Број 3282  петок, 14 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Панде Лазаревски, конечно, се исели од станот

По цели 20 години, тој реши без извршители да го напушти Домот за постдипломци

Билјана Јовановска

Панде Лазаревски, ексдиректор на владиниот Центар за справување со кризи, попознат како вечен корисник на опремениот стан во Домот за постдипломци, конечно, се исели од незаконски узурпираното живеалиште. По цели 20 години, идеологот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ реши без извршители и присуство на полицијата да го врати клучот од станот што тој или неговото семејство го ползувале.

Домот за постдипломци, како што вели и називот, им е наменет на оние што се на магистерски или докторски студии. Но, на Лазаревски, кој докторирал пред две децении, очигледно му се заарнило во објектот кој е сопственост на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и го задржал иако во меѓувреме си купувал станови и земјишта, па дури и аплицирал во Владата за добивање и друг државен стан. Фактот дека сиве овие години бил вработен на истиот Универзитет и тоа, главно, на раководни функции, воопшто не му пречело да се однесува спротивно на интересите од институцијата од која го вадел лебот.

Еден месец по наводното доброволно повлекување од челната позиција во Центарот, Лазаревски се' уште чека некоја нова, привлечна фотелја, во домашни институции или во дипломатијата. Неофицијално, с��' уште не се одјавил ниту во својата матичната куќа - Институтот за политички и социолошко-правни истражувања каде што беше директор, а се говори дека и во партијата, по скандалот со постдипломскиот стан, рејтингот значително му паднал, па веќе не го „играат“ ниту во кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов. Лазаревски беше еден од иницијаторите и првите потписници-поддржувачи на кандидатурата на Иванов за претседател. Долго се говореше дека му е обезбедено и место во советничкиот тим, ама, на крај, не се најде ни на тој платен список.

Партискиот војник на ВМРО-ДПМНЕ, за жал, не е единствениот вечен корисник на Домот за постдипломци. Таму, се' уште незаконски живеат над 20 видни универзитетски професори и бивши декани кои чекаат извршно судско решение за напуштање на становите. Тие, заедно со Лазаревски, како долготрајни станари сметале дека со бесправното живеење се здобиле со правото на откуп на спорните станови, па ова го бараат и по судски пат. Во меѓувреме, нивниот долг кон Ректоратот на Универзитетот е над 60.000 евра. Апсурдно е, но бидејќи во овој објект се сместуваат и визитинг-професорите, Ректоратот ги плаќа сите сметки за греење, струја и вода, за да не се изрезили пред странските колеги. А некои, од нив, веројатно им се и домаќини на факултетите на кои престојуваат.


