Број 3664  среда, 24 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Еконо��ија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Мислења

Велестово под ѕвездите

Нано Ружин

Велестово, местото посветено на богот на сточарите, денес би требало да го носи епитетот на словенскиот триглав бог Троглав

Kога во топлите ноќи посетителите на Охрид ќе го подигаат погледот високо кон Галичица, нивната љубопитност се задржува на оддалечените светилки на селото Велестово, сместено на 1.246 метри надморска височина. Името на ова село има старословенски корени. Словенската митологија дизајнирала систем на космолошки и религиозни вери на Словените пред нивното покрстување. Во старословенската религија доминирало повеќебожството. Велес или Волос бил богот што ги штител жетвата и стадата на верниците.

Велестово, местото посветено на ��огот на сточарите, од денешни перспективи повеќе би требало да го носи епитетот на триглавиот бог Троглав, кој владеел со небото, земјата и задгробниот живот. Доколку поминете само една ноќ во Велестово, ќе ја почувствувате таа мистична моќ на блискоста на овие три света сместени меѓу ѕвезденото небо, земјата и мистиката на задгробниот живот. Црквата „Успение на пресвета Богородица“ со мистичните фрески од 14 век на која се горди велестовци и ја негуваат со најголем верски и цивилизациски респект и стравопочит, сведочи за нашиот скромен, но силен етнички и верски идентитет, вели младиот адвокат по потекло од Велестово, Пешликоски. Ние сме Македонци и немаме ништо заедничко со античките измислици, беседи најстариот велестовец Крсте Ољубот. Кога бил помлад, Крсте управувал со селото, бил еден вид селски кмет. До неодамна управуваше со водата на селото, но во последниве три-четири години поради возраста и нарушеното здравје, го заменија помладите. „Ова село е етнички чисто. Само христијани можат да живеат тука“, истакнува крстоносецот Крсте. Денес е многу горд зашто селото собра сили да го постави дваесетметарскиот крст што свети постојано навечер.

Напамет го научив секој камен, секое дрво, секоја угорнина. Кога во Велестово во 2005 година го сретнав Петре М. Андреевски, кажа една интересна филозофска мисла: „Во ова Велестово секој камен си се пронашол себеси. Ова село инспирира. Еве дури и Боро Митриќески се качил тука“. Во деведесеттите селото го населија повеќе уметници и граѓани на средниот слој, како што се како Колозови, Божикови, Герасимови, Бубо Каров, Мирче Доневски, Боро Митриќески, Боцевски-Жмара, Ѓорѓи Спасов, авторот на овој текст, а по 2000 година неколку познати скопски, охридски и струмички богаташи. Последниве ги изградија и најскапите и најраскошните викендични со базени во селото.

Во почетокот на деведесеттите кога велестовци се спуштија три километри подолу и се преселија во Рача, земјата ја продаваа по две-три марки за квадрат. За илјада квадрати земја со штала или руинирана селска куќа се плаќаа од 2.000 до 3.000 германски марки. Денес велестовци продаваат земја за 50 евра по квадрат, но, исто така, и се враќаат во своите огништа. Ги влече детството, старото училиште каде што се описмениле, но и нивната црква, студената вкусна изворска вода, но и почита спрема предците закопани во уредените гробишта. Асфалтниот пат до Велестово што ве води за само четири минути од Билјанините Извори и прифатливата цена за откуп на земјиште и изградба на викендичка без плаќање комуналии беше предизвик за тогашниот македонски среден слој. Велестово е парче од рајот, ноќна мистика во осветлените прозорци на велстовските куќи што личеле на очи од прегладнет волк, ќе воскликне поетот Маџиров.

Велестовецот Славе Ѓорѓо Димоски во 1989 година ги иницира „Поетските ноќи“ во Велестово што прераснаа во солиден културолошки настан во романтичното село на Галичица. И оваа година, една недела пред Света Богородица, се одржаа „Поетските ноќи“ во Велестово, посветени на најнадежниот македонски поет и добитник на минатогодишната награда „Браќа Миладиновци“, В. Мартиновски. Неговата поезија, модерна и фантазмагорична, придружувана со современиот фолк на групата „Старовски“, длабоко сензитивна, урбана, филозофска и авангардна одекнуваше во ноќта меѓу камењата, кои си го нашле своето место и соѕвездието што ја галеше тивката Галичица.

