Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Пролетно изборно будење

Гордана Дувњак

Ете, го доживеавме и тоа. Во неделата имавме мирен и снежен изборен ден. Без инциденти, кршење гласачки кутии, украдени изборни материјали и избркани избирачки одбори. Без непотребни тензии на гласачките места, нервозно свикани партиски конференции на кои предвреме се обвинува за фалсификат и изборни сценарија. И, што е најважно, без пукање и човечки жртви!

Да не беа некои ситни неправилности, гласањето ќе поминеше речиси беспрекорно. Здодевно и без поголема возбуда, токму онака како што многумина посакуваа, особено по ланските катастрофално спроведени избори. Се покажа дека кога нешто се сака - може и да се оствари! Рака на срце, на ваквата изборна идила им претходеа многу домашни и странски предупредувања, како и укажувања дека не смееме како држава и натаму да се коцкаме со нашите европски перспективи.

Кажано со речникот на нашиот чешки пријател Мирек Тополанек, Македонија успешно го помина првиот дел од матурскиот испит. Треба уште да се потруди да не ја расипе оценката за две недели, кога ќе треба да се докомплетира и писмениот испит.

Многу фактори влијаеја на спроведувањето на еден ваков „нормален“ изборен процес. Партиските активисти беа „ставени под контрола“, полицијата, наместо да се стави во функција на одредени партиски врвови, будно ги следеше случувањата на сите проблематични црни точки. Сепак, најголеми честитки и овој пат заслужија граѓаните. Македонскиот електорат покажа зрелост и завидно ниво на интерес за остварување на избирачкото право и покрај лошото време невообичаено за првиот ден на пролетта.

И покрај сложениот изборен процес, кој подразбираше во еден ден да се организираат два вида избори: претседателски и локални, сепак, државното изборно тело не ги испушти конците од рака. Ако постоеја одредени забелешки околу нивната пасивност и нереагирање за периодот пред официјалната изборна кампања, на денот на изборите се покажаа будни. Државната изборна комисија демонстрираше невообичаена експедитивност во обработката и соопштувањето на првичните официјални резултати, што не остави простор за партиски манипулации.

Навистина, изборниот скор не е конечен, но не може да се пренебрегне големата резултатска надмоќ на владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Поддршка, која се' уште не е поматена ни со негативните ефекти од економската криза, расипништвото со државните пари, скапите и јалови реклами, како ни со лошите политички потези на домашен и на меѓународен план. Владиниот кредит наречен „промени во 100 чекори“ сега дополнително е вкалкулиран и во градењето на локалната општинска архитектура, која цело ова време беше здушно потпомогната од извршната власт.

Владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 23 градоначалнички места уште во првиот круг, во водство е во повеќе градови, а има и завидна предност на гласови во трката за двете високи функции во државната хиерархија. На прагот е на освојување на двата толку посакувани трофеја: шеф на државата и прв човек на главниот град. Но, и на чекор кон добивање апсолутната власт, што носи уште поголема одговорност во непреченото владеење.

Аргументите на опозицијата останаа недоволно разбрани од избирачите, поради што нив допрва ги очекува ново соочување, но најпрво со самите себе. Левоориентираните социјалдемократи ќе треба да изодат макотрпен пат за да ги убедат граѓаните дека се вистинска алтернатива, која има идеи и решенија, а не е само политичка опција која знае да критикува.

„Македонија се буди зашто се отфрли транзициската политика, зашто им ја даде довербата на оние што ќе го задржат идентитетот и нема да го сменат името на државата“, изјави Влатко Ѓорчев во име на Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Прашање е само како владејачката партија ќе им го објасни овој свој ригиден став на своите партнери, од кои чека поддршка во вториот круг, а се определени за европска Македонија.


