Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
05.10.2011, 18:10

Поглед

Нека дојде Лилето

Иван Боjаџиски

Десет месеци 700 жители од Бурилчево и Кучичино во општина Чешиново - Облешево се отсечени од светот. Во декември лани големото невреме го урна 60 метри долгиот мост кој овие села ги спојува со магистралата Кочани - Штип, а од таму и со „остатокот од светот“. Но, од моментот кога останаа без мостот на Брегалница па до денес, наместо решение, селаните доби��аа само ветувања дека работата ќе се среди.

Откако им стана јасно дека мостот нема да го биде ниту во блиска иднина, деновиве жителите го блокираа магистралниот пат. И јасно ставија до знаење дека оваа Влада мора да ги исполнува предизборните ветувања. Едно од нив беше дека мостот итно ќе биде оспособен.

Меѓу оние што ги убедуваа селаните дека својот глас треба да го дадат за актуелната владејачка коалиција која ќе им ги реши проблемите, беше и претседателката на партијата Демократска обнова на Македонија, Лилјана Поповска. На основа на таквите големи ветувања, токму во оваа општина ДОМ доби еден од двајцата градоначалници во државата. Поповска со соработниците беше најголемиот агитатор и најмногу им ветуваше на луѓето од овој крај за време на изборите.

„Нека дојде Лилето“, рекоа дел од протестантите за време на блокадата на патот. „Нека дојде како што доаѓаше пред изборите и нека ни каже в лице дали заслужуваме да имаме мост и контакт со своите ниви, со работните места во конфекциите во Кочани и со светот кој функционира од другата страна на Брегалница“, гласеше пораката на жителите од Бурилчево и Кучичино.

Поповска досега се нема појавено меѓу овие луѓе. А тие, желно ја очекуваат. Да им каже дали 200.000 евра, сума потребна за поправка на мостот, се многу пари и дали овие граѓани на Македонија имаат употребна вредност само за изборите.


Статијата е прочитана 1557 пати.

Испрати коментар



Вечниот Путин
Европската левица се буди
Со оружје на училиште



граѓанин, 06.10.2011 00:28:00
Е не ја викајте Лиле сега кога се заладува, а може и ќе врне па ќе си ги наводени и извалка високите потпетици. Лилето ќе ви се јави - ако не по телефон, тогаш на сон. А тоа што сте и поверувале на зборовите кажува само дека сте уште чисти како деца во душата.
Dragica Lapajkoska-Belchevska, 06.10.2011 05:31:11
Jas ne mozam da se iznacudam na mnogumina od Makedoncite,sto za zal vo toj slucajAlbancite se popametni. Kako mozete da veruvate ako vece nesto se povtoruva. Za spomenicite,znam deka ne bese vreme sega,no od ruga pak strana,za razlika od sosednite frzavi,Skopje bese kakosirache. Neka me izvini sekoj eden do kolku misli deka ne e taka. Megjutoa losiot odraz ce se vidi vo nekolku meseci. Taka da ne sum pametna za toa da zboruvam,no praznite vetuvanja,vrabotuvanjata,no se razbira za kuso vreme,samo da se glasa za Grujo vie moj narode ce go placate seto. Ve pozdravuvam da istraete ,zasto ce dojdat podobri denovi,se razbira so nova vlada i nova unija.
HAHAHA, 06.10.2011 09:02:35
Ne zasluzuvate be srca ne zasluzuvate takvi tapoglavci sto na ovaa persona i veruvaat ne zasluzuvaat kontakt so svetot sedete si tamu kaj sto ste , ke dojde LUETO ama na narednite izbori za pak da ja izgrasate ne se sekirajte , a za mostot ke zabotavite togas. PS Letajte preku rekata so mnogu trud i toa moze da se postigne
Istocna Makedonija, 06.10.2011 09:05:50
Da ne gaat iluzii ovie izlazani luge so prazni prediz borni vetuvanja deka mostot ke im bide renoviran i popusto da ne cekaat.I Lileto i site drugi,ke doj- dat pred nekoi idni izbori za da lazat i se grebat za glas,ednakvo na vlast.Mozebi,doblesniot Ma- kedonec po nesto e na evropskiot vrv.Naivno veruva deka postoi doblest,so otvoreni oci i usi gi akceptira lagite na nedovetnite i egoisticni politi- cari,koi samo vlast,pari,profit,interes,benefit gi interesira!Ostanuva utehata vo sintagmata:Ima i poloso od smrtta,toa e GLADOT!A,glad ima!!!
Vinci, 06.10.2011 15:27:06
Neznam dali ste za zalenje ili smeenje!!!!?????,samo KONJOT na voinot vredi da izgradite ne eden, tuku deset mosta (koi zivot Vi znacat)........a Vie pak glasajte gi!!!!!!!!

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 17°C, Мин: 7°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |