Сака ли некој Македонија да ја вовлече во нов воен конфликт? Можно ли е да се подготвува сценарио слично на она од 2001 година? Зошто, секогаш кога државата е исправена пред решавање на крупни политички прашања, растат тензиите на безбедносен и на меѓуетнички план?
На овие и на многу други дилеми што се јавуваат деновиве по последните инциденти во Блаце и во Радуша, кога полицијата заплени поголеми количества оружје и имаше човечки жртви, се' уште нема прецизен одговор. Зашто, како што тргнало, ќе излезе дека сега полицијата насила ќе собере повеќе оружје отколку што пред девет години доброволно беше предадено при помпезната акција „Неопходна жетва“. Тогаш на виделина излезе целиот крш, а од таваните и од подрумите беше изнесено целото расходувано оружје. Она за употреба беше вешто скриено и можеби зачувано за некои други времиња. Дали сега дојде тоа време? Или одамна е поминато, бидејќи битно се смени регионалниот политички контекст, во кој Албанија веќе е земја-членка на НАТО, а Косово, пак, независна држава.
Навистина е тешко да се даде валиден одговор за она што се случува во последно време, а без да се навлезе во полето на некакви мрачни сценарија и заговори. Станува ли збор за контролирана нестабилност, фингирана криза или, пак, за нова сериозна закана за македонската кревка демократија. Затоа што сознанијата на просечниот македонски граѓанин, главно, доаѓаат од медиумите.
Тој нема увид во разузнавачките информации од теренот. Не знае што се случува во тесните политички кругови и колку е стаби��на владината коалиција. Се' уште тешко се дешифрира кој стои зад пронајденото оружје. Колку навистина го има, кој го распоредува или крие на македонска страна. Дали инцидентите ги прават маргинални криминални групи или, пак, станува збор за организирани екстремистички сили, што се некаква продолжена рака на одредени сили во двете земји. Или, пак, се луѓе што се незадоволни од развојот на настаните во земјава, но и од динамиката на спроведување на политичката агенда на власта. Не попусто велат дека она што една будала може да го растури, не може сто паметни да го поправат. Зашто доволна е само една искра за да се запали фитиљот.
Факт е дека тензиите подолго време се загреваат како експрес лонец. А, актуелната политика немаше соодветен одговор! Политичкиот дијалог го разбра како празна јази��на флоскула без содржина. Затоа не случајно почна да расте незадоволството од нерешавањето на некои прашања, од кои, рака на срце, некои беа и нереални. Но, не треба да се заборави на серијата мултиетнички провокации, нерешавањето на хашките случаи, неснаоѓањето на ДУИ во владиното партнерство. А, најмалку арогантниот однос на ВМРО-ДПМНЕ, која мисли дека етничките прашања треба да се игнорираат. А, во исто време, ништо значајно да не се прави за решавање на прашањето за името или на планот на економијата.
Првата полицајка во државата, Гордана Јанкулоска, смирува дека „ситуацијата била под контрола“, а она што се случува на терен е доказ за ефикасноста на македонските безбедносни сили. Успешната полициска акција ја пофалија и меѓународните претставници.
Силна порака вчера пренесе и помошникот на Хилари Клинтон, Филип Гордон. Но, високиот функционер на американската администрација немаше кој да го слушне. Барем не оние што одлучуваат за иднината на оваа земја. Гордон мораше да се задоволи со средбата со шефот на државата Ѓорге Иванов и со опозицискиот лидер Бранко Црвенковски. А, по се' изгледа, најмногу имаше полза од гледањето со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кому деновиве му е прилично тесно во демократскиот костум. Во Скопје го немаше Груевски, кој требаше да му каже не само нему, туку и на целата јавност: умее ли да ги менаџира демократските процеси во државата. Ќе ги решава или ќе бега од проблемите?
