Број 3282  петок, 14 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Си велам

Должен како Грк и сиромав како Македонец

Ерол Ризаов

Грчкиот синдром и нас не' чека ако се продолжи со расипничкото трошење на парите од буџетот

Европа се тресе од грчката економска криза. Нашите соседи, Грците, со години трошеле многу повеќе отколку што заработувале. Волстрит, светската империја на финансиите, доживеа земјотрес од грчките долгови. Америка е вознемирена. Европа е во паника. Грчкиот синдром е заразен и опасен за уште неколку членки на ЕУ кои изгледа се инфицирале од поодамна, но се' уште се во инкубација. Ова е првичната апокалиптична слика која ја обзема Европа и Америка по објавувањето на опасноста од целосно грчко банкротство.

Втората слика, исто така, е драматична: Америка и Стара Европа (најмоќните европски земји) го покренаа сложениот механизам за спасување на Грција. Работите се изменија откако финансиските експерти осознаа дека грчката дупка на бродот, на кој сите се наоѓаат, може и нив да ги повлече на дното од океанот. Спасот на Грција стана заеднички проблем на сите во бриселскиот клуб. Спасувајќи ја Грција се спасуваат и себе. Почетната лутина и жестокост со навреди кон Грција и омаловажување (продајте ги островите) се претвори во ноќна мора и на европските велесили. Европа повторно се соочи со својата најголема болка како да ги редефинира односите во Унијата, а да не ги повреди независноста и самостојноста на членките, која не може бесконечно да се потпира само на заемна солидарност, туку и на одговорност.

Слика трета, импресионистичка. Европската унија со молскавична акција ги присили сите членки од еврозоната да обезбедат 720 милијарди евра кредитен фонд за спас на Грција и на други членки на ЕУ кои го воведоа еврото. Со тој кредитен фонд засега еврото е спасено, а избегната е подлабока криза која според многу компетентни укажувања можеше да доведе до распаѓање по сите шевови на ЕУ. Стара Европа го инсталира овој проект со 10 отсто од парите што ги заработи со ширењето на Исток, Север и Југ и ги претвори во кредитен фонд за спас на еврозоната. Европа никогаш на никој нема да му признае како на мирновременски начин заработи на своето проширување кон север, исток и југ, особено по падот на Берлинскиот ѕид 1989 година. Според груби проц��ни, во овие 25 години Стара Европа од проширувањето оствари екстра-добивка од најмалку 7.000 милијарди евра, создавајќи на својот простор стабилна состојба со повеќедецениска полна вработеност и лидерски животен стандард во светски димензии. За да остане во својата империјална суштина, Стара Европа ги принуди другите членки од Унијата да уплатат големи пари во тој Фонд за спас на земјите од еврозоната. Некои од нив, како Словенија, ќе мора да се задолжат пак во европските банки за да дадат свој придонес повторно за солидарно спасување на недисциплинираните. Највлијателните медиуми од Стара Европа, сите најкризни земји на кои им е наменет тој фонд за спас, навредливо ги нарекуваат свињи ПИГС (англиска кратенка од имињата на Португалија, Ирска, Грција и Шпанија).

