Митрополитот Петар се врати од Австралиско-новозеландската епархија многу загрижен. Таму, преку барата, нашинците-пензионери на големо се коцкале. Пред црквите ги собирале организатори од пензионерските казина, ги носеле на коцкање и им ги земале пензиите! Не е убаво, далеку од тоа, ама зар е тоа толку масовен проблем што треба да не' загрижи нас овде, кои и без тоа имаме куп проблеми. Од егзистенцијални па до политички, што половина од нацијата ја оставаат без сон.
Да не говориме дека ниту еден духовник, вклучително и архиепископот Стефан, никогаш не проговорил за ниту едно општествено зло во државата, а алкохолизмот и дрогата буквално цутат и косат. И тоа, главно, кај младите. Најблаго речено, чудно е што нашиот црковен врв ниту еднаш не проговорил за проблемот дека околу 9 отсто од децата веќе на шест години пробале алкохол и што е најстрашно - во семејството. Се прашал ли, на пример, архиепископот Стефан зошто е така тоа, или презафатеноста со бизнис- зделките не му остава простор да помисли на овоземните проблеми на својата паства?
А, дома, стапката на смртност поради посегнувањето по чашка во 2006 година на 10.000 жители беше за 5,9 отсто, или една година претходно, значи, кога сме имале помал процент на смртност - ��иле регистрирани 3.984 жртви на алкохолизам. Јавна тајна е и тоа дека меѓу 40 и 60 отсто од сите смртни случаи се должат на консумирањето алкохол. Значи, и овде имаме проблеми со разни зависности, што се дури и поопасни од пензионерското играње комар, само што некој не ги забележува.
На великодостојниците на МПЦ многу, многу поважни им се некои други работи отколку здравјето на нацијата. А, нели, тие се наши духовни оци, што треба да бидат наша совест за сите погрешни постапки? Или, тоа е само во теоријата?
Navistia dobra zabeleska.Tie ne gledaat ovde sto seslucuva,se zagrizile za Astralija.Vo makedonija kladilnicite se prepolni i nikomu nisto.Nasite mladi se drogirani,alkoholizirani i nikomu nisto.site nocni klubovvi barovi se peani od ne eden nego po nekolku popovi,a tamo,alkohol droga,prostitucija,kriminal i pak nikomu nisto.za badnik pokraj ognovite sedat i pijat i se pijanat i maloletni i nikoj ne reagira.Za vodici na golemo se toci toplo rakivce ama toa toplo udira vo glava ,a toa go pravat deca od nizi odelenija,no nikoj ne reagira nitu roditelite,nitu ucitelite,a najmalu popovite.Zasto togas ne go podignat svojot glas.Petar zaedno so Timotej,naum iOvan se najgolemite vinovnici sto i tie se na opaskata .So vakva vlada i so ovie kriminalci vo mantii nema idnina
Од: Ристо
Датум: 14.05.2010 01:16:10
Госпоѓа новинарке!
Пишувате контрадикторно за овој а по се изгледа и за други вести. Владиката Петар ги критикува нашите иселеници за еден порок. Тој тоа што се прави од нашите луѓе таму, ни го пренесува и нам како не треба да се работи. И оваа статија беше за Г.Петар,а вие се префрливте и го замешавте Архиепископот па и целата Македонска Црква. Вие сигурно бевте и против за веронаука по школите. Е сега децата на училиште се дрогираат,се некултурни,,,,итн
Од: 2347
Датум: 14.05.2010 01:34:37
Site tie problemi, ili "boleesti" megu narodot, osobeno mladite se resavaat dolgorocno preku verskoto obrazovanie. A ti Biljana treba da si go napravis umot sto sakas: ednas baras pomos, a vednas potoa ja odbivas i si protiv sekakvo versko obrazovanie. Toa sto go pisuvas protiv Poglavarot - e cista glupost i toa licno tvoja. Ti si opsednata so toa da napises nesto protiv MPC-OA!? Tebe ti e najmnogu potrebna veronaukata.
Од: Rage
Датум: 14.05.2010 02:01:00
Praksata ste vie! Koga se poddrzuva kampanja treto dete vo sredini so prirast pod 2 promila ne vi e dobro t.e. imalo neednakvost; koga treba da se vovede veronauka ne e dobro t.e. se zagrozuval sekularizmot; koga se otvaraat bolnici za lekuvanje na narkomani ne e dobro t.e. za taa rabota ne trebalo da se gizat duhovnici; pa sto vi e dobro??? Utre ako zavrne pak nema da vi e dobro....
Од: terezija - Ponekogash i NIE na Boga treba da mu 'pomogneme'...osobeno koga se vo prashanje vakvi izrodi...I izbavi nas Boze od lukavoga !!!
