Македонија напредуваше шест места, Холандија го презема врвот
24.08.2011, 12:11
Фудбалската репрезентација на Македонија забележа напредок од шест места на најновата ранг листа на ФИФА. „Црвено-жолтите" се наоѓаат на 90. место со 358 бода,.
По едногодишна доминација на Шпанија, репрезентацијата на Холандија се најде на чело на листата.
Поразот на "црвената фурија" од Италија во пријателскиот натпревар овој месец ги чинеше Шпанците значајни бодови, па Холандија стана седмиот национален тим (по Аргентина, Бразил, Франција, Германија, Италија и Шпанија) кои се нашлол на врвот на ФИФА ранг листата.
На третото место останува Германија, Англија се проби на четвртата позиција, а Уругвај е петти.
Бразил падна за две места и сега е шести, следуваат Италија, Португалија, Аргентина и Хрватска која ја затвора Топ 10 листата.
Од противниците на македонската репрезентација во квалификациите за ЕП 2012, Русија е на 13. позиција (+5 места), Словачка е 26-та (+3), Република Ирска 31-ва (+2), Ерменија 71 (-1) и Андора на 203.место.
ФИФА ранг листа:
1. (2) Холандија 1.596 бода 2. (1) Шпанија 1.563 3. (3) Германија 1.330 4. (6) Англија 1.177 5. (5) Уругвај 1.174 6. (4) Бразил 1.156 7. (8) Италија 1.110 8. (7) Португалија 1.060 9. (10) Аргентина 1.017 10. (9) Хрватска 1.009
|