Број 3282  петок, 14 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

ДУИ гласа против ВМРО-ДПМНЕ

Пратениците од ДУИ завчера влегоа во салата за да минираат носење закон со Бадентер

Оливера Војновска


Седиштата од десната страна на пленарната собраниска сала, резервирани за Демократската унија за интеграции, и вчера останаа празни. Тоа што десетина пратеници од ДУИ завчера во доцните попладневни часови влегоа на седницата, не го означи крајот на нивниот бојкот на парламентот.

Интегративците се појавија во салата за да го минираат носењето на еден од законите, за кој беше неопходно Бадентерово мнозинство. Носењето закони без присуство на ниту еден Албанец (како што работеше Собранието изминативе денови) го оквалификуваа како врв на дрскоста на овој парламент. Пораката дека ароганцијата потхранета од апсолутното мнозинство не може да оди до бескрај, беше упатена до коалицискиот партнер - ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, премиерот Никола Груевски.

Имено, ДУИ не го поддржа законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, иако за нив не е спорна содржината на текстот на законот. За законот позитивно се изјаснија 62 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од опозицијата, а ДУИ воопшто не гласаше. При таканареченото гласање според Бадентер (кога се изјаснуваат само немнозинските заедници), од вкупно 18 пратеници, колку што имаше во салата, 12 на ДУИ беа „против“, а „за“ беа само шестмина пратеници од други пратенички групи. Така што, законот не беше усвоен.

Веднаш потоа, за време на второто читање на измените на Законот за академија за судии и јавни обвинители, пратеникот Аднан Јашари од ДУИ почувствува потреба да укаже, како што нагласи, на некои исклучително значајни работи. Па, обраќајќи му се директно на спикерот Трајко Велјаноски, рече:

„Следејќи ја работата на Собранието овие денови, се чини дека вие како претседател заборавате дека Македонија и нејзините органи треба да функционираат, почитувајќи ја волјата на сите граѓани. Односно, тоа што ние го нарекуваме начело на консензуалност и што е инкорпорирано во Уставот. За жал, се случува најлошата варијанта. Ова Собрание и овој парламентарен состав без присуство на ниту еден Албанец донесуваат закони кои треба да се спроведуваат и од албанското население. Мислам дека оваа практика на наметнување на политичка волја заснована на политичката моќ на македонската пратија на власт, не е во ред, не е праведна и, над се', не би рекол дека е легитимна“.

Потоа тој соопшти дека нема да ги поддржат законските измени, бидејќи не биле прифатени нивните забелешки дадени во првото читање. Сепак, до гласањето не дојде, бидејќи за измените на Законот за академија на судии и обвинители ќе има и трето читање. Имено, според Деловникот, ако во второто читање се усвоени амандмани на повеќе од една третина од членовите на дополнетиот предлог на закон, за законскиот текст има и трето читање.

По оваа собраниска епизода, координаторите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, Тахир Хани и Силвана Бонева, вчера се обидуваа да ги испеглаат разликите околу измените на Законот за денационализација, поради кои ДУИ во понеделникот ја напушти собраниската седница. Хани и Бонева ги предводат работните групи зајакнати и со министри во Владата, кои работат на тоа да се надминат несогласувањата околу законот. Главниот проблем е враќањето на имотот на Исламската верска зедница.

ДУИ, поточно целиот албански политички блок, се сомнева дека со новото законско решение за денационализација државата ќе и' одземе имот на ИВЗ во Старата скопска чаршија. Спорни се одредбите во законот со кои се предвидува на сите баратели по 2003 година наместо да им се вратат имотите, да бидат парично обесштетени.


#
Статијата е прочитана 3456 пати.

Испрати коментар

Од: Како Малиот Ѓокица логицира
Датум: 14.05.2010 09:23:57
Ако ДУИ гласа против ВМРО, тоа значи дека гласа за Македонија. Одговорот, на евентуално поставеното прашање: Како тоа?, гласи: кога ВМРО-вските претставници во Собранието гласаат, секогаш е против интересите на Македонија, некогаш, директно, против интересите на Македонците. (Последната прикаска е Законот за пензискиот фонд. Мајката ќе му се расплаче, кога ќе го донесат. Тогаш, пензионерите, ќе ги „возат“ секој ден, не само во петок.)
Од: pogled
Датум: 14.05.2010 11:12:23
1. Зошто албанските партии во Македонија не го почитуваат Баденетровиот принцип и на ниво на локална самоуправа? 2. НАЧЕЛОТО на консензуалност е начело, а не закон. Ако се раководиме според такво начело, лесно може да се блокира функционирањето на целиот ПРАВЕН СИСТЕМ во Република Македонија. (Потсетете се на начелото на консензуалност во ЕУ во врска со името на нашата држава!) 3. Со почит кон исламската религија, сепак сметам дека “не е во ред, не праведно и би рекол не е легитимно“ , да се изгради Бурмали џамијата во функција на верски обреди, на местото каде што имало профан објект срушен од ВИША СИЛА (земјотресот во 1963). Во овој контекст, многу старии џамии се изградени врз цркви. Што во тој случај? На (турски, српски, бугарски) стари тапии за верски објекти не треба секогаш да се базираме. Таквите тапии се знае која власт ги издавала. 4. За управувањето со Охридскиот регион, текстот не бил спорен за ДУИ но сепак на гласале. Немам текст и коментар!
Од: maja
Датум: 14.05.2010 14:37:27
dui prodava demagogija...ne veruvam deka ke izlezat od vlada....parite se poslatki od moralot i principite.....nitu pak ima hrabrost i doblest dui da izleze..glumenje ludilo....

Нај��и! во Утрински
Насловна
Пороците и духовниците
Зденко
Девојката на Макелеле се обидела да се самоубие
Гулаб без море
Коj го пали фитиљот?
Аристократијата ќе пука во Богданци
Европа на колена
Должен како Грк и сиромав како Македонец
А бе ајде, кој е тој Дарвин!
Дводецениско опстојување на глобалната електронска сцена
Панде Лазаревски, конечно, се исели од станот
Како виното - колку постари, толку подобри
Гламурот на црвениот тепих во Кан
Десет најфилмови на Акира Куросава
Глобална реклама
Холандските телевизии најслободни
Однеси млеко, донеси кашкавал
Изгоре „ауди“ на бившата кометалка Тања Медвед