Број 3282  петок, 14 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Мислења

А бе ајде, кој е тој Дарвин!

Јосиф Ќурчиев

Некои велат дека има глупости што можат да бидат и бенигни, други, пак, дека во сите облици е со фатални последици

БЕЗ РАКАВИЦИ

Нејзиното име е Венди Норткат, молекуларен биолог. Од 1993 година избира невообичаено хоби: започнала да собира стории за бизарни случаи на смрт настанати од глупост на поединецот што завршил во друга димензија, потврдувајќи го на тој начин Дарвиновото учење за природната селекција. Несомнено, идејата има корени и во науката со која се занимава. Но, дали и таа се сомнева во Дарвин кога го поставува прашањето: „Ако еволуцијата функционира, зошто тогаш има толку многу идиоти“? Би останале без одговор кога научникот во неа не би дал и образложение: „Ние сме многу умни! Поседуваме интелигенција со која го владееме целиот свет. Всушност, потекнуваме од клетка, но денес сме на врвот на синџирот на исхраната. Не може никој да не' излапа, секој може да има деца, кои никогаш нема да бидат ’искркани‘ од некаков тигар со сабјести заби. Сигурно се наоѓаме во зенитот на еволуцијата и воопшто не ни е потребно да се развиваме натаму“. Вака, вели Венди Норткат, размислуваат оние што, всушност, ја признаваат теоријата на еволуцијата, но се сомневаат дека човекот и натаму зависи од неа.

Убедена дека еволуцијата и натаму трае и ќе трае, зашто ништо во таа насока не се случува во текот на живеењето на една генерација (иако сомничавите сакаат да „видат“ како се одвива тој процес), таа, заедно со компетентно жири, решила за најекстремните случаи на самобришење од списокот на живите, да доделува високо одликување, постхумно, се разбира, награда што го носи Дарвиновото име. Делови од збирката досега се објавени во три книги, кои имаат ист наслов „Дарвинова награда: еволуцијата во акција“. Освен „Дарвинова награда“, има и пониски рангови, како што се „Пофалба и признание“ или „Потврда“, но тие овој пат ќе останат во доменот на игнорирањето. Зашто кога би се соопштило се' што е пофатено во нејзините книги, нам би ни бил потребен фељтон од минимум дваесетина продолженија, и тоа само за оние што добиле Дарвинова награда.

За да биде доделена, пак, има неколку услови, впрочем, како и за секое друго одликување. Битно е се' да се случи во еден миг, а крајот да го одведе „наградениот“ во смрт. Но, не во свесно самоубиство. Смртта треба да биде резултат на исклучителна глупост, а, сепак, да станува збор за зрели полнолетни мажи или жени и по можност да немаат наследници на кои би им пренеле непожелни гени, кои можат и кај нив да предизвикаат сличен „рефлекс“. Деца и животни во оваа трка не смеат да учествуваат. Потребен услов, исто така, е настанот што довел до самоелиминација од човечкиот род на соодветната личност да биде регистриран и официјално потврден од веродостоен извор: полиција, светска новинска агенција, надрегионален или регионален весник, познат телевизиски канал или радио. Случките мора да бидат толку радикални што, на пример, во потесниот избор не можат да влезат ни такви како „заспивање со запалена цигара во раката што предизвикало пожар и елиминација на заспаниот пушач“ (уште една потврда во акцијата да не се пуши, особено не во кревет), или онаа за терористот „кој испраќал експолозивни писма, но не залепил доволно поштенски марки“. Кога поштата му ги вратила писмата, тој сакал да ги препакува, ама доцна се сетил и станал жртва на сопствената „идеја“. Подеднакво како и риболовецот што сакал да лови во замрзнато езеро, но немал трпение да го крева и да го спушта конецот со јадицата, туку едноставно ископал дупка, се повлекол на пристојно растојание и фрлил прачка динамит... Само заборавил една „ситница“: да го врзе сопствениот пес!

Да не елаборирам натаму, ќе пренесам неколку бизарности за „добитници“ на Дарвиновата награда. Во 1998 година ова одликување им било доделено на, како што се наречени „Современи Ромео и Јулија“.

„За време на една жестока кавга во работнички кварт во Боедо, Аргентина, 25-годишен маж ја фрлил својата 20-годишна сопруга од балконот на нивниот стан на 8 кат. За негово неверување, таа останала закачена на жиците меѓу две бандери. Тој веднаш скокнал по неа. Што го натерало на тој чекор? Толку бил бесен на својата сопруга што сакал да ја заврши започната работа или се покајал, па сакал да ја спаси? Која и да му била целта - не ја постигнал: ја промашил и се залепил на тротоарот. Жената, пак, се занишала на жиците и успеала да се фати за оградата на блискиот балкон. Веста е потврдена од агенцијата Ројтерс“.