Така е тоа во Европа. Како е во Македонија и каква е македонската стратегија во однос на грчката криза и европските реакции. Како и за многу други работи, Македонија нема стратегија. Таа навистина е надвор од Европската унија, а уште повеќе од еврозоната, но е невозможно грчката криза да не се одрази во Македонија по повеќе основи. Прво, Грција уште еднаш покажа колку е скап популизмот и трошењето туѓи пари без мерка. Грчкиот синдром допрва и нас не' чека ако се продолжи со расипничко трошење на парите од буџетот, создавајќи огромен дефицит. Најголемите инвестиции во Македонија се непрофитабилни, без никакви изгледи за враќање на парите. Анализата на големите трошоци од изградбата на политички објекти од планот „Скопје 2014“, кои својата полна цена ќе ја заокружат на баснословни 500 милиони евра (само стадионот во Скопје и театарот со целосно опремување ќе чинат 100 милиони евра) ќе предизвикаат Македонија од средно задолжена земја да се приближи кон опасната зона на загрижувачки задолжена земја. Сегашниот долг е сосема близу до 4 милијарди евра. ММФ, кој дипломатски е избркан од земјата за да не се меша како се трошат парите на граѓаните, поучени од грчкото искуство, подоцна ќе биде молен, од овие или од некои други власти, да помогне како што сега се молат многу поразвиени земји кај финансискиот џандар на Америка. Грција без помошта на Европа и на ММФ веќе ќе беше банкрот. Буџетските приходи на Македонија, според економските критериуми на ММФ, дозволуваа дефицит од 0,5 проценти од бруто домашниот производ. Власта успеа да обезбеди толерантност за пет пати поголем буџетски дефицит од 1,5 до 2,5 отсто од домашниот општествен производ но тој дефицит и натаму драматично се зголемува. Приходите во буџетот се се' помали. Не само што има се' пома��ку пари во државната каса од планираните, туку приходите во буџетот се помали и во однос на ланските. Мотивите на Владата на Никола Груевски да го оддалечи ММФ од Македонија е злоупотреба на слободата и игнорирање на економските законитости да се трошат парите на граѓаните без контрола и без отчет. Грчките влади ја играат веќе 20 години истата игра на популизам и трошење на незаработеното.

Што прави македонската дипломатија и политичка елита во една ваква ситуација кога Грција е разголена пред светот како долгогодишен измамник. Ништо. Само покажува катастрофална неспособност и неинвентивност. Големите грчки лаги на европско галениче македонската дипломатија не успеа да им ги предочи во своја полза ниту на Стара Европа, ниту на Америка. Вчудовидувачки е како македонските политички елити немаат иницијативи и идеи вака компромитирана Грција да ја претстават во вистинско светло на дестабилизатор на регионот. Покрај Балканот сега Грција ја дестабилизира и Европа, па и светските берзи. Грција добива пари од светот да се спаси од банкротство, но нејзината црвена линија, максималистичко, ултимативно и дестабилизирачко барање во однос на името на Македонија останува непроменето ни за милиметар. Нашите дипломати неможејќи да допрат до Обама, Меркел, Саркози.... водат партиска војна за името во сопствената држава. Не се симнуваат од ТВ-екраните со морски дебати колку ангели можат да застанат на врвот на една игла, надмудрувајќи се која власт е полоша, онаа на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ. Кои се предавниците, а кои патриотите. Македонските бучни дипломати, само од Табановце до Гевгелија, сакаат да спечалат уште некој амбасадорски или министерски мандат напаѓајќи се партиски и лично меѓу себе. Тие не мислат на интересите на државата, само внимаваат да не кажат нешто што не сака да чуе премиерот Груевски. Ниту еден од нив, ниту пак сите заедно сосе досегашните премиери и претседатели не успеаја да најдат силен сојузник во Германија, Франција или Америка како што го направија тоа Грција, Бугарија и Романија и како што тоа веќе го прави Хрватска, Србија, Црна Гора и Албанија. Испуштена е можеби најдобрата шанса да се излезе пред светот со разумен предлог што ослабената Грција, како европски и балкански дестабилизатор, ќе ја принуди на чесен компромис што ќе ги отвори вратите за брзи евроатлантски интеграции на Македонија. Наместо ваква офанзива, се гордееме и се успиваме со шестмесечно претседателствување во Советот на Европа со министерскиот комитет што нема големо суштинско значење. Еднаш во 25 години на сите им доаѓа редот. Затоа со суштинско значење ќе остане и натаму во сила вековната народна изрека - Должен како Грк и сиромав како Македонец. Не знам што е полошо. Оценете сами.