Статијата е прочитана 1071 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 24.03.2009 00:07:20
Ne znam sto e poloso - katastrofalni izbori na koi pobeduva normalen kandidat, ili normalni izbori na koi pobeduva katastrofalen kandidat. Slucajot so Ivanov povekje odgovara na vtoriot opis :)) Napred FYROM vo novi pobedi :P
Од: Pirin
Датум: 24.03.2009 00:51:17
"za makedonec od EU" ama makedonec od EU,strasen komentar, pazi ej da ne puknes od demokratijata na EU ,makedonec nikogas ne ja narekuva sopstvenata makeodnija pogrdno , ti si nekoj izrod .
Од: Ginis
Датум: 24.03.2009 01:18:14
Predlagam VMRO-DPMNE da se kandidira za Ginisov rekord. Za pomalku od edna godina odrza edni katastrofalni i edni normalni izbori. Ama vo matematikata minus pomnozen so plus dava MINUS.
Од: Petre
Датум: 24.03.2009 01:44:11
podobro neiskusen kandidat no iskren i otkolku neviden hohstapler i petokolonas, na platen spisok na neprijatelot na Makedonija... a dosta so imeto, imeto voopsto ne e Motivot zaradi koj Grcija upotrebi Veto... imeto bese formalen razlog, no i toa e razotkrieno, ke mora Grcija na megunaroden sud da objasni zosto ne ja priznava vo Bukurest i referencata ozvanicena vo OOUN.. imase ubavo kazuvanje na Kiro Gligorov za problematikata..
Од: Monstruozen izboren spisok
Датум: 24.03.2009 01:48:56
Zacuduva toa sto stranskite nabljuduvaci, a ne opozicijata go pokrenuva prasanjeto za neregularnosta na izborniot spisok!? Poznato e deka izborniot spisok bes ,,zagaden,, neposredno pred parlamentarnite i pretsedatelskite izbori vo 1994 godina i eve veke 15 godini nikako ne moze da se ,,iscisti,,!? Vakviot izboren spisok redovno se zloupotrebuva, na cuden nacin, od strana na vlasta koja gi sproveduva izborite i nikoj vo drzavata ne pokazuva interes toj definitivno da se ,,stokmi,, taka kako sto treba da bide. Enigmata so izborniot spisok, za zal, i natamu ostanuva neodgatnata!
Од: Gotti
Датум: 24.03.2009 02:05:04
Makedonec (ovchar)od EU.Se nekako si mislam deka ti i "Itar Pejo" si eden ist komentator.A za VMRO sto ke pobedi-ke pobedi g-gjo novinarke-od ednostavna pricina sto 1)kandidatite na SDSM ne se najdobroto sto ovaa partija moze da go ponudi(Frckoski,Zaev,Buzlevski), 2)Neotstranuvanjeto na biznis kriminalnata elita od partijata 3)strav od vnesuvanje na mladi prosperitetni kadri vo partijata 4)Iako i vlasta tapka vo mesto,sepak na ekonomski plan SDSM nemaat apsolutno nikakov plan,osven kritika kon vlasta-sto ocigledno ne e vo korist na SDSM. Ako se napravat promeni vo ovie oblasti-togas ke imame edna moderna silna levica.Megjutoa dali nekoi rakovodni kadri se spremni da im ja prepustat foteljata na mladi nadezni i cesni lugje???Vremeto ke pokaze.
Од: Трпе
Датум: 24.03.2009 09:12:06
Човек што сам ке си направи ни ѓаволот толку неможе да му наштети.Нашиот народ многу лесно пага на ефтини штосови а мака му е кога мора да трпи.Тоа што ке си го приготват мора и да си го кркат.Многу пати имам спомнато дека се од нас зависи.Тоталитарна власт е опасна и погубна и во развиени земји.
Од: Razbuden
Датум: 24.03.2009 13:11:46
Vi sok od izbornite rezultati i doagjackiot poraz, v.d. gradonacalnikot na Opstina Karpos za cela administracija ja zabranil posetata na sajtot na DIK. Ako imate profesionalna doblest-proverete!!!
Од: blazo0870
Датум: 24.03.2009 17:14:04
ne pcue ,ne vrega, ne tepa zeni na javni mesta.umeren e ,poznat profesor,kandidat na do bitnicka partija,sto sakate poveke ,imate sansa za 13dena da go demantirate,pa povelete.a ako ne togas zamolcete.

Најди! во Утрински
Насловна
Трајановски и Петковски во трка за првата фотелја на Скопје
Пишувањето не е само машка работа
Иванов или Фрчкоски
Владата пак ќе се задолжува, старите долгови стасуваат
Невработени се множат
И Холбрук дигна раце од Привремената спогодба
ВМРО-ДПМНЕ не триумфира како што најавуваше
Тортура во затворот во Шутка, четворица стражари ќе добијат откази
Снег на Попова Шапка како пред 40 години
Загреб - Белград - Љубљана
Земја на магијата
Во продажба евтиниот индиски „нано“
Verbatim