Мурињо: Клаудио Раниери е обичен губитник
Тренерот на Интер, Жозе Мурињо, тргна во медиумски напад на својот колега од Рома, Клаудио Раниери. На официјалниот сајт на Интер тој изјави дека Раниери е обичен губитник.
„Играчите не треба да се третираат како деца. Не треба да им пуштаат филмови пред финалето од Купот. Толку за мотивацијата. Ние преферираме со играчите да работиме на терен. Ако пред мечот со Рома на играчите им го пуштев „Гладијатор“ тие би почнале да се смеат или ќе викнат доктор за да ме прегледа“, алудираше Мурињо на подготовките на Раниери пред финалето во Купот. „Не сум јас виновен што во 2004 година дојдов во Челзи за да почне тимот да победува. Раниери беше сменет, а во клубот ми кажаа дека сакаат победи, што со него на клупа никогаш нема да се случи. Не сум јас виновен што и во Челзи го сметаа за губитник“, додаде Мурињо. |