#
Статијата е прочитана 2705 пати.

Испрати коментар

Од: ivo
Датум: 14.05.2010 01:15:47
Evropa si e Evropa, Globo si e Globo! Ke ima previranja sekako zatoa sto "juznoamerikanskite karteli i mafija" ke ispadne deka se amateri vo odnos na evropskite politicko - administrativni establismenti, pri vakvi visoki cifri so koi samo se zalecuvaat dubiozite na sistemite. No, ako nekoj e vistinski dolznik , ovde vo Makedonija, toa se sigurno partiite i nivnite eliti! Tie dolzat objasnuvanje: Kako mislat vo Evropa, so koj parametri, so koj standard, koi nevraboteni, depresivni i razocarani realisti, so koj stopanstva , zemjodelstva, industrii ili turizam??? Ako "crash testot" ne go izdrzaa velesilite ( Grcija, Italija,Spanija, Portugalija ) sto ostana za Makedonija? Ne deka e strasno ako ne sme spremni. Strasno e ako politickite eliti neznaat sto ke pravat ni samite so sebe, a kamo li so kursot i kompasot na drzavata!? Podetalni objasnuvanja vo vesnikot Makedonija Denas od sabota 18 mart 2000 godina, pad naslov "Otfrlanje na tovarot" .
Од: debrestanec
Датум: 14.05.2010 01:44:45
I dvete go imaat za superstar najgolemiot varvarin i pljackas Alexsander. Aramijata koga nemal od kade da ukrade,si kradel od sopstvenite dzepovi a ovie sovremenive od svojot najsakan i mil narod.
Од: nacional-patriot
Датум: 14.05.2010 02:03:26
Nesto e trulo vo EU.Se znae sto.Samo zosto petata kolona vo Makedonija se uste se zalaga po sekoja cena da vleze Makedonija vo toj trulez.Ne gledaat li deka EU puka od mnogu savovi?Opozicijata vo Makedonija e predavnicka,a nejzinite paroli za NATO i EU se banalni i nema da im pomognat da se vratat na vlast.Narodot nema da dozvoli predavnicite da se vratat.Onaa vistinska patriotka izgleda kako zbuneta i neuka.Stom se zalagas za dodavka na imeto na drzavata,ti ne si patriot,tuku dijametralno sprotivno,ti si predavnik.Takvite kako tebe se pro-atinski orientirani,bidejki se zalagate za ispolnuvanje na ludite baranjata od vasata omilena Atina.
Од: Brian, Canada
Датум: 14.05.2010 02:08:33
G-din Rizaov informaciite sto gi imate se nesporni no analizite vo ekonimijata sepak ne vi se posilna strana. Prvo EU pozajmuva pari na Grcija, istata da moze da gi plaka kreditite. Toa go pravi zatoa sto kreditniot rejting e - G, sto tuka prevedeno znaci deka dodeka si ziv ne mozes da dobies "normalen" kredit. Vtoro EU gi dava paritene ne oti ja saka Grcija, tuku kolku tolku da ja odrzi monetarnata unija, odnosno evroto. Vistinata za Grcija e teska i bolna. Taa ne moza da gi vrati parite. Prevedeno toa snaci finansisko unistuvanje na nekolku generacii. Bidejki Grcija ne ke moze uredno da gi vraka parite, evroto ke pocne da dvira. Na izborite ke pocnat da pobeduvaat kako vie sto gi narekuvate "evroskepticnite"partii koi za da ja spasat sopstvenata ekonimija ke ja vratat domasnata valuta (marka,gulden i tn.) Zatoa navredlivoto "prodavanje na ostrovite i nedviznostite" na Grcija e edinstven nivni izlez. Vsusnost e i normalen, zatoa sto svoite gubitoci, "tomakjarenja" sam gi plaka.
