Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
14.12.2011, 17:11

„Бришачот“ збриша 57 местачи на сообраќајки

За измами со фингирани сообраќајки и наплати на штети, приведени се дури 17 полицајци

Љубиша Станковиќ


Голема група полицајци, раководители на увидни екипи и виши крим-техничари од Одделението за увид се приведени во последната акци��а наречена „Бришач“, со која МВР разоткри низа измами со фингирани сообраќајќи со цел да се обезбеди наплата на штетите од осигурителните компании. МВР кривично ќе гони 57 лица, од кои се уапсени 29 и вчера беа изнесени пред истражен судија. Двајца се во бегство, а останатите ќе бидат повикувани со покана.

Според досегашните сознанија, групата работела од 2007 година досега и постојат докази за местење дури 13 сообраќајни несреќи. Откако учесниците во сообраќајот ќе обезбеделе автомобили со оштетени делови, ги местеле како да се случила сообраќајка. Претпоставките се дека на тој начин ги оштетиле осигурителните компании над два милиона денари или за над 30.000 евра.

Маскирани припадници на МВР вчера околу 14 часот започнаа со спроводот на своите колеги и другите осомничени во Кривичниот суд. Полициската акција која носи оперативно име „Бришач“, според МВР, е само продолжение на отворената интензивната истрага што е започната уште во текот на 2007 година, а се однесува на пријавување лажни сообраќајни незгоди на подрачјето на Скопје.

Иако низ судските кулоари се шпекулираше дека меѓу осомничените има и адвокати, лекари и вработени во осигурителни компании, засега нема потврда за такво нешто.

Од досега обезбедените докази било констатирано дека пријавените од август 2007 година до март оваа година речиси на идентичен начин фингирале сообраќајни незгоди. Така, службените лица од МВР, најчесто раководители на увидна екипа во Одделението за вршење увид на сообраќајни незгоди и виши крим-техничари за сообраќај, со другите пријавени физички лица поставувале возила во положба како да учествувало во сообраќајна незгода. При пријавување материјални и нематеријални штети, а врз основа на лажни записници за извршен увид на местото на настанот и скици, барале паричен надомест од осигурителните компании.

Пријавените физички лица откако претходно ќе обезбеделе и ќе подготвеле автомобили со оштетени делови, ги местеле возилата како навистина да се случила сообраќајка, а потоа ја пријавувале „незгодата“ во полиција. Потоа увидна екипа излегувала на местото на настанот и составувала лажен записник дека навистина се случила сообраќајна несреќа.

Потоа ваквите записници биле носени во осигурителните компании, каде што било поднесувано барање за надомест на штети од каско-осигурување на возила, осигурување од автоодговорност, материјални и нематеријални штети. Врз основа на тоа, им биле исплатувани штети.

Од МВР велат дека разликите од она што било наведено во записникот за извршен увид и реалната ситуација била потврдена со вешт наод и мислење изработен од вештак од Бирото за судски вештачења.

Постојат одредени сознанија што упатуваат на тоа дека некои од инволвираните пријавувале и телесни повреди и дека за реализација на намерите била злоупотребена и службата за Итна медицинска помош, бидејќи им била обезбедувана и медицинска документација, а потоа од Националното биро за осигурување било побарувано наплата на нематеријална штета.

Во една од ваквите фингирани незгоди, еден од учесниците, заради докажување наводни повреди, со себе зел лице кое веќе имало физички повреди. Тој го однел лицето во Хируршката клиника каде што врз него бил извршен преглед, но се' се водело на името на лицето што ја смислило измамата. Со вака обезбедената медицинска документација, тој освен материјална штета за возилото, наплатил и нематеријална штета за неговите наводни телесни повреди.

Случајот наречен „Бришач“ МВР му го предаде на скопското Јавно обвинителство, а кривичната пријава се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување службена исправа, помагање, осигурителна и обична измама.


Статијата е прочитана 4537 пати.

Испрати коментар



В петок пресуда за убиството на српскиот турист
Фатен крадецот на икони во „Света Петка“
Платен убиец го ликвидирал Линка?



м и л ч о, 15.12.2011 00:57:23
на краj во мк ке останат само наjпоштените актуелните фамили
realen, 15.12.2011 01:51:58
smeski.... za ukradeni 30.000 evra, vo rok od 4 godini, od 57 lica, vakov teatar... a ima nekoi koi milioni kradat sekoj den i nisto, posto imaat partiska kniska... sramota
marija, 15.12.2011 06:23:27
mnogu ste isti vo site slucai.nemozime da vi veruvame.najdite nesto po ubeditelno.
Mende, 15.12.2011 09:09:20
Повеќе пари потроши МВР за дневници и гориво за специјалците него штетата што е направена. Само филм за народот да се сити, што му го затвориа комшијата а кога ќе тропне мечката на неговата врата е тогаш нека му ја мисли. Да не ја имаат случајно наместено и сообраќајката на обезбедувачот на Мијалков???
NIN, 15.12.2011 09:13:38
Ги плаќаме полицајците да ги штитат граѓаните, а не да тераат бизнис на наша штета. Права ноќна мора е да се добие обештетување по сообраќајка, а од друга страна некој да мести и заработува, кај ќе им одат душите. Нека е ова пример за останатите.
Морис, 15.12.2011 09:20:19
Со пушки и шлемови приведуваат како да се терористи. Инаку колку долго траела акцијата тоа е навистина долго време да се води акција.Нешто ми се забрзаа реализација на некои операции да не си оди Директорот па да исчисти малку за новиот.
do realen, 15.12.2011 09:41:30
Mnogu be realen, pamet na kilo, site da krademe po tolku i sto ke stane od ova nasa drzava. Sramota, sto uste nema da se iznacitame od ovoj nas narod.
Istocna Makedonija, 15.12.2011 10:35:26
Da ne stanavme zemja na zastiteni profiteri,koi od vreme na vreme se apsat.Zgora na ova,ovie kriminogeni tipovi imale i dobri raboti,kontra na armijata na siromasni,nevraboteni i cesni graga- ni na ovaa zemja,koja kako da stanuva ,,Eldora- doza necesnite.I najtesko e koga takvi ,,tipovi ke ti isprata poraka:,,Snajdi se pa zivej!Quo vadis,Makedonijo?
pile, 15.12.2011 11:03:54
Za da se prestane so vakvoto omalovazuvanje na Makedonskiot gragjanin,preku degradiranje vo kontinuitet na pripadnici na edno od najeksponiranite ministerstva vo drzavata,apeliram do Ministerot za vnatresni raboti,da se pogledne vo ogledaloto, mozebi vo pozadina ke zabelezi sto treba da napravi za da stetata ne bide nenadomestliva.A JO pri rascistuvanje na slucajot treba da ima vo predvid:1.Dali policajcite za uvid imale licenca ili mendzment obuka pred da bidat rasporedeni na rabotnoto mesto,ako se ima vo predvid deka nitu edno drugo rabotnoi mesto vo MVR ne e slicno po priroda na vrsenje na rabotite za da, po toj osnov bide zakonito rasporeduvanjeto, i koj go dozvolil toa.Ako se znae deka vo uvidnite ekipi se postavuvaat policajci sto ne bile na rabota nitu vo soobrakaj pa duri i prevzemeni od ARM.2.Spored koja odredba i koj Zakon osiguritelnite kompanii isplakale sredstva na osigurenici, vrz osnova na Zapisnik od uvid, a ne vrz osnova na pravosilna sudska presuda.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 1°C

Претежно облачно

Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -4°C

Понеделник
Снег
Макс: -2°C, Мин: -9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |