Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.12.2012, 16:48

Интервју - Ѓаволски добро си ја знаеме работата

Љубинка Корабоска претседателката на Државната комисија за спречување корупција

Даниела Трпчевска

Kако претседател на Државната комисија за спречување на корупција, сметате ли дека институциите во земјава имаат капацитет да се справат со корупциските скандали?

Македонија, во последниве години направи сериозен исчекор во креирањето и спроведувањето на антикорупциските политики, што резултираше со значително повисоки оценки за позицијата на земјата во однос на останатите држави. Така, од 105 место во 2006 година на листата на Транспаренси, Македонија се најде на 69 место во 2012 година. Последните истражувања кои се спроведени во земјава во три сектори опфатени во Државната програма за превенција и репресија на корупцијата, споредени со слични спроведени во претходните години, упатуваат на заклучок дека корупцијата во земјата од година во година опаѓа.

Последниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија објавен неодамна, иако беше оценет како најпозитивен досега, откри сериозни слабости на полето на справувањето со корупцијата. Како да да се надминат тие? Извештајот на Европската комисија е бездруго најдобар во однос на сите досега добиени оценки и реално ги отсликува состојбите во земјата. Во однос на борбата против организираниот криминал и корупцијата, исто така се констатира напредок, се разбира во извештајот беа посочени и одредени слабости. Кога е во прашање законот, Македонија е лидер во регионот, но факт е дека недостига негово спроведување. Ако се има предвид дека антикорупциската легислатива е релативно нова, тогаш е логично што се' уште има проблеми околу спроведувањето. Не е доволно да донесете добар закон, неопходно е да се обезбедат и соодветни алатки, механизми, методологија, стручност и компетентност на органите за негово спроведување. Улогата на Државната комисија, се состои токму во тоа.



Се' погласни се критиките дека Комисијата се повлече во илегала. Реален ли е впечатокот во јавноста дека членовите на комисијата се непознати личности?

Државната комисија за спречување на корупцијата беше и останува стожер во борбата против корупцијата. Тоа го говорат резултатите од сработеното, тоа го велат и европските авторитети. Државната комисија не е оперативен орган за прогон на корумпираните. Таа, согласно законските надлежности има првенствена задача да создава долгорочни антикорупциски политики со цел да го промени општествениот амбиент во насока на стеснување на просторот за корупција и спречување на судирот на интереси. Таа обврска целосно е реализирана со донесувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата 2011 – 2015 година, за што од сите антикорупциски авторитети во Европа, добивме највисоки оценки. Морам да нагласам дека зад Државната комисија за спречување на корупцијата стојат десет години историја. Многу работи битно се променети од почетоците до денес. Тоа значи дека денес не можеме сегашноста да ја мериме со критериумите што биле применувани пред десет години. Вие зборувате за „анонимуси“, аналогно, значи постоеле „популарни“ личности. Арно ама, токму во тој период, во време на „популарните“, Македонија прогресираше на скалата на Транспаренси само за едно место, од 106 на 105 место во 2006 година. Додека, за време на „анонимните“, за вториот и третиот мандат, земјата отиде за 36 места напред, и сега е на 69 место. Значи, не е се' во популарноста стекната со раскажување и присуството во медиумите, туку во посветеноста и сериозната работа на сите полиња. Резултатите од истражувањето кое го спроведе агенцијата Рејтинг, највисока е довербата на граѓаните во нашата комисија, во однос на сите други институции. Тоа говори дека граѓаните ја идентификуваат и ја препознаваат како сериозен стожер во борбата против ова зло. Значи, тие што критикуваат, тоа го чинат од непринципиелни побуди, а членовите на комисијата, можеби не се доволно познати на јавноста, но ѓаволски добро ја знаат работата на која се посветиле, која патем кажано, професионално ја извршуваат.



Како ги доживувате коментарите на вашите претходници кои сегашната антикорупциска комисија ја оценуваат како некомпетентна и апатична, дека со „затворени очи” преминува преку појавата на судир на интереси и непотизмот во институциите?

