Број 3664  среда, 24 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Наука

Месечината е можеби 200 милиони години помлада

Најпрво се сметало дека е формирана во првите 30 милиони години од создавањето на Сончевиот систем, но денешните техники во кои се користат изотопи од самариум и неодимиум покажуваат дека е помлада

Можеби е побелена, но не е толку стара како што ја замислувавме. Каменот за кој досега се сметаше дека потекнува од времето на формирањето на Месечината, упатува дека сателитот е можеби 200 милиони години помлад отколку што досега се сметаше, што упатува дека е можно нејзината историја да биде повторно пишувана.

Месечината, главно, се смета дека настанала по судирот помеѓу Земјата и тело со големина на Марс, во раното создавање на Сончевиот систем. Во оваа теорија се вели дека стопените парчиња од судирот влегле во масата на Месечината, која се стврднала во текот на неколку стотици милиони години. Доказите за раниот лунарен океан од магма доаѓаат од орбиталните податоци во кои отсуствува плагиоклазата, лесен минерал што се кристализира и плута по површината на магмата.

Со мерењето на лунарната плагиоклазма од примероците собрани од астронаутите на Аполо, ова стана неизвесно. Каменот содржи само мали количини од изотопи на олово, кој нормално се користи за испитување на староста на камењата, и тие се контаминирани со прав од олово од Земјата.

Сега, Ларс Борг од националната лабораторија „Лоренс Ливермор“ во Калифорнија и неговите колеги повторно испитаа еден од камењата: го измија во слаба киселина за да отстранат слој од површината и било каква друга контаминација со олово. Се изненадиле кога откриле дека каменот бил старо само 4,36 милијарди години, што значи дека е формиран 200 милиони години по создавањето на првите тврди материјали во Сончевиот систем. За Месечината прво се сметало дека е формирана во првите 30 милиони години од создавањето на Сончевиот систем. Денешните техники во кои се користат изотопи од самариум и неодимиум покажуваат дека таа е помлада.

Тимот вели дека ова упатува дека судирот од кој се создала Месечината можеби се случил подоцна отколку што се сметаше претходно, или дека океанот од магма не ја покрил раната површина на Месечината. „Оваа исклучителна млада возраст на овој лунарен примерок или значи дека Месечината се стврднала значајно порано отколку се сметаше претходно, или дека треба да го смениме нашето сфаќање за геохемиската историја на Месечината“, вели членот на тимот Ричард Карлсон од Карнеги институцијата за наука во Вашингтон.

Но, Клајв Нил од Универзитетот „Нотр Дам“ во Индијана вели дека нешто од плагиоклазмата - вклучувајќи и во овој примерок - можеби се стопиле повторно откако се формирала Месечината. Различни минерали се стврднуваат на различни температури, па така ако тешките минерали се стврднат пред оние лесните под нив, тие ќе потонат подигнувајќи ја магмата нагоре. Ова може да ја стопи плагиоклазата и да ја ресетира нејзината старост. „Останува да бидеме уверени дека Месечината е млада онолку колку што не' информира овој документ“, рече тој.

(„Њу сајантист“)


#
Статијата е прочитана 675 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Многу „за“ и „против“ предлогот на Вељаноски
Ватерполистите со бронза во Кина
Тинејџери со едно чкорче го запалиле битолски Баир
Визбите пак ги изиграа лозарите
Прво кредит, па потоа може одмор
Лустрацијата продолжува
Борби oколу комплексот на Гадафи
Библиотеката е место за доживотно учење
Гадафи се крие во бункер под хотелот „Риксос“
Што има на Водно?
Ја брише несреќната тетоважа со М.М.
Снимањето на „Трето полувреме“ почнува на 10 септември
Велестово под ѕвездите
Модна ревија на „Лисца“
Адебајор позајмен на Тотенхем
Бремените жени и возрасните работници да седат дома!
Забрана за движење во шумите до 3 септември
Имаат водовод, ама немаат вода
Грција ги заложи Акропол и Партенон
Карикатура
Македонија напредуваше шест места, Холандија го презема врвот
Стил
Онлајн вести

"""