Во времето на Љупчо Гергиевски, Велестово гласаше за ВМРО-ДПМНЕ. Денес велестовци се поделени и разочарани од Владата на Груевски. „Тој не' заборави, патот не е поправан 30 години, а водоводот последен пат беше доградуван во 1997 година. Од ова село не е вработен ниту еден младинец ниту имаме полицаец, официр или царинарник“, негодува Климе. Не се многу расположени ниту за сегашното СДСМ, но на локалните избори редовно гласаат за градоначалникот Александар Петрески. Тој, пак, од своја страна, нема пропуштено ниту еден настан во Велстово. Тој е присутен на секоја ѓомлезијада, веселба, свадба, крштавка, тажен настан. Во Велестово, Петровски ја реновирал руинираната школа и ја претвори во Дом на културата, изграден од велестовски камен. Затоа велестовци го засакаа едноставниот и комуникативен градоначалник, кој кога е потребно, мези од нивното сирење и ќе тргне и по некоја велестовска лута ракија за да ги испочитува домаќините.

Во Велестово владее голема сиромаштија. Велестовци се работливи градежници , сточари и земјоделци. Менка и Кире Климески го произведуваат најубавото кравјо сирење во околината. Потсетува на француското младо сирење „пирене“ од баскиските Пиринеи. Вистински специјалитет со црвено каберне и глетката од висината кон Охридско Езеро. Дедо Кире не е задоволен од сопствената крава, која е неплодна, но му е жал да ја заколи. Марвин, докторот, му кажал дека едниот јајчник и' е оштетен и тешко се оплодува. Нивната куќичка е скромна, а најзадоволни се кога синот еднаш годишно ќе ги посети од Германија. Сепак, најголем настан оваа година беше исчезнувањето на 102 кози на Номче. Овој вреден човек е мошне начитан и остроумен. Во младоста бил неколку години во Австралија и таму сфатил дека и дома во Македонија може добро да се заработи. По враќањето од краткотрајната печалба, го зголемил стадото на овци на својот татко, а од оваа година се пресметал дека чувањето кози било порентабилно. Покрај козите, има коњ и три шарпланинци. Вечерта на 10 август, кога неговото семејство било на визите за Св. Климент, на многу чуден начин му исчезнале козите. Утредента низ Велестово се прошири глас дека волци му ги украле козите на Номче. Волците обично колат и во шталата и по патот. На патот селаните не најдоа ниту една заклана коза. Мора да се крадци од Албанија. Им треба само четири часа за да ги префрлат од онаа страна на границата, размислуваше Симеон. По еден ден барање, козите беа пронајдени. За среќа, на левата страна на Галичица. Да залутале на десната, веројатно ќе биле заклани од волците.

На денот на Света Богородица, цел викенд е во знакот на овој верски празник. На велестовскиот празник доаѓаат и многу печалбари од Австралија и од Канада, но и цела Рача. По овој ден, и официјално велестовските сезонски жители заминуваат во своите урбани џунгли. Велестово почнува да се подготвува за зима, а селото, во кое во текот на летото престојуваат над 100 домаќинства, се сведува на седум-осум домаќинства. Како во сказните на браќата Грим, единствено селските кучиња и некоја од многубројните легенди на селото остануваат да ви ја распалуваат вашата страст и фантазија. Дали во Велестов се спојуваат небото и соѕвездието со земјата на Галичица и мистиката на задгробниот живот? Поминете една ноќ во Велестово и уверете се.

