Број 3664  среда, 24 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Пет минути интервју

Библиотеката е место за доживотно учење

Иванка Соколова, виша библиотекарка

Катерина Богоева

Како Ви минуваат работните денови во Народната библиотека „Браќа Миладиновци“ во Радовиш по добивањето на престижната награда на фондацијата ЕРСТЕ за проектот „Креативни умови создаваат можности за работа“?


И покрај тоа што е време на одмори, наградата уште повеќе ги мотивира вработените во библиотеката да работат на унапредување на своите услуги за социјално исклучените групи. Како една од алките во процесот на информирање и образование, таа се наметна како препознатлива институција што игра голема улога во подобрувањето на тој вид услуги на луѓето од сите возрасти. Библиотеката креира и нови модели за да одговори на социјалните и на економските предизвици.

Наградата оддава признание за направените промени врз животот на луѓето во локалните заедници. Што промени проектот во Вашата заедница?

„Главните активности беа насочени кон обуки на невработените лица за стекнување вештини за користење на ИТ-технологијата и интернетот, со што им се олесни пристапот до информациите и знаењето поврзани со вработувањето. Беа обучени 83 лица, од кои 42 најдоа привремено или трајно вработување. Институционално се поврзаа и сите актери што играат важна улога во процесот на вработување“.

Успева ли библиотеката да привлече поголем број членови и со фактот дека годинава со наградениот проект таа ја вброи Македонија меѓу 12-те најуспешни европски земји во посочените области, а лани и меѓу 49 земји од светот?

„Новите понудени ИКТ-услуги ги охрабрија граѓаните да ја доживеат библиотеката како место за доживотно учење, што е една од нејзините примарни задачи. Со воведување нови услуги, бројот на членови расте“.

Колку се чита денес во Радовиш, но и надвор од него?

„Граѓаните не читаат помалку отпорано, туку се промени начинот на читање и добивање информации, особено кај младите кои се повеќе ја користат ИКТ-технологијата. Не е направена некоја подетална анализа во земјава, но ако се повикаме на стандардите пропишани од страна на ИФЛА, иако постои тренд на благ пораст на читателската публика, сепак, ние сме далеку од развиените држави, дури далеку и од некој од соседните. Библиотеките треба многу да работат на подигање на свеста за улогата читањето, особено кај децата и младите“.


#
Статијата е прочитана 841 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Многу „за“ и „против“ предлогот на Вељаноски
Ватерполистите со бронза во Кина
Тинејџери со едно чкорче го запалиле битолски Баир
Визбите пак ги изиграа лозарите
Прво кредит, па потоа може одмор
Лустрацијата продолжува
Борби oколу комплексот на Гадафи
Гадафи се крие во бункер под хотелот „Риксос“
Што има на Водно?
Ја брише несреќната тетоважа со М.М.
Снимањето на „Трето полувреме“ почнува на 10 септември
Велестово под ѕвездите
Модна ревија на „Лисца“
Адебајор позајмен на Тотенхем
Бремените жени и возрасните работници да седат дома!
Месечината е можеби 200 милиони години помлада
Забрана за движење во шумите до 3 септември
Имаат водовод, ама немаат вода
Грција ги заложи Акропол и Партенон
Карикатура
Македонија напредуваше шест места, Холандија го презема врвот
Стил
Онлајн вести

"""