18.03.2012, 19:48 Стартува наградната игра на „Утрински“, „Дневник“ и „Вест“
Медиа Принт Македонија и Државна лотарија доделуваат 16.000 награди, стокови добивки, 15 автомобили „цитроен Ц1“, стан во Скопје...
Ако државна Лотарија е синоним за среќа, тогаш со весниците на Медиа Принт Македонија добивате среќни вести. Со ова мото од денеска стартува заедничката наградна игра на Лотарија на Македонија и „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“ која ќе трае до 9 јули.
Со истата цена на весниците, од само 15 денари, не само што читателите ќе можат да се информираат, туку, со весникот ќе добијат и експрес лоз „среќни вести“ во кој се кријат 16.000 стокови добивки (ЛЦД телевизори, ДВД плеери, фотоапарати, телефони и други вредни награди). Награди ќе има и за недобитните лозови, со можност за добивање на една од 16 специјални награди, 15 автомобила „цитроен“ Ц1 кои ќе се доделуваат еднаш неделно, како и еден стан во Скопје-премија во „Среќни вести“.
За да се стане потенцијален добитник на овие награди, потребно е да се соберат пет недобитни лоза, независно од кој весник се, да се стават во плик и испратат на адресата на Државна лотарија. Ковертите ќе се извлекуваат секој понеделник во емисијата „Џамбо бинго“. Во комплетот со недобитните лозови, доколку се достави и недобитна „џамбо бинго“ картичка, среќниот добитник на автомобилот односно станот ќе добие и соодветна полиса за осигурување.
„Ова ќе биде досега најголемата игра на среќа организирана во Македонија. Медиа Принт Македонија, овој пат како партнер на Државна Лотарија, експрес лозот ‘Среќни вести‘ реши да го доближи до своите читатели како нивна заслужена дополнителна добивка. Така, отсега, покрај тоа што секој ден ќе читате добри теми во трите најголеми дневни весници, со нивно купување станувате и потенцијален добитник на една или повеќе од многуте добивки. Доброто и навремено информирање како и задоволството на нашите читатели беа основните мотиви да започнеме со ‘Среќни вести‘ “, вели Виктор Доневски, извршен директор во МПМ. (Дс.Т.) |