Непотребно е да се коментираат лица зошто борбата против корупцијата не е ничие лично поле за афирмација или дисквалификација. Ние со тие коментари, апсолутно не се оптоваруваме. Овој состав на Државната комисија има оформено вкупно 169 предмети за случаи на судир на интереси, а постапувал и решил вкупно 243 предмети. Притоа е утврдено дека во 66 случаи има судир на интереси, заради што е побарано лицата да излезат од таквата состојба (најчесто од состојба на акумулирани функции), што е доследно почитувано, освен во 13 случаи кога е изречена мерка јавна опомена. Исто така, Државната комисија годинава има поведено три иницијативи за разрешување од вршење јавни овластувања и должности, од кои две се реализирани, а една е се' уште во процедура. Проблемот на непотизмот во институциите, особено во високото образование, здравството и во други јавни институции, не е создаден преку ноќ. Лоза од три генерации лица да работат во една образовна, здравствена или јавна институција, не е проблем кој е продуциран од блиското минато.



Велите дека повеќе сакате да работите, отколку да зборувате за она што сте го сработиле. Сепак, ќе ни кажете ли на кои случаи се фокусираше антикорупциската комисија во изминатиов период?

Државната комисија за спречување на корупцијата, во изминатиот период беше фокусирана пред се' на следење и проверка на анкетните листови на избраните и именувани лица, и во текот на годината се поведени 24 барања за прекршочна постапка, од кои 11 веќе се завршени и судот има изречено глоба во износ од 187.575,00 денари, поднесени се 55 барања за испитување на имот и имотна состојба, од кои во 48 случаи постапката е запрена, а во 5 случаи е донесено решение за задолжување со персонален данок во износ од 2.615.049,00 денари. Последното по основ на непријавени и неоданочени приходи, следење на финансирањето на изборната кампања на политичките партии за време на парламентарните избори во 2011 година. Дадовме и предлози за измени и дополнување на Изборниот законик и Законот за финансирање на политичките партии, зад кои застана и ОБСЕ и ОДИХР, од кои значаен дел од препораките веќе се вклучени во измените на изборната регулатива. Исто така примени се 970 претставки од граѓаните, а решени се 1.194 предмети, покренати се 21 иницијатива за кривично гонење. Од овие иницијативи за една веќе е покренато обвинение, а другите се во јавно обвинителска постапка. Државната комисија со својата работа успеа во Буџетот да направи поврат од 1.355.900 евра по основ на даноци, 21.800 евра по основ на глоба за прекршочни постапки во врска со анкетните листови и 27.000 евра по основ на прекршочни постапки за неподнесување на изјави за интереси, како и 460.104 евра по основ на персонален данок на доход.



По што ќе ја запаметиме актуелната антикорупциска комисија?

Верувам дека овој состав ќе биде запаметен по неколку работи. По посветеноста да се воведат антикорупциски политики за интегритет во сите сегменти на општественото, економското и политичкото живеење, по воведувањето на законска заштита на пријавителите на актите на криминал и корупција, како и по вклучувањето на приватниот бизнис сектор во борбата против корупцијата.

Битката против корупцијата е маратонска, а не битка на кратки патеки. Се' што работиме, не работиме затоа што тоа од нас го бара Брисел, туку работиме за да обезбедиме подобри услови за живот и работа на граѓаните и на генерациите што доаѓаат после нас.


Статијата е прочитана 2317 пати.