Од: mitko ne bi se zatrcuval
Датум: 14.05.2010 02:52:53
Evrozonata e gotova rabota, se ceka samo da trokiraat Italija i Spanija i ke nastane celosno rasulo vo EU. Na ova treba da se dodade i Britanija koja ne e del od EU zonata no zatoa e so ogromen budjetski deficit. Zatoa realno gledano ne e vreme za da se zatrcuva so promena na imeto. Podobro e da se poceka barem edna godina. Mislam deka rabotite ke se odvivaat vo nepredvidlivi pravci. Sto tolku ste zapnale vo SDSM imeto VEDNAS da se menuva, ne vi e toa mnogu inteligentno.
Од: dedodimo
Датум: 14.05.2010 04:07:29
Me interesira so kakvo mislenje ovaj nashiot Erol izlega.Kakov kompromis ti se nadevash dai ma pa ako si tolku pameten pa daj tvoj predlog .Predlogot na Premieroti i Predsedarelot e mnogu jasen a voedno i na mnozinstvoto Makedonci a toa e dvojna formula zaSvetot toa shto sme i denes REPUBLIKA MAKEDONIJA a za bilateralni raboti Grcija mozi da ni se obraka so repulika severna MAKEDONIJA . Nie ne mame problem so svetote ni svetot so nasheto ime .edno budalite Grci i po nekoj predavnik vo zemjata nasha .Imeto na drzavata ne se prodava za vlez vo EU i NATO .Ako tie ne sakaat treba da ne prifatat toa shto sne i bez rezervi ,nasheto ime e REPUBLKA MAKEDONIJA .Drugo nemojte da mislite ako sve vo EU deka EU ke ve hranat a vie ke go prchite ,bez rabota i vlozen pot nema nishto .Vo EU se i nashite sosedi A shto se podobri od porano , sega se zivee i kaj niv pobedno.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 14.05.2010 04:07:33
Очигледно глупостите во владеењето на една гарнитура ќе ги плаќа целата нација. Тоа не чека и нас.Што побргу се отрезниме штетите ќе бидат помали.Но големите задолжувања значат и пари во нечии џепови и затоа се отпорите на апелите за домаќинско трошење на народните пари.Патриотизам значи да се мисли на целиот народ а не само за своите џебови ( а и на фамилијата).Дали филмот КУМ ни се јавува во стварност, само на ниво на државата?
Од: mkd
Датум: 14.05.2010 05:16:22
Bababa Komunjarcinja i fabriki rabotat ....toa e prokletstvoto so Makedonecot koga ke trgne malku vednas Utinski Dnevnik A1 i ostnatit pettokolonasi odma plukaat.....Od kade Rizaov dojde do brojka od 500 milioni evra za stadionot i teatarot....Ovaa vlada barem gradi nesto a onaa na liceto b.c baska od kradenje i atentati nisto drugo ne napravi......Daj koga ne ste sposobni barem ne odmagate na tie sto rabotat
Од: Vangel
Датум: 14.05.2010 06:07:49
Jas bi dodal uste: Pusi ko Turcin, stisnat ko Bugarin... so eden zbor - univerzalen Balkanski sindrom.
Од: prostak
Датум: 14.05.2010 07:19:34
jJas vo prostotllakov makedonski uspeav da razberam deka ako dolzziss sto evra, site ke te gonat da gi vratiss, a ako dolzziss 500 milijardi site ke te spasuvaat. Ne se plassete g. Rizaov i letovo iljadnici sir0omassni makedonci (ako dozvolite taka da se narekuvame za da ne iritirame nikogo vo ovaa zemja) ke zaminat za grcija i ke ostavat tamu pari. kolku i da sme siromassni, ke im pomogneme.
Од: Лазо Стефанов
Датум: 14.05.2010 07:46:49
На РМ и се потребни т.н. тврди буџетски ограничувања. Ама политичарите тоа не го сакаат, а бидејќи сме преддемократско општество тоа не може да се наметне.
