Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Снег на Попова Шапка како пред 40 години

Зимско-туристичкиот центар Попова Шапка е со снежна покривка од над 2,5 метри

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Зимско-туристичкиот центар Попова Шапка е со снежна покривка од над 2,5 метри. Така покажуваа вчерашните мерења во што и сами се уверивме. Попова Шапка е убава кога целата е во белина. Ваква ретко се памети, а уште помалку со нови врнежи во третата декада од март.

Погледот кон Попова Шапка завршуваше некаде во високите столбови на жичарниците и ски-лифтовите, во хотелите и викендичките кои како да покажуваа половина од нивната вистинска висина.

„Не само Попова Шапка, туку цела Шара годинава е онаа вистинската каква што е потребна за Полог. Се сеќавам, вака беше пред 40 години кога снегот се доближуваше до стреите на куќите. Но, тоа се случуваше во јануари или февруари 1968 година, а не вака доцна. Паметам дека тоа лето Шар Планина остана шарена речиси преку цело лето. Снегот, сепак, не беше повисок од сегашниот“, зборува Шукри Мухареми од Шипковица, кој веќе ја надминал осмата деценија од животот.

Патувањето до Попова Шапка е исклучиво со моторно возило. Бевме пријатно изненадени од одржувањето на регионалниот пат, чија должина е 20-ина километри. Меѓутоа, збунувачки беше кај местото Сидол до хотелските капацитети. На овој простор висината на снегот од двете страни на коловозот надвишува два метра. На некои места сообраќајните знаци речиси и не се забележуваа пропаднати во снегот. Снег врнеше два дена, до неделата напладне, велат вработените во зимско-туристичкиот центар „Попова Шапка“.

На повеќе места ветрот го навевал, а на тие места снежната покривка надминуваше и три метри. Попова Шапка ја затековме без врнежи, но на неколку места, особено околу Голгота, ветрот го занишуваше возилото. Коловозот беше стеснат на само три метри широчина. Темните облаци што во меѓувреме ја прекриваа Попова Шапка најавуваа нови врнежи и нови таложења снег.

„Ја имав таа среќа овде да бидам токму во деновите на најголемите врнежи. Дојдов во петокот. Одушевен сум од тоа што го доживеав овие три дена. Сум ја видел Попова Шапка со многу сонце и мирно време, со малку снег, па дури и со отежнати можности за скијање. Првпат ми се случува да ја доживеам ваква, тоа е вистинско задоволство за мене“, беа зборовите на Хазби Гафури од Призрен, соседно Косово, кого го сретнавме во хотелот „Славија“.

Мирче Трпевски, вработен во зимско-туристичкиот центар, вели дека оваа зима на Попова Шапка е забележано зголемување на бројот на ноќевањата за 50 отсто, или заклучно со вчерашниот ден ноќевале околу 8.000 гости.

„Имаме најави и за април. Моментно овде престојуваат 40-ина, главно, од Косово, Албанија, Хрватска, Србија, Словенија, а најмногу од нашата земја. Снегот овозможува продолжување на скијачката сезона барем за еден месец. Тоа не е мала работа. Наше е да го зачуваме, а ратраците редовно го одржуваат, особено на скијачките патеки“, со задоволство вели Трпевски.

Први соседи на Попова Шапка од кај Аеродромот, како што се нарекува месноста, се жителите на селото Јеловјане. Тоа е пониско за околу 500 метри, но е со снежна покривка која надминува еден метар. Во Јеловјане ни рекоа дека и за неделното гласање членовите на избирачките одбори можеле да дојдат само до под селото. Нагоре било блокирано од снегот.

Мисим Мисими е единствениот што има стадо од 200 овци. „Бачилото ми е над селото во близина на каналот. Ниту овците можат да излезат, ниту, пак, јас можам да ги истерам“, рече Мисими.


Статијата е прочитана 3184 пати.

Испрати коментар

Од: Dr Stojadin B.Naumovski - Coci/SAD
Датум: 24.03.2009 02:54:07
Blagodarnost do tetinot Gojko Eftovski za prekrasiot napis za Popova Shapka. Ako ima nesto za sto vredi da se preleta preku okeanot toa e sekako i sneznata ubavica vo vakvo ruvo. Mi se cini deka i Misim Misimi od Jelovjane sum go sretnal vo Jelovjane pred poveke godini, zatoa i do nego pozdrav kako i do site negovi soselani koi mi bea domakini 1981 koga go pravevme popisot na naselenieto, a i do sosedite od s. Urvic. Eve prilika za fotografite da ja slikaat P.Shapka i da ucestvuvaat na nagradniot konkurs na www.popovashapka.com Fotografiite so licni podatoci za avtorot ispratete gi na [email protected] Pokraj prvata nagrada ke otkupime i pristoen broj fotografii.
Од: Kocev
Датум: 24.03.2009 05:49:43
Priordata obdarila, bez somnenie bila mnogu blagonaklona koga daruvala, no sto storil covekot. se dodeka ne se koncesionira ovoj biser, i toa od nekoj sto znae i umee da stopanisuva so vakvi kapaciteti sudbinata na ovaa ubavica e neizvesna. pozdrav do site ljubiteli na prekrasnata Sapka.
Од: sosedno Kosovo
Датум: 24.03.2009 05:58:15
"Првпат ми се случува да ја доживеам ваква, тоа е вистинско задоволство за мене“, беа зборовите на Хазби Гафури од Призрен, соседно Косово, кого го сретнавме во хотелот „Славија“." Se prasuvam koj i kako se drzna fantomskata NATO tvorba Kosovo-drzava da go izdvojuva nadvor od suverena drzava.I tajvan bese soseden, pa odednas stana dalecen
Од: Goran
Датум: 24.03.2009 08:15:12
malku se utnale. Prvi ziteli na Sapka se od Lisec,,, a Jelovjane e malce po nakaj gostivar.
Од: Komentator
Датум: 24.03.2009 11:35:25
Koga nasata ubavica Sara i ubavecot Pelister ke zabelat..i koga ke gi osvetli sonceto ..Slovencite so nivnite Alpi ..mozat da si ja svijat opaskata...Zalno e samo za nas... sto Slovencite znaea toa da si go iskoristat od boga dadeno a nie doprva trebe da se ...UCIME !!!
Од: Buljugija
Датум: 24.03.2009 11:47:19
Da,Goran e vo pravo.. Lisec e do Popova Shapka. Znam sigurno zatoa sto moite se od Urvic:) Shar planina e najubavoto mesto i zal mi e sto ne sum sega tamu da ja vidam vo nejzinata cela raskosh.

Најди! во Утрински
Насловна
Трајановски и Петковски во трка за првата фотелја на Скопје
Пишувањето не е само машка работа
Пролетно изборно будење
Иванов или Фрчкоски
Владата пак ќе се задолжува, старите долгови стасуваат
Невработени се множат
И Холбрук дигна раце од Привремената спогодба
ВМРО-ДПМНЕ не триумфира како што најавуваше
Тортура во затворот во Шутка, четворица стражари ќе добијат откази
Загреб - Белград - Љубљана
Земја на магијата
Во продажба евтиниот индиски „нано“
Verbatim