|
|
|
|
|
|
ЕДИТОРИЈАЛ
Прво кредит, па потоа може одмор
Соња Маџовска
Иако летната сезона е при крај, ако сакате на раат да лежите на плажа, без постојано да ви ѕвони некој непознат број, платете си ги обврските. Платете ги ратите за кредит, месечната уплата на картичките, сметките за комуналии, во спротивно некој дрзок оператор може да ви префрли во стилот „како тоа за на одмор имате пари, а немате доволно средства да ја платите ратата за кредит“.
За да не ви се случи ваква неумесна констатација да ве извади од кожа, плаќајте на време. Граѓаните ќе речат „зарем ние не сакаме да биде така, ама проблемот е што се' помалку стигнува платата за да се плати се' навреме“. А тоа особено се чувствува последниве две три години. Н��, тоа банките воопшто не ги интересира.
Кога е наплатата во прашање тие се бескрупулозни и тука нема дилема. Нивна главна обврска е парите што ги пласирале како кредити да си ги вратат. Нивното образложение за тоа е дека парите што ги даваат како заеми се всушност средства на граѓаните и на фирмите орочени во банката како депозити. За тоа плаќаат камати, но и пенали ако им се зголеми процентот на нефункционални кредити.
И дотука е се' во ред. Проблемот настанува кога операторот од банката или од центарот за повик со кој банката има договор, ќе ви се јави и дрско ќе ве праша кога планирате да ја платите ратата и зошто тоа не сте го сториле навреме. За нив нема почитување ниту на пристојно време за јавување, не ги интересира дали сте на работа, или имате важен состанок, ако сте на одмор уште помалку.
Но, најстрашното доаѓа кога нема да ве најдат на домашниот или мобилниот телефон, па почнува потера по вас кај соседите. Тука веќе срамот станува уште поголем. Од една страна немаш пари во моментот да платиш, од друга операторот ве потсетува на тоа два пати во денот, од трета страна и сосетката ве гледа попреку.
Овој непрофесионален однос од страна на оние што ве потсетуваат дека немате пари, и дека треба да ги најдете што е можно побрзо, и уште е расположен да се расправа со вас, целосно ја нарушува приватноста.
Дури и самите банкари реагираат на ваквиот однос на операторите. Тие велат дека и самите на своја кожа го почувствувале тоа. Реагирале кај надлежните, а на самиот јавувач му објасниле дека со таквиот непрофесионален однос кон клиентите можат да останат без работа. Банкарите велат дека им праќаат и правилници и обрасци на центрите за повик, како тоа се прави во светот.
Во европските земји има строго пропишани правила кога операторот може да ве побара, и што треба да ви каже. Тоа никако не смее да биде пред 8 часот наутро, или после 21 часот навечер. Ако кажете дека сте на работа, телефонскиот разговор веднаш треба да биде прекинат. Контакт со друго лице може да се оствари само за да ја дознаат вашата адреса, телефон, или каде работите, но никако не треба да биде споменато за што ве бараат. А тоа лице, од кое треба да добијат информација за вас, може да го побараат само еднаш, и толку.
И за разлика од светската практика, кај нас засега барем не се наплаќа телефонскиот повик за потсетување, ама затоа има многу стимулации кои се користат за да ве натераат редовно да палаќате. Најчесто има бонус поени, а може да добиете и пониска камата, поради редовно плаќање на обврските. За сето ова по се изгледа е крајно време да размислат и нашите банкари и да воведат вакви стимулации. |
#
|
Статијата е прочитана 1416 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 24.08.2011 00:15:22 |
|
Kaj ste videle profesionalnsot vo Makedonija? A znaete li kolku kosta da ste profesionalen? Ama bas nisto! |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 24.08.2011 00:28:04 |
|
Podobro NEKOJ da ve potseti deka DOLZITE i deka treba da go vratite dolgot, otkolku da ve dadat na SUD,pa potoa da platite i sudski trosoci(koj se ogromni),pa da ne ispadne na krajot deka i SUDOT e DRZOK. Vie luge ovde vo Makedonija ke svatite li deka sekade vo svetot e zastiten onoj na kogo mu dolzat, a ne onoj koj dolzi. Zarem se uste mislite deka onoj koj se zadolzil e zrtva?Toa mala mi e platata ne znaci deka treba da gi zakrpis prijatelite,poznanicite,bankite...pa potoa da izigravas uste i osteten sto nekoj ti spomnal deka dolzis.Znaci li toa deka ako mi e mala platata treba da kradam,pa da kazam deka ke vratam koga ke imam?Nevrakanje dolg e isto sto i krazba.I za toa se odi na SUD.Nego ovde izgleda vie navistina si gi sakate poveke prevarantite otkolku prevarenite.Zatoa i e takvo ova opstestvo kakvo sto e.Kriminal i grabanje. |
|
|
|
|
|
|
Од: zrak |
Датум: 24.08.2011 06:58:43 |
|
Vo vesnik procitav komentar sto mnogu ubavo i orginalno gi prestavi bankarite;;Sinot vampir mu veli na tatkoto da mu ja ispijat cela krv na lugeto koj padnale vo nivni race,a tatkoto mu odgovoril pa nie ne sme bankari...... |
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 24.08.2011 08:48:43 |
|
Ilustrirano so primeri nase sekojdnevie.No,ne gi zabo-
ravajte onie,koi nemaat nitu moznost da apliciraat za
krediti za prehranuvanje,komunalii,disenje na vozduh-
pardon,davacki,a kamoli za odmor!Gi ima mnogu vo nasava ubava Makedonija,stotina iljadnici! |
|
|
|
|
|
|
Од: jani |
Датум: 24.08.2011 12:32:31 |
|
Gi imalo vo nasa Makedonija iljadnici ? Pa vidi posioroko od tvojata Makedonija, gi ima milioni koi umiraat od glad, ne na odmor da odat. Od glad umiraat! |
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 24.08.2011 15:58:17 |
|
Мене една работа не ми е јасна. Како луѓето кои било кому должат воопшто и помислуваат да одат на одмор? Со ЧИИ пари? Или најбитно е за македонциве да отидеш на одмор за да имаш после со што да се фалиш на комшиите и на пријателите, имал или немал пари? А срамота било ако те дознале истите тие комшии или пријатели дека си во дологови преку глава. Стварно нема логика.... |
|
|
|
|
|
|
Од: Beni |
Датум: 24.08.2011 18:54:12 |
|
Se soglasuvam so statijata. Jasno e deka dolgot mora da bide vraten, no sepak, bankite za kreditite naplakaat kamati, neli? Zgora, za docnenje postojat zatezni kamati! A vo najlos slucaj, koga kreditobaratelot ne gi podmiruva obvrskite, se aktiira menica! Taka da, ve molam, razmislete malku! Vo sekoj slucaj kreditodavatelot e zastiten. Mehanizmite se veke utvrdeni, ergo, ova sto krvopiive go pravat e totalno sprotivno so zakonot! Toa vekje navleguva vo krsenje na pravata za privatnost i dostoinstvoto na gragjanite. Sluzbite koi se zanimavaat so potsetuvanje, imaat tocno utvrden pravilnik za rabota, i nivnoto odnesuvanje mora da bide strogo kontrolirano! |
|
|
|
|
|
|
|
|