Од: terezija-Daj Boze barem ovojpat da ne sum vo pravo...
Датум: 14.05.2010 08:05:01
Ne se sekavam - barem dosega, za NITU EDEN REGION kade prethodno se locirala CNN (normalno vo "rabotna"atmosfera-snimajki navodno reportazi za ili okolu toj region) a posledovatelno ili NA LICE MESTO ne se "sluchil" SPEKTAKULAREN NASTAN (Drzaven udar,gragjanska vojna,nemiri ili teroristichki diverzii so 'fatalni posledici'...)i se razbira seto toa po nekoja 'sluchajnost'-"kuchinjata"na vojnite PRVI i excluzivno gi nadushkuvaat takvite nastani... P.S./ Ako ne se lazam samo pred nekolku dena ja snimaa prvata reportaza - od vkupno 4-te (chetiri) za nashata mala miroljubiva Drzavichka...seushte za nekoi "bezimena", zavisno od KOGO i KAKO saka da ne' gleda i oslovuva?!Sepak imaat ushte 3 reportazi , znachi ne e se' gotovo...??!!
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 14.05.2010 09:11:09
Smeshen komentar na g-dinot Rizaov. Da ja znaeshe EU vistinata za "dupkata" na brodot na Grcija, nikogash nemashe da gi primi vo evro-zonata. Sega koga se tamu, na EU i preostana samo dva izbora: ili da go likvidira Evroto ili da se obide go spasuva zaedno so Grcija i drugite hronichni dolzhnici. Sepak i pokraj se shto beshe dogovoreno i objaveno minatiot vikend za sumite shto kje bidat obezbedeni, site relevantni ekonomisti vo SAD se soglasni deka merkite nema da ja reshat krizata, tuku samo kje go odlozhat neizbezhnoto - a toa e bankrotot na Grcija i respagjanjeto na monetarnata unija na EU. Zatoa i evroto prodolzhi da pagja vo odnos na dolarot ovaa nedela. Na krajot seto ova kje rezultira vo ushte pogolema ekonomska kriza glavno vo Evropa, pa ottuka i nervozata na svetskite berzi. Grcija e samo zrno grasok vo celata slika. Sega na red se Portugalija i Shpanija kade nevrabotenosta premina 20%.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 14.05.2010 09:24:16
Има една планетарна изрека со потекло од јужниот сосед,,Богат е како Крез,,.Тука имаме извртена поговорка,, богат ама со туѓи пари,,Ваков преварантски однос кон сојузниците или соплемениците од ЕУ племето говори за никаквиот бекграунд од сите аспекти на јужниот сосед.Инаку за разлика од вас повеќе ги ценам заклучоците од Светска банка и ММФ,мислам а и вие ќе сложите да сепак повеќе ги разбираат финансиските работи од вас.
Од: Od Prijatel
Датум: 14.05.2010 09:31:40
Sto se brzate na Eu denovite im se brojani prasajte sega Slovencite tie treba da pozajmuva da ja vadat grcia od bankrutot a za Spanija i Italija ne ke mozat da dobijat pozajmica oti itie se vo bankrut EU za 2 god nema da postoi....
Од: Jovan
Датум: 14.05.2010 10:03:23
MMF ja pofali nashata strategija na zgolemena javna potroshuvachka vo uslovi na recesija i kriza. Samo amater mozhe da povika na shtedenje vo uslovi kakvi shto imame.
Од: srebre
Датум: 14.05.2010 10:07:26
covek trebe da e laik da ne sfati kade odi vmro,tocno grcite se dolzni ama se bogati samo turisti 50mil a nekoja milijarda ce dobijat i od mkd turisti nagolemo se spremame za grcija...no na grcija ima koj da i pomogne i imat pazar a nie nemame ni bolnici da gi krpime ni za bolni a kamoli za domasna pomos na starci...koj pameten covek ce dade 100mil evra za stadion koga ionaka i ednata tribina juzna nikogas ne bila polna 20god,a mnt e prekrasen koj budala ce prav nov teatar ako nee perenje pari..i toa li ni se patrioti bi rekol dusmani..frlate kamenje po bc a toj mislese za vas kako da preziveete i imaa izvonredna pol a toa bese eftinija.
