06.12.2012, 16:43 Светска банка во тап триаголник со СДСМ и Владата
Од Канцеларијата на СБ во Скопје велат дека Владата води мудри фискални политики и затоа обезбедуваат поддршка со поволни услови
Нина Нинеска-Фиданоска
Писмото на опозицијата до првиот човек на Светска банка ги разбранува духовите, што може да се заклучи од многубројните соопштенија што се пласирани по неговото јавно презентирање.
„Сме и' помагале на Македонија уште од 1993 и таа политика продолжува и сега. Сегашната Влада води мудра фискална политика и во поглед на буџетскиот дефицит и во поглед на јавниот долг“. Вака накусо може да се парафразира соопштението кое вчера Канцеларијата на Светска банка во Скопје го испрати до новинарските куќи.
Реагираше и Министерството за финансии, кое наводите на СДСМ за заемот од СБ ги отфрли и ги нарече лаги и манипулации што и' нанесуваат штета не само на Владата, туку и на државата и на оваа институција. Социјалдемократите, пак, вчера одговорија дека тие и' напишале на централата на СБ во Вашингтон, а не на Канцеларијата во Скопје и порачаа дека писмото – одговор од Светската банка не е и не може да биде одговор на нивното писмо.
Инаку, Канцеларијата на СБ своето соопштение го почнува со желба, како што вели, да ги разјасни работите по известувањата на медиумите за буџетската поддршка на Македонија од СБ.
„Од 1993 година работиме со сите македонски влади работи на подобрување на животот на луѓето преку активна поддршка на реформите за конкурентност и на другите реформски напори. Голем дел од оваа поддршка се и 14-те заеми за буџетска поддршка обезбедени во периодот 1995-2012, што и' помогна на земјата да напредува како во просперитетни така и во кризни времиња“, велат од банката. Потенцираат дека нивната поддршка во последниве години придонела за водечката позиција на земјава во рангирањето на Дуинг бизнис. И оддаваат признание за расчистувањето на долговите на јавниот сектор, проблем што се појавил во повеќето земји во регионот.
За претстојната буџетска поддршка тие велат дека со неа ги поддржуваат постојаните реформи. „Со тоа ќе се даде значаен придонес за обезбедување краткорочно буџетско финансирање под поволни услови додека трае тешкиот период на пазарите во еврозоната и ќе се поддржи обновувањето на растот на среден рок“, велат од Канцеларијата на Светска банка, додавајќи дека стабилниот и заздравувачки раст ќе и' помогне на Владата за мобилизирање на приходите и ќе ги олесни фискалните притисоци.
„Земјата има добра и долга историја на фискалниот менаџмент и Владата покажа фискална мудрост држејќи го буџетскиот дефицит во изминатите неколку години на строго дефинирано ниво од 2,5 отсто. Буџетскиот дефицит од 3,5 отсто е прифатлив за Македонија, особено бидејќи земјата во претходните години добро управува со своите јавни финансии. Јавниот долг изнесува 30,4 отсто од БДП, а вкупниот надворешен долг е 63 отсто од БДП што е во прифатливи рамки“, додаваат од СБ, објаснувајќи и дека остануваат посветен партнер на Македонија во нејзиниот натамошен развој, „низ заедничка работа и дијалог со сите чинители во земјата“.
Министерството за финансии во Скопје го нарече писмото на СДСМ „лаги и манипулации“. „Должност ни е да ја известиме јавноста за лагите и манипулациите кои политичката партија СДСМ ги изнесе пред јавноста во врска со заемот кој Македонија го доби од СБ за поддршка на развојот на македонската економија. Со изнесените клевети не и' нанесува штета само на Владата, туку и на Македонија и на Светска банка“, велат од кабинетот на Ставрески. Нагласуваат дека со заемот од 50 милиони долари ќе се финансираат повеќе клучни реформи и тоа развој на производството со висока додадена вредност, полесно преструктурирање на земјоделскиот сектор, подобрување на ефикасноста на трговската логистика и воспоставување флексибилност на пазарот на труд.