#
Статијата е прочитана 3410 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 14.05.2010 02:49:24
Abre ajde stanovi za magisterki i doktorski, najgolema glupost! Ne naucile lebot da go vadat, ke im se davale stanovi! Neka rabotat, neka zarabotuvaat, neka si platat i stan i studii i se sto im treba. Vie ste edinstvena zemja na cudata so najneproduktivni visokoobrazvani kadri koi osven da bubaat nisto drugo vo zivotot ne napravile! PARAZITI. Ovie ke ti razvivaat ekonomija? Ke vrabotat luge? Ke napravat proekt? cuvaj boze
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 14.05.2010 03:54:33
Што да се очекува од вака доблесни јавни личности и политичари.Од нив очекуваме доблесност и правичност,чесност,..? Срамота, алчност ...алчност..а ваму соли памет...
Од: valdez
Датум: 14.05.2010 07:15:57
Za sekoj mesec sto prestojuval vo stanot da mu se naplati kirija od denot na negovo doktorirawe. Tipicno balkansko postapuvawe. Ne bilo se vo titulata. Vo genot e.
Од: Браво-мајсторе
Датум: 14.05.2010 09:09:18
Е, тоа ти е чесност. На вмровски начин. Злобници велат: 20 години е многу. Александар го освоил Светот, за помалку. Да, ама тој немал друга работа, само освојувал.
Од: b
Датум: 14.05.2010 09:44:03
Ау, завршила љубовта.
Од: ,,zagrizen"
Датум: 14.05.2010 10:03:46
многу ме загрижи информацијава, па се прашувам каде ќе живее сега тој, а и семејството??? после толку реновирања (преку тендери во ИСППИ и во ЦУК)на тој стан греота е човекот да се остави на„улица“. веројатно како „професор“ ќе продолжи со голи теории и догми за семејни вредности и морал...пожелно е да не ни го зема кислородот оти е драгоцен денес...
Од: Moris
Датум: 14.05.2010 10:04:42
Kkava drzava sme bile. Pa treba postidiplomcite i slicni takvi da si rabotat i da si kupat stan. NE na drzaven trosok da ja cicaat drzavata. Ako se sposobni i ako se domakini da si stedat ke si kupele stan do sega na kredit ili na nekoj drug nacin. Kakvi se tie skrieni privilegii na profesorite, kakvi privilegii im se davaat na vojnite lica i slicni kategorii gragjani. Pa nie sto sme kupuvale stanovi i praele kuci odvojuvajki od plata i od krediti vo koi se vkluceni i nasite roditeli da ne sme nesto podolu od tie hostapleri. Dodeka tie letuvale vo poznati odmoralista nie sme stedele za cigli i sl odrekuvanja..Ua PAnde UA site takvi ...koi svojot interes go stavaat na drugite.
Од: mecnnical engineer
Датум: 14.05.2010 10:06:59
ne e samo toj.alekso malcevski duri i na televisija izleguvase deka nemal pari za drug stan deka kupuval knigu. nikoj ne go tera ako nema pari da uci, ima mnogu inteligentni ljuge sto se otkazala od studii zasto nemat pari, i tie imaas semejstva.kolku sto znam malcevski e poveke od 10 godini doktoriran so izvonredni primanja i uste si sedi tamu....
Од: студент, некогашен
Датум: 14.05.2010 10:08:00
Панде Лазаревски се исели, а што станува со останатите меѓу кои и професорот Атанасовски од филозовскиот факултет, групата Историја? Ке му дојде ли и нему крајот како на останатите. Или пак, повторно игри без гарници на злоупотреби на сите нивоа.
Од: Trpe
Датум: 14.05.2010 10:09:07
За 20 години БЕСПРАВНО користење Х 12 месеци Х 200 Евра кирија месечно = 48.000 евра. Е, за 48.000 евра г-нот ‘идеолог‘ го ограбил и му должи на Универзитетот.
Од: trevor
Датум: 14.05.2010 11:58:52
Eeeeee stan od drzavata, plata od drzavata honorari od drzavata, a za drzavata nikakvo fajde.......sram i arma da im e sto samo grabaat od drzavata a pozadi grb i rabotat kako da e nekoja druga drzava....
Од: м-р Баба Ката од Секулицу
Датум: 14.05.2010 13:35:43
На овај ДАСКАУ на големие деца,АРАМ И ЦРН КАТРАН ДА МУ Е!И на него и на неговата братиа!
Од: atanas
Датум: 14.05.2010 15:43:33
Pocituvana, Kolku za Vase informiranje, Pande Lazarevski, od pred edna nedela e vraboten vo Vlada na Republika Makedonija kako sovetnik za sproveduvanje na Nacionalna platforma za zastita od krizi (mozebi bas ne e najtocen nazivot). Cestito za Lazarevski, od edna vo druga fotelja, bez nikakvo moralno cuvstvo za koristenjeto na stanot, nitu od nego nitu od toj sto go postavil.

Најди! во Утрински
Насловна
Пороците и духовниците
Зденко
Девојката на Макелеле се обидела да се самоубие
Гулаб без море
Коj го пали фитиљот?
Аристократијата ќе пука во Богданци
Европа на колена
ДУИ гласа против ВМРО-ДПМНЕ
Должен како Грк и сиромав како Македонец
А бе ајде, кој е тој Дарвин!
Дводецениско опстојување на глобалната електронска сцена
Како виното - колку постари, толку подобри
Гламурот на црвениот тепих во Кан
Десет најфилмови на Акира Куросава
Глобална реклама
Холандските телевизии најслободни
Однеси млеко, донеси кашкавал
Изгоре „ауди“ на бившата кометалка Тања Медвед