(Авторот е универзитетски професор)


#
Статијата е прочитана 1336 пати.

Испрати коментар

Од: Perec Kifla
Датум: 24.08.2011 00:29:38
Sto e ova? Sostav za sesto oddelenie "kako si go pominav letniot raspust"?
Од: Нострадамус
Датум: 24.08.2011 02:04:27
Мене ме интересира само дали ти плаќаат да пишуваш колумни тука, или ти плаќаш за да ти дозволат да пишуваш?
Од: Ljubotan-Trade Name
Датум: 24.08.2011 04:01:48
Bravo ,superiorno pisanije i prenesuvano od Koleno na Koleno. Avtorot na tekstot postigna eden ubav indirekten gol protiv Voinot na Konj--ama pak, samo za Tie sto znaat da citaat!! Jas znam da pisuvam ubavi podsetnici, za naseto drevno minato. Ama, i ovoj tekst mi se cini e brave i kurazen,
Од: Janakiev Nikola
Датум: 24.08.2011 09:06:45
Kole 24.8.2011god Gosp.Ruzin Slavenska Mitologija e pocnata od prilika pred 200godini.Vise od polovina Evropa se sluzela so edno pismo.Se napraveni se napraveni najmalku 8 novi jazici i pravopisi.Denesniot Bug.KLIMENTOVIOT PRAVOPIS e nastar vo Evropa
Од: Асистентот
Датум: 24.08.2011 09:42:09
Уметници и граѓани од средна класа, како на пример Вие, што си бевте амбасадор години и години, што сопругата ви беше во дипломатијата исто така долги години, што синот ви има приватен бизнис...Хм...не би кажал дека сте средна класа...како и Каров, како и многу други што си имаат поседи на 1200 надморска височина...Мислам, ништо лично, ама дека сте средна класа, не е баш така... И уште нешто... Почит членувано се пишува почитта...
Од: Трпе
Датум: 24.08.2011 10:20:23
Во Велестово владее голема сиромаштија.А овие попаметните од цела РМ успеале да купат плацеви за џабе од сиромашките велестовци и да изградат луксузни вили на нивните ниви со базенти.А пред вилите кои наликуват на згради се паркират ефтини џипови.Дали објектите кои се изградени во ова село и во националниот парк Галичица се дивоградби или се градени на чесен начин.Убавиот поглед е само за богатите.Велестовци ��ека одгледуват кози.Мора да има храна за боговите.
Од: Janakiev,Janakiev!
Датум: 24.08.2011 11:16:32
Denesniot Bug.KLIMENTOVIOT PRAVOPIS e nastar vo Evropa"!!!A rimskiot (latinskiot),grckiot ,evrejskiot?Kirilicata e megju najmladite vo Evropa. Karadzicata,so koja nie se sluzime e uste pomlada!
Од: Pero
Датум: 24.08.2011 11:26:33
Do pereckifla,nostradamus Kade se spremate sto ste tolku glupavi
Од: citatelot
Датум: 24.08.2011 15:52:20
Poraka do redakcijata: Vodete malku griza za izborot na pisuvacite - kako da citam tekst na nekoj ucenik od osnovno uciliste sto mu e vezba vo literaturnata sekcija. Sepak, ova e dneven vesnik, ne e ucilisen vesnik.

Најди! во Утрински
Насловна
Многу „за“ и „против“ предлогот на Вељаноски
Ватерполистите со бронза во Кина
Тинејџери со едно чкорче го запалиле битолски Баир
Визбите пак ги изиграа лозарите
Прво кредит, па потоа може одмор
Лустрацијата продолжува
Борби oколу комплексот на Гадафи
Библиотеката е место за доживотно учење
Гадафи се крие во бункер под хотелот „Риксос“
Што има на Водно?
Ја брише несреќната тетоважа со М.М.
Снимањето на „Трето полувреме“ почнува на 10 септември
Модна ревија на „Лисца“
Адебајор позајмен на Тотенхем
Бремените жени и возрасните работници да седат дома!
Месечината е можеби 200 милиони години помлада
Забрана за движење во шумите до 3 септември
Имаат водовод, ама немаат вода
Грција ги заложи Акропол и Партенон
Карикатура
Македонија напредуваше шест места, Холандија го презема врвот
Стил
Онлајн вести

"""