„Нелогично е како во СДСМ воопшто се сомневаат во одлуката која СБ ја донесе на 29 ноември годинава. Бордот на директори кои претставуваат повеќе од 190 земји членки, едногласно и' додели на Македонија заем од 50 милиони долари, кои се показател за довербата во земјава. Заемот е под најдобри услови: каматна стапка шестмесечен Еурибор, кој во моментот изнесува 0,61 отсто, со рок на отплата од 18 години и грејс период од 5 години“, велат од Министерството.
Кабинетот на Зоран Ставрески повторува дека Македонија има ниско ниво на долгот од 30, 6 проценти и е четврта најниско задолжена во Европа, а методологијата на пресметка на долгот е конзистентна со онаа на Еуростат и ММФ, па е несфатливо како за СДСМ Македонија по динамика на задолжување потсетувала на Грција. За најпарадоксално во реакцијата на СДСМ го сметаат фактот што голем дел од заемите на СБ всушност и' биле доделени на земјава во времето на владеење на СДСМ. „Поднесувањето на 159 амандмани и пишувањето на срамни писма до СБ е преседан во работењето на СБ со Македонија во овие дваесет години“, велат од Министерството, истакнувајќи дека „успешната соработка со СБ ќе продолжи и понатаму“.
СДСМ вчера возврати дека писмото од Канцеларијата во Скопје, не го сметаат за одговор на нивното писмо. „Соопштението на регионалната канцеларија на СБ во Македонија, не е и не може да биде одговор на писмото на СДСМ, затоа што ова соопштение е објавено уште пред нашето писмо воопшто да биде пратено во Вашингтон. Позициите на регионалната канцеларија нам веќе одамна ни се познати. Ние сме целосно свесни за значењето на СБ како стратешки партнер на Македонија од осамостојувањето па наваму и токму затоа писмото денес го испративме во Вашингтон до претседателот на СБ, господинот Јим Јонг Ким“, изјави вчера Зоран Јовановски, потпретседател на партијата.
Инаку, СДСМ вчера повторно одржа прес-конференција за задолженоста, на кој се истакна дека „власта 50-те милиони долари од СБ си ги планирала за зголемување на конкурентноста на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во март, а не за подобрување на конкурентноста на македонската економија“. |
Статијата е прочитана 3299 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 07.12.2012 00:07:45 | Cudno. Ovde narod se soocuva bukvalno so glad, firmite vo koma, drzavata nemoze da opstane bez zadolzuvanja, a za Svetskata Banka toa bilo mudra politika. Navistina dosta cudno, pa i somnitelno. |
| Mark, 07.12.2012 00:14:42 | No no, ne e Vasington na sredina tuku jasno na strana na Gruevski! So ovoj odgovor Vujce Sem (skjuz mi, World Bank) bez somnez stava do znaenje koj e ovde negov favorit bez ogled kako gi rasfrla parite! Ne se raboti ovde samo za finansiski aranzman tuku i za jasna politicka poraka - do site onie koi sakaat vo NATO i EU, demokratija, pristoen zivot, podobra idnina za decata, a taa e - ZABORAVETE NA TOA, GRUEVSKI KE VLADEE!(i negovite batleri od DUI).. |
| EU, 07.12.2012 00:20:38 | Treba da im veruvame na ekspertite koi predupreduvaat na golemata zadolzenost na drzavata. No sto mu treba ova glupiranje na Crvenkovski, nebare Svetskata banka e humanitarna organizacija koja se grizi za dobrobitta na graganite. |
| Коста Стоименовски, 07.12.2012 00:55:29 | Легално и легитимно право на опозицијата е да укажува на грешките, гафовите и глупостите на владата, вклучувајќи и во поглед на задолжувањето во странство. При тоа, своите ставиви, оценки и критики треба да ги изнесува јавно на прес-конференции. Меѓутоа, писмото до СБ е непромислена грешка на СДСМ! Грешка е исто така да се бараат разлики во ставовите на СБ и нејзиното претставништво/филијала во Скопје! Познато е дека, по правило, Централата секогаш ги гради ставовите на основа на извештаите на филијалата за состојбите во односната земја. Имајќи предвид дека РМ навлегува во црвената зона на презадолженост, опозицијата треба на домашната јавност драматично да укажува на критичните состојби со задолженоста на државата. |
| pretpriemach, 07.12.2012 01:45:27 | SDSM ne samo sto pluka po drzvata i ja rezili vo megunarodni ramki tuku izgleda i nema orientir kade se naoga...
