Број 3282  петок, 14 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Сцена: Роберт Курбаша

Гулаб без море

Роберт Курбаша моментално најпопуларниот хрватски актер, го гледаме во сапуницата „Долина на сонцето“

Валентина Тодоровска

Неговите пријатели велат дека понекогаш е тешко да му извлечеш збор од уста. Еден збор, еден златник! Тој е како урнек на своите колеги (иако нема идоли), каубојци, од времето на црно-белата филмска продукција, кои сакаат и мразат - со очи.

Роберт Курбаша, еден од најбараните млади актери (1977), роден во Сплит, живее во Загреб, во фиока има диплома на ФДУ, а на понеконкретни места многу сништа, кои себично ги чува за себе. Интервјуто го правевме електронски и процесот навистина траеше и траеше....



Она по што ве препознава и ве памети македонската публика и (не само таа) се ликовите на позитивци во сериите „Обични луѓе“ „Не давај се Нина“, „Долина на сонцето“... Кој е главниот виновник за ваква поделба на улогите? Зрачите позитивно или е тоа поради вашиот лик?

„Па, верувам дека тоа е комбинација од двата фактора, со мал додаток на среќа. Инаку, по позитивните улоги сум и' познат на широката јавност, и тоа благодарение на телевизијата, но оние што се поупатени и што го сакаат театарот знаат дека зад себе имам широк дијапазон на различни улоги. Всушност, во сериите бев Дуе - кој е типичен гулаб, потоа Давид што сака и не сака, Роби во ’Обични луѓе’, кој е повеќе добар одошто, не сакам да речам, папучар, до маж што знае да тресне со рака на маса во ’Заговор’“



Сериите се експресен начин да се стигне до гледачите, а кај театарот работите се малку поинакви. На пример - да се појавите на сцена гол како од мајка роден, а во гледалиште, меѓу публиката да е и вашата мајка.

„Да, навистина. Играв Едип и во сцена кога тој заминува од земјата откако ќе си ги извади очите, се соблекувам и гол. Станува збор за драматургија, никаква егзибиција. Кога се запишував на Академија, не бев свесен во што се впуштам. Тогаш не знаев ни кој ми ја носи главата. Но, сега е се' поинаку, па со полна одговорност велам - Никогаш не би се соблекол гол поради егзибиционизам, иако ние актерите донекаде и сме такви. Но, созреав како актер и можам да кажам што е егзибиционизам, а што не е, и која улога ми одговара, а која не. Настанот за кој зборувам се случи пред пет години, и тоа што мајка ми беше во публикат��, не значеше дека немам свест и дека сум заборавил, но се држев под контрола. За да се идентифицирам во сите препреки и пороци на својата професија, одамна би завршил во некоја лудница“.



Како се случи да одберете актерство, имаше ли и некакво директно влијание?

„Инерција на поголемите сили“.



Кои се вашите филмови и реликвии? Или на кои не можете да им најдете мана?

„Немам фаворити, го сакам секој добар филм и ги делам жанровски, никако авторски. Постојат многу талентирани филмаши и домашни и странски“.



Тогаш мора да ве прашам кои актери ви предизвикуваат восхит?

„Ги нема многу, иако многумина ги ценам и ги почитувам. Пример, не барам меѓу колегите, туку меѓу луѓето. Но, сепак - Дворник, Шоваговиќ, Вуисиќ, Шербеџија итн. Мојот проблем е што немам идоли иако дефинитивно тие се врвни во својата работа“.



Дали мечтаете за кариера во Холивуд?

„За мене Холивуд е научна фантастика, а јас негувам една здрава амбиција. Да се успее во мојата професија, не значи задолжително да се замине преку барата, тоа е малку преголем залак, човек на крајот се разочарува и што тогаш. Но, пак ќе речам - чекам повик“.



Вие сте од Сплит. Дали е точно дека во секој Далматинец генетски се крие по еден галеб? Патем, како да се живее во најубавиот град на светот?

„Да јас сум сплиќанец, но со адреса во Загреб, што би се рекло, галеб без море“.



Кои далматински пејачи ги сакате?

„Сите“.



Северина ве „искористи“ за еден спот. Дали често ве користат?

„Да, доколку платат. Ама тоа тогаш не е искористување, туку користење обострано задоволство“.



Значи ли дека сплитската публика ви е најдрага?

„Ха, Сплит е неблагодарна средина, но постојат луѓе што ја сакаат и ја ценат работата на уметникот. Таа публика ми е најдрага“.



Дали како вистински морски човек имате нешто за вода, некое бротче и дали сплиќаните тешко простуваат ароганција во стилот - сега успеав, па можам да го кренам носот?

„Не, немам брод, но ако отидам во Холивуд, ќе си купам едно мало бротче. Таму се сите арогантни со душа и со мислат дека го имаат филмот на целиот свет. Тоа е тој менталитет и во него нема ништо лошо“.



По каква жена се вртите на улица?

„Се обидувам да не се вртам, но ако дојде до тоа, веднаш и влетувам под нозе. Сакам женствени и особени девојки. Сакам кога жената носи фустан, кога покажува дека е жена, но денеска тоа е ретка појава. Сите се униформирани. Ја сакам грациозноста и тоа ме привлекува“.



Дали сте конзервативни, што велите за љубов за една ноќ?

„Човек мора да знае да ги контролира своите нагони, а поголемиот број луѓе се робови на своите страсти поради што и се впуштаат во непотребни љубовни проблеми. И тоа единствено поради тоа што не разликуваат љубов од страст. Јас не сум тој тип“.



Секој човек во разни фази од својот живот има различни приоритети. Што ви е сега најважно?

„Секогаш има еден единствен приоритет, а тоа е да сум среќен“.



Каков син сте вие?

„Се надевам, добар. Не сакам на другите да им правам проблеми, особено не на родителите“.



Што планирате ова лето?

„Мислам дека ќе работам и ќе се одмарам“.



Како реагирате на ласкање? Дали сакате таков начин на комуникација?

„Па мислам дека знам да примам комплимент или се учам“.



Со која реченица се тешите себеси во денови кога не е блескаво и убаво?

„Што ќе биде, ќе биде“.


#
Статијата е прочитана 694 пати.

Испрати коментар

Од: intelekt
Датум: 14.05.2010 15:27:25
talentiran i umno izgleda...mlad...pa zivotot pred nego!uste mnogu ulogi...

Најди! во Утрински
Насловна
Пороците и духовниците
Зденко
Девојката на Макелеле се обидела да се самоубие
Коj го пали фитиљот?
Аристократијата ќе пука во Богданци
Европа на колена
ДУИ гласа против ВМРО-ДПМНЕ
Должен како Грк и сиромав како Македонец
А бе ајде, кој е тој Дарвин!
Дводецениско опстојување на глобалната електронска сцена
Панде Лазаревски, конечно, се исели од станот
Како виното - колку постари, толку подобри
Гламурот на црвениот тепих во Кан
Десет најфилмови на Акира Куросава
Глобална реклама
Холандските телевизии најслободни
Однеси млеко, донеси кашкавал
Изгоре „ауди“ на бившата кометалка Тања Медвед