Од: tatoo
Датум: 14.05.2010 10:07:35
Ако ЕУ сака да остане читава, треба под итно да ја исклучи Грција од членство, а не да и се додворува. Затоа Меркел експресно доби казна од народот на ликалните избори во Германија. Развиените европски земји треба да се свестат дека Грчкиот синдром нив највеќе ќе ги погоди. 1912 година дури издејствуваа на оваа т.н. држава и туѓа територија. Самобендисаноста никаде не ја води ЕУ. Кодексите на однесување внатре во ЕУ веќе се изживеани и архаични. Нешто ќе треба да се менува во ЕУ, ако сака да не се распадне како кула од карти.
Од: nekoj od EU
Датум: 14.05.2010 10:33:27
Ne znam dali e ovoj istiot Mitko od prethodno (koj pisuvase umni raboti), ama sega Mtko-pocna da trese gluposti.
Од: Aleksandar
Датум: 14.05.2010 10:58:24
Znaete ovoj populisticki nacin na vladeenje na Gruevski mnoooogu ke gi izmeni rabotite za vo naredniot perid.Da receme deka SDSM ke se vrati na vlast i sto ke naceka:120000 partiska administracija,200000evra ili povece za spomenici,problemi so stecajci, mlekari, jabolkari i razni drugi targetni grupi i razni problemi koi sto ke mora da gi resi.AMA, sekoe naredno domakinsko rabotenje i zgrizuvanje na narodnite pari od narodot na narednata vlast ke bide pogresno protolkuvano, velam zaradi nacinot na koj sto Gruevski sega gi trosi parite(citaj:Pari nema a pari se trosat).Zatoa gospod neka ni e napomos i se dodeka ne se osvesti ovoj narod i gi svati drzavnite prioriteti, pa i neka vladee Gruevski, bar ke se "najademe" so spomenicite...
Од: Serdzo
Датум: 14.05.2010 12:15:34
Abe Erole, vie koi se zalagate da vleguvame vo EU i NATO, i da menuvame ime, ne bankrotira Grcija, ami banktotira kapitalizmot. Jasno. Sega se setija na Rusija i nejzinite neiscrpni bogatstva i marsirat zaedno vo Moskva. Ke marsirame li nie eden den so Rusite zaedno i so niv zaedno da vlezeme vo EU (ako ja ima) so nase ime. Znaci treba dqa se ceka oti vrza kucka-slepi kucinja(nar.poslovica).Erole digni gi masite Grujo da dade otcet ui da ne zataskuva kako Atina so nejziniot narod.
Од: Внимателен читател
Датум: 14.05.2010 12:56:54
ДО Бриан од Канада, до Македонец од САД и некои други умни глави. Бриан ако внимателно читаш ке видиш дека во текстот на Ерол пишува дека ЕУ формира краедитен фонд за спасување...штом е кредитен фонд се разбира дека парите имаат цена. Не е коректно да го напагаш авторот апстрахирајки ги неговите аргументи. До Македонец од САД значи велиш со други зборови да ги продадеме еврата и да си купиуме долари - па ке станеме богати . Види види колку си бил умен. Па купи си и ти долари и збогати се. Или полесно е да тресеш зелени. А за сите вмровци што прогнозираат дека ЕУ и НАТО само што не пропаднале , па да не брзаме во тоа лошо друштво да им кажам дека ке почекаат малку. До следниот живот.