Eh, mila Gordanche...Dali ste naivni ili mozda "premnogu dobro vospitana" pa odnemajkade ili od chista kurtoazija ne sakate so nekogo da se "zamerite"...??! Za razlika od Vas,jas ne sum ni ednoto - ni drugoto...a mozebi i malku "drzok" i zatoa ke go povtoram ona, na shto so godini nanazad ukazuvav : 1)Ona shto MAJSTOR-ot Ljubcho go zapochna, poveke od ochigledno e, deka KALFA-ta Gruevski go priveduva kon KRAJ-ot. 2)Naivnost-potochno LUDOST bi bilo,da se zanemari FAKT-ot za izbor na SOPARTIEC na chelo na MPC t.e. famozn."G-din"(itoa X 2)Stefan, bichim 'koordinator' na site papazjanii, pochnuvajki od fingir.na vojna,antikvizacija,"gradenje"crkva na ploshtad...no i moralna i materijalna logistika - perejki pari (hot.IZGREV,pa biznismen od Avstralija...)Zarem smeeme da se pravime SLEPI pri ochi..??A Min.Jankulovska..?!Koja e nejzinata"struchnost" i kompetentnost ovde??! Ne e ova GG preduzeche-Analitiko(chij kompleten "personal"-shitkachi na vaucheri, e POLA nasha Vlada) koja li mizerija..?
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 14.05.2010 04:21:16
Проблемот со владеењето на ДПМНЕ е во тоа што не разбираат што значи демократија.
Тие, врхушката, како и нивното членство сметаат дека после победата на иабори - државата тоа се тие ( буквално сите членови), и дека над нив не постои ништо ниту закони, судови,институции,синдикати...Нивната воља е тоа што мора да се остварува - ...па макар и во сто чекори...
За дијлог не станува збор.Тие се власта а сите кои не се на нивна страна се предавници во најмала рака...
Од: Лазо Стефанов
Датум: 14.05.2010 07:24:30
Не ,,кревка демократија„ не ,,демократски процеси„, Македонија е пред демократско општетсво. Оттука и однесувањето на меѓународната заедница дека анајсилно влијае преку контролирани воени дејствија. Ова е силна порака до Груевски дека меѓународната заедница не ги сака неговите политикии дека тој треба да си замине. Кога тој не може да ги разбере останатите пораки на меѓународната заедниц, тогаш и останува овој вид на влијание.
Од: ANA
Датум: 14.05.2010 07:34:21
i poslednovo zaplenuvanje na oruzzje mi licci na montirano scenarijo.Poglednete gi slikite od zaplenetoto oruzzje ? Pa koj vo svetot usste vojuva so takov -zastaren tip na oruzzje.Makedonijo OSVESTI SE!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: prostak
Датум: 14.05.2010 07:37:27
Mnogu prosto mori mome. Ako nekoj ssvercuvat oruzzje, policijata trbit da go gonit i da go apsit. Taa toa go prait. Ako nekoj e politiccar,eve kako Ahmeti toa trebit da go podrzzit, zss neubo e seusste so kriminalci i ssverceri da go sporeduvaat. , toj toa go prait i onoj Gordonon uboo mu naredi. i SSTO NE VI E JASNO.
Од: Afion
Датум: 14.05.2010 07:46:53
Se sretnal so Ivanov a ne so Gruevski i ajde sega da pravime drama od toa? Zar Pretsedatel na republika Makedonija e preniska pozicija za eden pomosnik na minister za nadvoresni raboti?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 14.05.2010 09:16:13
И јас се прашувам како секогаш се инволвирани дирекно припадници на само една етничка заедница,барем еднаш не видовме да е фатен криминоген елемент со пет автомати и толки бомби да речеме од македонскиот етникум.Како еднаш не видовме јасна,гласна и недвосмислена осуда од албанските политичари визави нивните радикални елементи.Дали воопшто имаат осет за државотворност или државата ја чуствуваат како кравата Милка.Тука лежат првенствено одговорите на сите ваши прашања.
Од: Јован АН
Датум: 14.05.2010 09:43:21
Додека една страна настапува со ултимативни барања и им служи како џокер на нашите непријатели,не може да се води дијалог!
Од: pogled
Датум: 14.05.2010 11:24:41
Дел од одговорот на прашањето од насловот од статијава може да се најде во статијата од претходниот број под наслов “Солитер“.
Од: ivana
Датум: 14.05.2010 14:40:33
akciite na policijata se za pozdravuvanje....konecno treba da se rascisti so nie koi mislat deka so oruzje so uceni i zakani ke diktiraat.....makedonija odi vo vistinska nasoka..
Од: ana99
Датум: 14.05.2010 14:51:55
Novinarite go palat fitilot. Ako se sprecuva sverc na oruzje i spravuvfa so kriminalci zostose sprecuva.Ako ne se sprecuva i pritoa zagine nekoe dete - zosto ne se sprecuva. Pa vas luge ne moze ni kraj ni care da vi najde.