Датум: 14.05.2010 02:03:20
Ma kakvi "Duhovni oci" kakvi bakrachi...Bez namera da navredam, toa se bolni osobi - zabludeni po tugji materijalni dobra, osobeno PARITE... I voopshto ne e sramno niti 'grev' na takvite otvoreno da im se predochat tie anomalii,zashto tie se sepak najobichni lugje (lukavi) od nashata sredina i sekojdnevie.A toa shto "uspeale" sepak ne mozete da im zamerite nim -koi samo go ISKORISTILE ova LUDO neVREME,zashto vinata poveke ja snosime NIE koi sme im go dozvolile takvoto BOGOHULENJE.Iako za niv skoro i da se tabu-tema 10-te Bozji zapovedi,toa ne bi trebalo da gi 'amnestira' od VINATA i da ne odgovaraat za nivnite zlodela (a samo nek.Vladici gi imaat dvostruko poveke, otkolku site vernici zaedno ...a toa ne e nimalku Hristijanski,ke priznaete).Zatoa mora NEKOJ i da gi kazni,zoshto ako ochekuvate pravda -sigurno ne ke ja dochekate od ovaa vlast, so koja OCHIGLEDNO se vo SPREGA vo namer. za raznebituvanje na Drzavata i Hrisijanskoto dostoinstvo.Iako e Bog semozen - ne stign.se' SAM da naprav
Од: Ангеле Л. Вретоски
Датум: 14.05.2010 03:28:43
Браво Билјано, конструктивна критика со 100% вистина. На жалост Петар таму во Р. Македонија успева со *мижете новинари кога јас ве лажам* и затоа се објавува она што тој ќе го каже. Во денешно време на секаде има проблеми со коцкање, алхохол и дрога, но слободно можам да напишам дека овие проблеми се во најмал процент во Македонската Заедница во Австралија. Што се однесува за вистинската слика на работите во Австралија со Македонската Заедница и Петар, за судовите кои тој ги води се објавуваат многу бледи работи. Никој Весник во Р. Македонија не побарал копија од Тапиите и Уставите на Црквите и Манастирите за кои Петар вели биле под негова контрола и на оние кои не сакаат да бидат под негова диктатура. Се додека ова не се направи се дотогаш истите работи како и во Р. Македонија со Црковните имоти. Прегледајте ги Тапиите и Уставите на едните и другите па самите ќе видите дали има разлика и каква е ТАА РАЗЛИКА, има ли компанински, народни или лично сопственички Црковни Македонски имоти.
Од: Ljubotan -Trade name!
Датум: 14.05.2010 04:13:57
Biljana ,napisa nesto na; Kratko-Kuso,ama taka se i pisuva. Dali vo MPC ima? Nedelno Crkveno uciliste posle Bogo Sluzbata!Decata treba da se ucat na moralnite kodovi ;Hristijanski,.patriarhalni ili matriahalni,od malite soznavana, na vrednosta, na coveckoto bitije i coveckiot dobrobit!! Vo nekoi yurizdikcii,nedelnoto versko uciliste e obvrska na; Lokalnkiot Jerej-svestenik,ako ne go cini toa,Toj paroh-svestenik, ja gubi parohijatai, i ce go stavat vo epitimija!.!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 14.05.2010 04:14:30
Црквата толку се навлекла на материјалното, та го изгубила она - духовното.Тие станаа повеќе бизнис елита отколкт духовни раководители на црквата.Затоа и бргу ја губат подршката од народот.
Господе , не им замерај, не знаат што прават.
Од: Od Aristid
Датум: 14.05.2010 05:12:51
Е, госпоѓо Билјана ;не се работи за пороци на духовниците, туку за класичен криминал меѓу духовниците. Па не е тоа реткост да се прочита во весниците како напр. владика осуден на двеиполгодини затвор, Владика ( тој што го Вие именувате) оштетен со стотици илјади марки во пирамидална штедилница, Тој истиот ја оштетил МПЦ со двамилиони австралиски долари за водење неоснована судска постапка пред австралискиот дтжавен суд. итн, итн. Точно е дека на нив се гледаат одори на духовник, али во одорите не се види никаде калуѓер, освен што се гледаат само луксузни лимузина.
Од: Лазо Стефанов
Датум: 14.05.2010 07:15:01
Реформи и само реформи и требаат на нашата Црква! Без тоа, таа самата ќе изгуби најмногу. Се согласувам ,,САКАМЕ ЖИВА ЦРКВА„, ама и жив народ треба., без него ништо. Со Црквата не треба да управуваат само свештениците, туку и народот. Така пишува и во Уставот на МПВ-ОА. Но, народот е исклучен, а тоа силно ќе го почувствува и самата Црква. Црквата ..ќе ,,плати„ за сите свои гревови, веќе се чувствува таа одалеченост од сопствениот народ.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 14.05.2010 09:58:37
Ете!Писнаа апологетите на верската поука!Ја открија причината за Дрогирањето,Лоповлукот,Пиењето,Нечесноста и другите пороци!Тоа,што не дозволуваме на нашите деца некој да им го Пере мозочето,уште од прво одделение во основно училиште е причината за „злото“!Марксизмот,барем го учевме од II година,средно!Колку што ми е познато и политичарите,и духовниците,и голем број верници,редовно ја посетуваат црквата,ама никако да се откажат од пороците!Криминалот на „високо ниво“цвета во државава!Каков „неразјаснет“парадокс!Вмешаноста во криминалната афера „Изгрев“,регистрирањето фирма за производство на Алкохол,скапите возила,Палатите,бројните „високо културни“настапи на оците,потекнуваат од изразито длабоката„духовност“! Сеуште не сме го оствариле огромниот број Педофилни и Блудни настапи на духовниците од светот(поголемиот број од нив се крстат во истиот бог),но каде и да е,и тоа ќе не снајде,бидејќи не сме им дозволиле на нашите оци да нè поучуваат долгорочно за религијата-уште од градинка! :)