Филм
Десет најфилмови на Акира Куросава
Оваа година е во знак на стогодишнината од раѓањето на култниот јапонски режисер на чии легендарни остварувања ве потсетуваме
1. „Пијаниот ангел“ (1948)
Акира Куросава, како најмлад од осумте деца во семејството, израснал во Токио, каде што на 26-годишна возраст почнал да стажира во студиото ПЦЛ. Неговите први дела како режисер, направени во воено време, имаа националистички тонови, но „Без жалење за нашата младост“ (1946) и „Пијаниот ангел“, за лекар алкохоличар од Токио, воспоставија решавачка поврзаност со современа Јапонија.
2. „Бездомно куче“ (1949)
„Пијаниот ангел“ беше почеток на соработката на Куросава со актерот Тоширо Мифуне, кој повторно игра во овој филм, и тоа со улога на полицаец во опсесивна потрага за неговото украдено оружје. Филмот беше сниман во едно спарно лето, и овој напредок на Куросава ги потврди и неговото чувство за современо Токио, и воодушевувањето од американските жанровски филмови.
3. „Рашомон“ (1950)
Награден во Венеција и со „Оскар“, „Рашомон“ не беше само меѓународен пробив на Куросава, туку предводник за новиот јапонски филм. Раскажувајќи го нападот на еден бандит (Мифуне) врз една двојка во шума, од неколкуте контрадикторни перспективи, радикалниот предизвик за конвенционалната нарација во филмот е надополнет со прекрасна, честопати стилизирана, фотографија.
4. „Идиот“ (1951)
Филмот „Идиот“ скратен од оригиналната должина со повеќе од четири часа, беше прв пример за адаптацијата, од страна на режисерот, на европските литературни извори кон јапонски контекст. Новелата на Достоевски е преселена на Хокаидо, со Масајуки Мори како тазе ослободен воен злосторник и Мифуне како негов темпераментен пријател.
5. „Икиру (Да се живее)“ (1952)
Фокусиран на завршната фаза од животот на еден средовечен работник, „Икиру“ го покажува Куросава на вистински хуманистички начин. Такаши Шимура е бирократот, чија дијагноза „рак во крајна фаза“ првично го доведува до изолиран очај, за да потоа најде спас во проектот што херојот на „Пијаниот ангел“ би можел да го почитува.
6. „Седумте самураи“ (1954)
„Седумте самураи“, филм за група самураи без водач кои бранат едно село од бандити, аргументирано е врвно културно достигнување на Кур��сава. Најголемиот филм што Јапонија го имаше видено во тоа време, во однос на буџетот, продукцијата и заработувачката на киноблагајните, исто така, имаше огромно влијание врз западните филмови исто како што и самиот беше под нивното влијание.
7. „Крвавиот трон“ (1957)
Пренесувањето на Макбет во средновековна Јапонија собра неколку бонуси: филмот е една од најимпресивните адаптации на Шекспир на екранот, насочувајќи ја нарацијата и изразувајќи ја низ серија храбри визуелни потези. Мифуне е амбициозниот самурај во центарот на еден суров свет измешан со насилство, убавина и иронија.
8. „Скриената тврдина“ (1958)
Ова е уште една авантура од периодот на самураите во која настапува Мифуне, повторно мајсторско дело на Куросава во комбинација на јапонски и холивудски фигуративни изрази. Првиот обид на режисерот на големиот екран, приказната за валканата банда, која се обидува да пренесе една принцеза на безбедно место и конечно да и' помогне да ја ослободи нејзината земја. Докажан повод за „Војна на ѕвездите“ на Џорџ Лукас.
9. „Јоџимбо (Телесна стража)“ (1961)
„Јоџимбо“ ја привлече филмската и класичната западна публика само за да се докаже како мошне влијателен, така што Серџо Леоне доби инспирација од неговата приказна за безимен осамен воин, кој игра на едната страна на злосторниците, наспроти другата. Идната година следеше позабавното, гротескно продолжение „Санџуро“.
10. „Ран“ (1985)
Еден од трите филма што беа направени пред смртта на Куросава во 1998 година, „Соништа“ е елиптична збирка на приказни, кои се базираат на вистинските соништа на Куросава.
|