Меган Фокс
Ја брише несреќната тетоважа со М.М.
Меган Фокс, чие тело е украсено со девет тетоважи, им откри на медиумите дека го брише портретот со Мерилин Монро, затоа што и' носи несреќа и за да ја оттргне негативната енергија од себе.
„Некои ми велат дека сум параноична, но се' ми се потврдува во практика - откако ја ставив тетоважата со Мерлинка, се тргна наопаку. Освен тоа, доцна дознав дека Мерлин боледувала од биполарно нарушување, па едноставно не сакам да привлекувам лоша енергија“.
Дваесет и петгодишната актерка, чија кариера во последно време видливо стагнира, со ласерски третмани ги брише сите тетоважи. За секој случај. Всушност, најголемо разочарување Меган доживеа откако Стивен Спилберг побара да ја тргнат од новото продолжение на „Трансформер“. |