|
| USA, 07.12.2012 01:54:37 | Pismo do Svetskata Banka od edna svetska partija. |
| mite, 07.12.2012 06:24:33 | sto moze makedonskiot narod da ocekuva od SDSM koga za ekonomskite prasanja go vodat lugje od tipot na Jovanovski. Go natera Branko Crvenkovski da napise pismo do Svetska Banka i ostana ziv. Kakva e ova opozicija, ocekuva nekoj od nadvor da i gi resi problemite. Ova me potseca na prvoodelenci koga velat ucitelke ovoj do mene mi go ukrade molivot. ha ha ha |
| ФЕЛИКС, 07.12.2012 07:32:24 | ПО се изгледа во целата опозициска тефлонска заталканост,опозиција листата на непријатели ја интернационализира.Па така ни откри да и СБ е во тесни врски со актуелната власт тука.Потез тефлонски ем уникатен во светски рамки,ем во сиот беден сјај ни го презентира алибито за мартовски изборни случување пред сопственото членство.Па така Евдините Зумбуљки наголемо ќе поверуваат за светскиот заговор против нивните пулени да не ги добијат изборите. Смешно делуваат кога ги ,,знаат,, ептен намерите на власта а незнаат зошто долго се опозиција.Mark би било добро заедно со Евдините Зумбуљки да се запраша зошто според него ,,Вашингтон е за власта,,Вероватно по мене оти гледа какви се опозиционерите па и тие како домашниот електорат така се однесуваат. |
| Baron, 07.12.2012 07:45:50 | Branko dobi zadushka od Svetskata Banka i sega ke place deka i Cicko Sam e protiv nego. Treba da mu stane jasno so odgovorot sto go dobi doadza i poraka ,,Odi si na penzija i ostavija Makedonija na Uspesnite |
| Славчо, 07.12.2012 08:01:09 | Сега откривме дека има светски заговор против Бранко Црвенковски и неговата партија. Затоа не можат да дојдат на власт. |
| Itar Pejo, 07.12.2012 08:10:24 | Znaci odlicna e politikata na Vladata. Samo taka neka prodolzi. Ocekuvam iljadnici novi spomenici. |
| slartibartfast, 07.12.2012 08:20:17 | SB ke go poddrzi onoj koj poveke ke se zadolzi. |
| Miki, 07.12.2012 08:24:07 | Zal mi e sto na dragata opozicija mora da i se soopsti: po vakov odgovor od Vasington na nivnoto pismo jasno e deka izborite a so toa i politickata idnina na Makedonija veke se reseni! So nivnite pari vlasta ke ja prodolzi nejzinata dosegasna politika a jasno e kon sto taa vodi! Porazno e se razbira, no barem mnogu pojasno - ne samo Grcija tuku i Amerika ne ne saka vo NATO.. |
| pavlina, 07.12.2012 08:41:04 | ako vo edno semejstvo edniot sopruznik kocka i se odnesuva ne domakinski ....i pri toa zema krediti i so toa ja redi vo rizik kukata i idninata na decata , normalno e da se reagira na povisoki nivoa od obicniot korumpiran sluzbenik so kogo zaedno se kockaat , ne saka narodot ,,spomenici ,, . mozebi ovie krediti ke se iskoristat za ukrasuvanje na drugite delovi od NEKROPOLATA
|
| Чудно однесување на Светска банка, 07.12.2012 08:41:16 | Писмото уште неиспратено во Вашингтон, канцеларијата на Светска банка во Скопје веќе одговара. Тоа не е нормално во сериозен професионален свет. Целава работа само го руши угледот на Светска банка, бидејќи сите во земјава знаат како стојат работите. |
| wd40, 07.12.2012 09:52:46 | jovan, 07.12.2012 00:07:45
A koj gladuva vo Makedonija nesposobnite mrzlivite ...epa tie gladuvaat vo cel svet ..jas ne gladuvam i ubavo mi e |
| S.P., 07.12.2012 09:56:04 | Vcera na Alfa televizija vo emisijata Vin - Vin poranesniot guverner g-din Petar Gosev ubavo rece: sto ima da diskutirame za toa sto napravila Svetska Banka treba da diskutirame sto pravi nasata vlada i ministerot za finansii. Bankata e banka i treba da gi plasira svoite sredstva toa i e rabota, prasanje e kako nasata vlada gi trosi odnosno gi koristi tie sredstva. |
