Холандските телевизии најслободни
Во најлибералната земја на светот исчезнаа и последните табуа
Доколку секоја вечер жонглирате со далечинскиот управувач барајќи спас и сте разочарани од добриот вкус на нашите телевизии, погледнете го телевизиското мени на Холанѓаните.
Во најлибералната земја на светот, очигледно, исчезнале и последните табуа, и на нив можете да видите анален секс попладне, јавен избор за донатори на сперма во реални шоуа, курс за садо-мазо секс за тинејџери, голи водителки и што уште не.. „Момент на вистината“ и „Фарма“ се најневини изданија на реални шоуа.
Доброупатените знаат дека за ваков тип забава постојат интернет-страници што можат да ги посетуваат постари од 18 години, но во Холандија работите се сосема поинакви. Во кое било време од денот и ноќта можете да видите се' и сешто на телевизиите - од групен секс до перверзни приказни за хомосексуалците...
Холандскиот РТЛ во шест попладне прикажува снимка на секс во која љубезната девојка говори како со помош на помагала го задоволува своето момче, инаку познат голман на фудбалски клуб во Холандија.
Реалното шоу „Златен кафез“ трае со години, а кандидатите се затворени во луксузна палата.Таму владее општ хаос, а победникот освојува толку многу пари што не мора да работи до крајот на животот.
Во „Златен кафез“ учесниците се со најразлична возраст и статус - телевизијата Талпа јавно протестираше, бидејќи меѓу првите кандидатки беа мајки, кои ги оставаа своите деца на чување подолго време, учителка која поради шоуто го напушти своето одделение неколку дена пред да го заврши училиштето...
Покрај ова најгледано шоу, популарна е и емисијата „Палење и голтање“, наменета за млади што се подучуваат на сите видови легален настран секс.
Телевизијата БНН емитуваше серија што предизвика скандал и пред емитувањето, бидејки во една од првите епизоди водителот на себе го тестираше дејствувањето на дрогите.
Ако не најконтраверзно, тогаш најбизарно шоу е „Петис Форткаде“ во кое, верувале или не, славните гости одат на испирање, а извадоците од дебелото црево се прикажуваат на телевизија.
Рачната сопирачка се повлече неодамна кога беше откажано снимањето на нова сензација, ТВ-серија, каде што мажите се борат да бидат донатори на сперма на жена што се обидува да забремени.
Ако кон ова се додаде фактот дека холандските телевизии во 1994 година првпат покажаа еутаназија во емисијата Death VS Rellyest, како најпростодушна изгледа голата водителка, која на телевизија ВПРО ги читаше христијанските вести.
Табуата навистина постојат за да се уриваат, но медиумската слобода, немање граница и недостаток на добар вкус може да се нарече - перверзна папазјанија.
|