Агенцијата Асошиетед прес, пак, ја пренесе следнава сторија од Египет, за која „учесниците“ ја добија Дарвиновата награда за 1996 година:

„Во Назлат Имара, 385 километри јужно од Каиро, шест лица се удавија во обидот да спасат една кокошка што паднала во бунар. (Избегал ручекот!) Прв во бунарот длабок 18 метри се спуштил еден 18-годишен селанец. Се удавил, веројатно, зашто го зафатила подводна струја во бунарот, а тој не бил пливач. Според извештајот на полицијата, за да го спасат, по него еден по друг, во бунарот се симнале неговата сестра и двајца браќа, кои, исто така, не знаеле да пливаат. Следните помагачи биле уште двајца селани, но и тие се удавиле. Подоцна од бунарот биле извлечени шест тела. На крајот и кокошката. Жива!“

Јунајтед прес интернешенел од Торонто јави за настан за кој „јунакот“ во 1996 година ја доби наградата „Дарвин“:

„Почина адвокат што сакаше да ја демонстрира сигурноста на прозорците на еден облакодер во центарот на Торонто - го проби стаклото и падна од 24 кат. Како што соопшти полицискиот портпарол, Гери, на 39-годишна возраст, паднал во дворот на Торонто Доминион бенк тауер, кога на студентите на право, кои биле во посета, сакал да им ја демонстрира сигурноста на стаклата од прозорците. Полицијата соопшти дека Гери веќе неколкупати го направил тој ’експеримент‘ без никакви последици. Според изјавата на шефот на адвокатската канцеларија, Гери бил еден од најдобрите и најнадарени соработници во неговата екипа од 200 луѓе“.

Или, адвокатот што сакал да докаже дека неговиот клиент не бил во состојба да активира рачна граната за да изврши убиство, па за да биде што поубедлив пред поротата и судијата, самиот активирал една, која го разнела за ужас на сите присутни. Банџи-џамп е одамна позната „дисциплина“ за оние што уживаат во зголемувањето на нивното ниво на адреналин. Но, ако погрешно се премери должината на ластикот што треба да ги врати авантуристите безбедно назад, не гине залепување за земјата. И, на таков „мајстор“, на неговото вечно живеалиште, му е прикачена Дарвиновата награда.

Во книгите на Венди Норткат, сепак, не сретнав ниту еден пример што би зборувал за масовна самоелиминација. Ама, како што „успешно“ се одвиваат работите кај нас, сосем е можно да бидеме првите што ќе ја добијат Дарвиновата награда. За жал, бидејќи се добива постхумно, не ќе можеме да присуствуваме на нејзиното доделување, а и никогаш нема да дознаеме дали сме биле единствените, зашто еволуцијата оди натаму. Којзнае што се' ќе се случува во идната! Но, тогаш, како што сме тргнале, нас „има да не' нема“. Тоа ти е Дарвин!

(Авторот е новинар)


#
Статијата е прочитана 1327 пати.

Испрати коментар

Од: Silvester, Sidnej
Датум: 14.05.2010 06:46:24
Isceznale i starite Grci, Egipjani, isceznale i Persijanicte, narod koi ja osnovale denesnata civilizacija, isceznale i Fenikijcite, Filestincite....Inkite, Maite.... Evolucija ili sudbina. Tema za dolg razgovor...
Од: Ljubotan -Trade name!
Датум: 14.05.2010 07:17:07
Totalno konfuzna Prikaska, I, AKO MISLAM ,DA NESUM TOLKU NEPISMEN! Mislam se razbirame ; MISLAM,KAZUVAM,RECAM NEZNAM STO KAZUVA,SAKAM,DA RECAM; Mele mele ,a brasno nema!
Од: Komentator
Датум: 14.05.2010 10:57:12
Gospodinot sto ja napisa statijata bas ubavo "melel" samo tie sto trebese da go" konzumiraat "melenoto pogresno ustata ja otvorile ili zatnale... Gospodine.. pokraj ovie uvozni nastrani "naucnici" ima edna vistina nie Makedoncite po niven arsin trebe da ja dobieme taa Darvin nagrada ZA MAZOHIZAM...Dali nekoj vo svetot evolutivno ili ne tolku se samounistuva kako NIE...
Од: Ајван Доктор®
Датум: 14.05.2010 13:28:57
Кога глупоста би била болест,болниците би биле празни,но затоа,гробиштата би ни биле Преполни!Како што тргнало,во трката за Дарвиновата награда,ние ќе добиеме само Белешка!Замислете и во тоа ќе бидеме единствени и неповторливи - Пусулче,наместо награда! Па и тоа е некаков успех,нели! :) (*а за „мелењето“, за„брашното“и за„конфузијата“, друг пат - По доделувањето на наградите! :D

Најди! во Утрински
Насловна
Пороците и духовниците
Зденко
Девојката на Макелеле се обидела да се самоубие
Гулаб без море
Коj го пали фитиљот?
Аристократијата ќе пука во Богданци
Европа на колена
ДУИ гласа против ВМРО-ДПМНЕ
Должен како Грк и сиромав како Македонец
Дводецениско опстојување на глобалната електронска сцена
Панде Лазаревски, конечно, се исели од станот
Како виното - колку постари, толку подобри
Гламурот на црвениот тепих во Кан
Десет најфилмови на Акира Куросава
Глобална реклама
Холандските телевизии најслободни
Однеси млеко, донеси кашкавал
Изгоре „ауди“ на бившата кометалка Тања Медвед