Од: pogled
Датум: 14.05.2010 13:19:47
Статијата содржи упадливи две манипулации: 1)Не е вообичаено да се користи термин Стара Европа, под што авторот ги подразбира најмоќните (од кога најмоќни?) европски земји. За Стара Грција (Античка Грција) сме слушнале, за Стар Рим (Антички Рим), за Стар Египет исто така. 2) За поговорката “Должен како Грција“ и врапците знаат, но за дополнителниот фил, даден во насловот и крајот на текстот на статијата, прват сме слушнале. Ако пак сакаме да сме доследни до крај, не сите Грци се должни и не сите Македонци се сиромашни!
Од: Mapkoc
Датум: 14.05.2010 14:02:12
Авторот вели дека е ММФ дипломатски избркан од земјата за да не се меша како се трошат парите на граѓаните. Овој потег на Груевски (добро де, на Владата), повеќе е „за секоја случка„ од колку страв од просветлување на граѓаните верни потпирачи на ДПМНЕ. Поготово не на ДПМНЕ-овската паства, на која ништо не и значат предупредувања за застрашувачки, речиси безумни трошоци кои ги прави штеточинската власт. Во свој примитивизам, мнозинството на таа паства, безбели и натаму верува дека има пари за се` што ќе посака властта, бидејки - мислат кутрите – пред неа е „брдо„ од пар�� и таа, властта, може да го делка кога ќе и текне. И на спомнатата паства ќе и „текне„, ама доцна, за жал.
Од: Трпе
Датум: 14.05.2010 14:12:40
Незнам кој ке сака да ја земе власта,по заминувањето на бладата на дпмне-овците.Кој ке има толкава способност да не дигне на нога од цунамито што го направи ова блада.Ние не сме само сиромави веќе сме и презадолжени.А да не стане збор и за рушевините што ги направија.На сопствениот народ му ја сокршија кичмата.Од инвалиди резултати неможе да се очекуват.Но самиот народ си е виновен.Што си приготви мора и да си го крка.
Од: Dean Jovanovski
Датум: 14.05.2010 15:47:13
Mene ne mi e jasno zashto Makedonecot siromav???Koli kuki vikendichki stanovi vo urbani naselbi 5 minuti od centar,parking besplatno shkolo fakultet zdravstvo,odenje na odmori,vikendi shetanje iskachanje sekoj den,jadenje po kafani pienje pushenje cigari ,troshenje pari na garderoba,deca imaat mobilki,iphone lap top kompjuteri ramni ekrani TV ,da brojam ushte???Pa samo stanovite vo koj ziveete vo USA i Severna Evropa chinat po dva tri miliona dolari,i shto toa nie nemame a nekoj tamu bogat ima???Jas ziveev i vo USA i vo Germanija i vo Canada ,nishto nemavme plakavme kirija za drvena baraka vo nivnite naselbi kako mali selca se,posle 5 chasot sve bese zatoreno gledavme drzhavna TV samo taa mozevme da ja platime jadevme korn fleks i bevme prezaovlni i radosni kako i site drugi amerikanci i germanci.Zashto vakvi nezdravi raboti objavuvate po mediumi go poludevte Makedonecot koj e ekstrmno bogat vo sporedba so svetot.Nash najgolem problem e mentalitetot i anti Makedonskata propganda .

Најди! во Утрински
Насловна
Пороците и духовниците
Зденко
Девојката на Макелеле се обидела да се самоубие
Гулаб без море
Коj го пали фитиљот?
Аристократијата ќе пука во Богданци
Европа на колена
ДУИ гласа против ВМРО-ДПМНЕ
А бе ајде, кој е тој Дарвин!
Дводецениско опстојување на глобалната електронска сцена
Панде Лазаревски, конечно, се исели од станот
Како виното - колку постари, толку подобри
Гламурот на црвениот тепих во Кан
Десет најфилмови на Акира Куросава
Глобална реклама
Холандските телевизии најслободни
Однеси млеко, донеси кашкавал
Изгоре „ауди“ на бившата кометалка Тања Медвед