Бремените жени и возрасните работници да седат дома!
24.06.2011, 13:48
Бремените жени и лица постари од 60 години утре и задутре да се даде препорака да бидат ослободени од работа поради топлотниот бран кој ја зафати Македонија.
Ова е одлука, односно препорака која ја донесе Владата на вчера одржаната седница.
Ова денеска го соопшти министерот за здравство Никола Тодоров по посетата на специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.
Се препорачува лицата кои изведуваат градежни работи во периодот од 11 до 16 часот да не ги изведуваат тие работи.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, утре времето ќе биде сончево и многу топло со темепратура од 33 до 40 степени, а задутре со температу��а од 32 до 38 степени.
|