| Неутрален Македонец, 07.12.2012 10:00:16 | До каде само стигна вечниот губитник, најнегативната личност од црната транзиција. Да ја кодошиш сопствената држава!? Толку ли му е слатка власта? Па ги помина сите можни функции. Време му е веќе да си оди. Цела држава трпи од негобата болна желба да се врати на власт. И што ако се врати? Што ќе направи? Ќе вработи по 1 од секое семејство? СДСМ ако сакаат да ги биде, треба со стапови да го избркаат од таму. Предвидувам дека така и ќе се слуќи. Нели им стана веќе јасно дека дури им е тој на чело, нема да се вратат на власт. |
| Gargamel, 07.12.2012 10:54:31 | Vo Svetskata banka od direktorot do vratarot,site,zemaat plata koja treba da se zaraboti so davanje na krediti,na malku,sredno pa i mnogu zadolzeni so obezbeduvanje na uslovi za vrakanje,na kreditot i kamatite.Opozicija glupavo e da ocekuva deka Svetskata banka ke odi -sproti sebe-.E pa na,samo vie barajte.WD 40 - vo Makedonija ima mnogu siti,ne gladuvaat,no poveketo od onie sto gladuvaat,a ne se mrzlivi,se stecajni rabotnici,nevraboteni bez partijska kniska,rabotnici od firmi na koi vladata ne im go platila zarabotenoto i vlozenoto,voglavno pomali i nepartijski,penzioneri,socijalni slucai .... Mene mi e dobro,seuste go trosam zarabotenoto vo Evropskata unija,no moite deca i vnuci neznam da li vo ovie ekonomski uslovi ke mozat da gi vratat kreditite koi oda po glava na zitel,dali ke imaat za jadenje ili i tie ke moraat vo -gastarbajterstvo-. |
| tihi, 07.12.2012 11:03:18 | Vekje ni prepoznatliva igrata za stvaranje percepcija na haos ,vo sopstvenata drzjava, na odredeni personi.Zatoa shto najlesno plivaat vo bura.Na mirno i chisto more ,kje se vidi deka se bez gakji.Severnata tribina kje padne , neli. |
| b., 07.12.2012 12:34:12 | ima 2 nacina da unistis edna drzava:
1 Vojna
2 Zadolzuvanje |
| makedonka koja zivee vo usa i zali za makedonia, 07.12.2012 13:19:02 | do neytralen makedonec ili do ydren makedonec ako branko izleze kako ke tresils ti glyposti ili latas ili biciklinski vie se plasite od branko kako od vampir podocna ke razberes od kogo dase plasis samo ke bide ksno stvi naocari za gledane i vidi kako se vika plostado polovina i kakvi spomenici se reda sytraky eden branko necini ama gryjce tvj drzavata poleka ama sigyrno e predade na teroristite |
| nevideno, 07.12.2012 13:25:15 | Znaete li kako se trosat parite za ovie osobeno znacajni proekti vo instituciite na sistemot? Ne e i slucajno sto zapagame vo vakva kriza, pad na industriskoto proizvodstvo, kriminal... |
| strasno zamislen !!, 07.12.2012 16:12:24 | Apoliticen sum ...ama ne trebe da bides mnogu pameten ako sakas nekogo deneska da podcinis ..da go zakoles do koska da go ostavis na ulica i pari za butel da nema daj mu kredit ...od druga strana ako imas plata 200 evra a zena ti kupuva na kreditna karticka VITON tasna od 2000 evra ...mislam se e kazano....!!! Propast i vaka i onaka...!! |
| stefan, 07.12.2012 19:01:16 | SDSM si dade uste eden avtogol,ajde neka im se mnozat!pozdrav |
| До Наудрен Македонец, 07.12.2012 23:57:04 | А , што би сакал ти од Бранко? Гаќи за Прометеј, жални врби , грчки херои на плоштад? Гревче . толку ти сече! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -3°C
Слаби снежни врнежи
|
Недела
Ведро
Макс: -1°C, Мин: -8°C
|
Понеделник
Ведро
Макс: 1°C, Мин: -4°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (22)Вознемиреноста на Стане Доланц. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|