrti pesnata za brat Ljube,zasto se' dodeka bese Boskovski vo Hag taa ista pesna kaj
VMRO-vcite se vrtese dodeka go oslobodija od Hag.
|
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 11.06.2011 07:36:20 |
|
Ај кога велат сите,да велам и јас со набројување на некои што му го обвинуваат лидерот измасакриран по петти пат по ред,инаку мој омилен увод.Некои велат да лидерот зел хипотекарен кредит од 5-6 мил.евра,некој велат да се потрошени само околу 200.000 евра,па јас така велам и прашувам каде е остатокот,некој велат да таму во опозицијата имало ,,нафатирање,,.Некои велат да потрошиле само 103.000 евра за рекламирање,другите велат да само локумското-наполитанско кафе вреди толку.Некои велат да само на А1 му се должи околу 9 мил.евра,јас велам да пола ако е точно е катастрофа финансиска.И така сите по нешто си велиме. |
|
|
|
|
|
|
Од: deli |
Датум: 11.06.2011 07:44:33 |
|
Konkretno kaj slučajot, što go opišuvate: bi trebalo da se objavat pred javnosta cvrsti dokazi i od edna strana (jahti... stanovi...), i od druga (zloupotreba na službena položba...)... Inaku, sveopšto, ima edna pogovorka: koj saka kučeto da go tepa, stapot sekogaš ke si go najde. |
|
|
|
|
|
|
Од: jas |
Датум: 11.06.2011 09:20:39 |
|
Љубе требаше да си остане во Хаг. |
|
|
|
|
|
|
Од: udo |
Датум: 11.06.2011 09:30:06 |
|
Pretpostavkata e mnogu verovatna. Site taka mislat. Zatoa, ludje, kutete da ne dojdat i po vas. |
|
|
|
|
|
|
Од: Gneven |
Датум: 11.06.2011 12:19:47 |
|
Tekstot e realen i ja otslikuva stvarnosta,se e kazano.
Megutoa ke mu odgovoram na maloumniot Feliks,ne li gleda koi pari nenarodnata vlast gi potrosi samo za bilbordite na "mesijata" Grujo,a da ne zborime za patuvackiot cirkus na mitinzite na VMRO,izbornite reklami.....Za tie pari se razbira nikoj nema da dade
otcet,i pak ke se nadoknadat od sopstveniot narod.
A so apsenjeto na Ljube,jasna e porakata do site
neistomislenici i kritizeri na staronoviot vmroovski
rezim,pazete sto pravite i mislite.Mislam deka na
red im e da go zakutat i A1,iako cel slobodoumen
narod im dava bezrezervna podrska,i ne daj Boze
da go realiziraat i toa mracno scenario! |
|
|
|
|
|
|
Од: seirdzija |
Датум: 11.06.2011 12:52:59 |
|
Znae li nekoj kolku potrosi partijata na grckoto vnuce u pari da kaze,bez deteto sto go napravija kurban na nivnata proslava...Im stignaa li tie 220 milioni evra...sto neveruvam..... |
|
|
|
|
|
|
Од: Наравоучение |
Датум: 11.06.2011 13:42:37 |
|
Сите демократски сили треба да се сплотат против оваа недемократска влада и да ја стават под контрола. За Македонија важи тоа што Љубе Бошковски јасно го изговори: СМРТ или СЛОБОДА! |
|
|
|
|
|
|
Од: dime |
Датум: 11.06.2011 16:03:26 |
|
Gospodine spasov dusko mlekarot e daleku od mlekar i daleku od toa deka marihuanata mu rastela divo vo nivite se raboti za dobro organizirana distribucija i proizvodsto po koj e poznat vo negoviot region. |
|
|
|
|
|
|
Од: До УСА |
Датум: 11.06.2011 16:34:04 |
|
Така е ,тоа време умре!ДПМНЕ прејде на пластични шишиња,место на ќеси! |
|
|
|
|
|
|
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.2041586 |
Датум: 11.06.2011 18:27:41 |
|
Pocituvan profesore cesto Ve gledam ,pa se prasuvam ke ima li sreka ledeno doba da ne preleta pa ednas zasekogas politickite dinoasaurusi da isceznat !! Ne deka ne ste vo pravo,ama i Vie pocnavte da zemate se zdravo za gotovo !! Site ne sledele pa veruvam i mene !! A sto im e rabota ,ako sudski nalog imaat za toa plata primaat !! Denovive se cudam ne moze da poveruvam uceni lugje kako Vas treskaat glupost na set glas !! Pa ako Ljube cisti pari sakal oti na zirosmetka ne gi prakal !! Ljube go namestile a toj toa so godini pravel i potoa doma so prsuta slavel !! Vreme e profesore od politikata da izbegate oti kako vreme ide dibidus ke zabegate !! Pozdrav od Tome koj cel cas odamna na tel. so Vas zboruvase za vaseto mislenje za imeto prasuvase a Vie odgovor ne dadovte kompletno se predadovte !! |
|
|
|
|
|
|
Од: izvonredno |
Датум: 11.06.2011 18:45:24 |
|
Odlicno analiticki napisano. Cestitki za profesorot Spasov |
|
|
|
|
|
|
Од: Boris |
Датум: 11.06.2011 19:06:31 |
|
Pristojna analiza gospodine Spasov. No bi se osvrnal malku na elektropoetot Tome. Poseduvanjeto sudski nalog ne znaci deka sledenenjeto na politicki protivnici za vreme na izborna kampanja e demokratski cin. Kolku da ti kazam deka i Gestapo moral da obezbedi sudski nalog vo svoe vreme. A inaku sto se odnesuva do zirosmetka tuka napolno se slagam. Neli vo Sutka, vo Stip i vo Bitola na site sto im gi plakaa glasovite i koi javno se pojavija na TV im davaa i fiskalni smetki. Pa Gorcev so sebe postojano nosese po dva smetkovoditela i inspektor od UJP. |
|
|
|
|
|
|
Од: latas |
Датум: 11.06.2011 19:57:04 |
|
Setaj gjorgji, izgubivte i slobodno placite! |
|
|
|
|
|
|
Од: ognjan |
Датум: 11.06.2011 22:10:56 |
|
Pocituvan profesore dobro e da se pravat analizi megutoa ako gi gledame realno rabotite sigurno ne mozete da bidete objektiven. Moe mislenje e deka Boskovski e vo pritvor od vasite bliski prijateli (sdsm) i televizijata A1 eve zosto i go velam toa.Prvite dva dena razmisluvaa dali voopsto da izlezat na pres i koga izlegoa kazaa edna recenica alibi i tolku ,molcat kako nekoj da im go isekol jazikot a toj istiot Boskovski napravi mnogu poveke da dobijat tolku glasovi otkolku tie samite. Ovie vtorite dvaeset dena odeluvaa tolku prostor za boskovski so edinstvena cel ne da mu ja promovirat kampanjata ami da go iskoristat vo korist na sdsm bidejki osven napadi na vmro - dpmne na mitinzite nisto drugo ne davaa, a covekot bev na miting vo Strumica od polovina cas govor mozebi odeli za napadi najmnogu pet minuti ostanatoto bese promoviranje na programata ama na A1 ne slusnavme nisto od programata samo plukanjeto go slusnavme. Inaku ne sum clen na nitu edna partija za pojanuvanje |
|
|
|
|
|
|
Од: девичанецот |
Датум: 11.06.2011 22:19:06 |
|
Професоре!
И тебе те сликаа гол со проститутка, па што од тоа? |
|
|
|
|
|
|
Од: cane sokolovski-toronto |
Датум: 12.06.2011 00:36:26 |
|
Aјде Феликс, ти си паметен човек, престани да defend the indefensible. Или престани да го браниш неодбранливото. |
|
|
|
|
|
|
Од: Владимир |
Датум: 12.06.2011 17:40:30 |
|
Се согласувам со се` што е напишано во текстот, од првиот до последниот збор! |
|
|
|
|
|
|
| ЕДИТОРИЈАЛ | | |
|
| Поглед | | |
|
| Мислења | | |
|
|
|