Испрати коментар



Грција стави рампа за „македонски“
Македонија заглави во Брисел
Светска банка во тап триаголник со СДСМ и Владата
Инспекцијата да не се меша во стручноста на лекарите
Премиерска дилема



mile, 07.12.2012 00:18:47
Pre bi rekol deka gjavolski dobro gi izvrsuvas naredbite na Grujo i familijata.............e kukle ubavo, ne si svesna vo kakva kasa si vlezena........
cane sokolovski, 07.12.2012 00:31:11
Pa sto znaci zakonot, Koraboska, ako e mrtvo slovo na papiru
gavolot, 07.12.2012 06:49:05
gavolski dobro si ja znaat rabotata, gavolski dobro znaat koj kradi, ama ne smeat da krknat. se slozuvam.
Slobodan, 07.12.2012 07:58:20
Почитуваната госпога е изгубена и во просторот и во времето. Се моли чесниот наоѓач да ја врати таму од каде што дошла. Слободан
Itar Pejo, 07.12.2012 08:13:21
Do kade stasa gjavolskata afera so telekomot? Ili toa ne e vo nadleznost na komisijata?
Podgor, 07.12.2012 09:14:30
Posle olku falbi sum vo nedoumica kolku e vazna struchnost vo rabotata i soodvetna edukacija . Stanuva i irelevanten shtrajkot na lekarite taka da moze namesto na operacija kaj hirurg da se odi kj berber ili namesto kaj internist da se odi kaj bajach i slichno
Gargamel, 07.12.2012 11:09:32
Smesno,da ne e zalno.Koraboska narodot nitu nafta pie,nitu vesla cica.Pa samo pocnete od ministerstvata,eve za transport ...Ama za toa treba -muda-,a vie,osobeno so partijskite kniski,vernite poslusnici,a dobro platenite,nitu fizicki,nitu eticki gi imate.
ФЕЛИКС, 07.12.2012 11:12:54
Е во оваа изјава лежи целиот проблем,оти се работи за ѓаволштината.Затоа одат работите како што неодат,оти треба да да се има ,,од бога дадено знаење,,.
od ostrijot, 07.12.2012 11:39:02
da pravi gavoliste malite gi fakate a golemite gi pustate od toa pogavolsko nema.
Sefot Lucifer, 07.12.2012 11:40:43
Po se izglada djavolski si ja znaete i vrsite rabotata, a sef vie e samiot Lucifer. Skri se tamu i ne treskaj zeleni ,bidejci narodot dobro znae kako rabotite i sto ste srabotile. Vie ste najgolemi sokrivaco na korupcijata i kriminalot vo drzavata , zaedno so onaa ministerka Jankulovska
Angel, 07.12.2012 12:49:15
Do sega predsedatel beshe djavol, a sega gledam djavolica. Belkim eden den ke dobieme i angel, koj angelski, a ne djavolski, ke si ja poznava i raboti rabotata.
jas, 07.12.2012 13:03:15
abe,ajde so zboris, odi skrij se tamu i ti site tie okolu tebe, na se licite, samo na toa sto treba mne
suze, 07.12.2012 15:36:36
Aбе иди бегај,добро ме насмеавте.Па и ѓаволот веќе одамна побегна одовде.
NG, 07.12.2012 17:30:50
Мала земја а голема корупција, е по тоа ке ве запаметиме. Да се укине ова бирократско оделение.
stavre, 07.12.2012 18:27:07
lele ja znam ljupka od sredno vo kicevo, hahahaha i taa stana faktor vo drzavava :))) zemjo makedonijo otide po gjavolite
Тодор, 07.12.2012 20:13:15
Е браво „претседателке„ алал да ти е за изјавата но се прашам дали знаеш каде седиш и зошто си таму.Претпоставувам дека знаеш и имаш или ќе добиеш заслуги. Ништо не изненадува сите работи ни одат по истата шема, а каде ќе стигнеме брзо ќе видиме.
Ѓаволот, 07.12.2012 23:59:39
Браво , Љубинка ,чедо мое! Кога ќе дојдеш кај мене ќе те ставам да седиш на мојата лева страна!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, -4°C

Снег

Вторник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -8°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (23)
Брежнев и Хрватската пролет.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Интервју - „Травничка хроника“ не е политичка пиеса
Режисерот Бранко Брезовец, за чија претстава во Битола постои интересирање, вели дека овој град не сака повеќе да живее ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |