Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Европа - Балкан

Загреб - Белград - Љубљана

Иван Торов

Какви се' пораки можат да се извлечат од посетите на Борут Пахор и на Иво Санадер на Белград?

БЕЛГРАД - За кратко време Србија нагости двајца важни регионални гости. Најпрвин, словенечкиот премиер Борут Пахор и големата делегација словенечки стопанственици, а на крајот од минатата недела и гостите од Загреб, кои ги предводеше претседателот на хрватската влада, Иво Санадер. Иако посетите не донесоа некои спектакуларни резултати, тие, сепак, не беа ни најмалку рутински, односно протоколарни. Колку поради намерите на лидерите на трите водечки (бивши) југословенски републики, сега самостојни држави, да манифестираат дека наследството од блиската историја не смее да биде пречка за соработка, особено сега кога економските неволји (навистина, не подеднакво) сериозно ги потресуваат сите три држави, толку и да покажат дека и во изменети околности, со зголемен арсенал на меѓусебни побарувања и долгови, можат да одиграат улога на клучни фактори, пред се', на регионалната стабилност.

Засилената дипломатска „офанзива“ на Белград, всушност, би можела да се протолкува и како своевидно одмерување на силите на трите држави, кои, навистина, се на различни (развојни) позиции, но и во речиси подеднакво непријатна ситуација своите нерасчистени сметки во меѓусебните односи, од кои повеќето датираат уште од времето на распаѓањето на СФРЈ и војните, да се обидат да ги намират. Словенија, како членка на ЕУ, има тежок, пред се', граничен проблем со Хрватска, оваа, пак, во завршна, би се рекло, критична фаза на преговори за пристапување кон Унијата, големи спорови со сите соседи, кои - ако се занемарат - можат да ја турнат на погрешен пат. Србија, пак, како земја на последно место на европските интеграции, распната меѓу националистичкото наследство од минатото и некакви не толку уверливи амбиции на нејзината сегашна владејачка гарнитура да ги помири „старото“ и „новото“, настојува да го поправи својот прилично нарушен рејтинг-фактор на регионалната стабилност, така што ќе ја прифати улогата на актер на чии „услуги“ м��жат да сметаат и Љубљана и Загреб. Тоа на Белград сега му е многу потребно, зашто и самиот се соочува со тешки искушенија како да ја задржи досегашната, според многу оцени, прилично крута дипломатска активност за „одбрана на Косово“, а да не и' ги затворат европските врати. Имено, симптоматично е дека веќе неколку години, практично од убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, па се' до денес, најрелевантните европски и светски лидери ја заобиколуваат Србија уверени дека српската политичка и државна олигархија (ни претходната со Коштуница како предводник, а ни оваа сегашната, на Тадиќ) ни девет години од паѓањето на Милошевиќ не расчисти со неговото наследство. Уште повеќе, во последно време јакне загриженоста, па и стравот од некаква форма на реставрација на владеењето на Милошевиќ.

Сепак, последната, трета посета на Санадер на Белград по многу нешта излезе од рамките на дипломатската куртоазност. Пред се', по исклучителната срдечност на неговите средби со српскиот премиер Мирко Цветковиќ и со шефот на државата, Борис Тадиќ. Таа срдечност, логично, не им се допадна многу на националистичките кругови и во Загреб и во Белград, кои остануваат на ставот дека едни на други толку должат што практично нема воопшто место за некаква соработка, ни за заемно простување, но навести дека двете држави, соседи, се подготвени, барем во дипломатската реторика, да го прескокнат прагот на тешките спорови и да воспостават комуникација која благотворно ќе дејствува на регионалните прилики. Повеќе пати повторуваната изјава на Санадер дека Хрватска, кога (3 април) ќе влезе во НАТО, а потоа и во ЕУ, кон Србија нема да се однесува онака како што сега се однесува Словенија спрема Хрватска, блокирајќи ги нејзините завршни преговори со Брисел, од една страна, е протолкувано како своевидна порака до Љубљана дека отиде предалеку во опструкцијата на хрватскиот пат во Европа, од друга страна, како сигнал на Белград дека Хрватска во односот на блиското минато, свртела нова страница и дека такво нешто очекува и од српските официјални личности. Се чини дека таа порака во Белград е примена со (дозирано и претпазливо) задоволство. Имено, двете страни се согласни дека уште не е созреано времето да се решат сите спорови во меѓусебните односи, како на пример хрватската тужба за геноцид, српската контратужба против Хрватска, хрватското признавање на независно Косово, враќањето на избеганите Срби, граничниот проблем на Дунав и реализирање на договорот за сукцесија на имотот на бившата заедничка држава. Предност и' е дадена на обостраната политичка волја односите да се подобрат и во тој контекст е намерата на хрватската влада на Србија да и' ја отстапи комплетната преведена документација за зачленување во ЕУ, како и идејата на Иво Санадер српската и хрватската влада еднаш годишно, наизменично во Белград и во Загреб, да одржуваат заедничка седница.

Очигледно е дека во оваа прилика надвладеа дневниот прагматизам. Големите теми (и спорови) се оставени за „кога ќе им дојде време“. Хрватската јавност со забележливо задоволство ја прими изјавата на Борис Тадиќ дека „која било идеја за голема Србија од Карлобаг до Вировитица е минато“, српската, пак, уверувањето на Санадер дека Хрватска ќе и' помага, а не одмага на Србија. Сето тоа, во извесна смисла, сугерира заклучок дека двете страни се задоволни и со овие, нема сомнение, повеќе симболични потези. Што ќе рече, голема работа е самиот факт дека Србија и Хрватска преговараат и соработуваат, исто онака како што тоа со години веќе го прават „вечните непријатели“ Германија и Франција.

Сепак, за експертите и аналитичарите на регионалните прилики и натаму останува актуелната дилема што се крие зад сето ова: трезвено соочување со фактот дека тешките проблеми не можат да се решат преку ноќ и дека треба стрпливо, еден по друг, да се отстрануваат, или станува збор за случаен дипломатски ритуал, некои велат, дневнополитички маневар и на Белград и на Загреб со цел на патот (преполн со дупки и пречки) кон Европа да се собере по некој политички поен во - Брисел.


Статијата е прочитана 915 пати.

Испрати коментар

Од: paganini
Датум: 24.03.2009 11:31:24
Сега гледам зошто сте БЈРМ-уште гледате во СХС(Белград_Загреб_Лјублјана).СХС,Караџорџева Југославија,Титова Југославија,Слобова СРJугославија ги нема и de facto и de jure.Taa е уште само во вашите глави.Вашиот ропски дух е сеуште затворен во шише.Кави биле односите меѓу горенаведените држави е нивна работа.Или можеби сеуште чекате некој друг на ваша сметка а во свое име да ви ги решава проблемите, P.S.- ДЕНЕС Е 24,03,1979,-ТИТО Е ЖИВ пардон 24,03,2009, БЈРМ слави-Друже Тито ми ти се кунемо да са твога пута не скренемо.ЗА СРМ СО ТИТО НАПРЕД,АЛЕКСАНДАР ПО НЕГО
Од: dule
Датум: 24.03.2009 12:56:35
Една работа се ова е во ред, но само една работа се заборава се говори само за поврат на срби, кои кога ќе дојдат треба да научат дека се прво хрвати, а потоа се друго бидејќи живеат во Хрватска или уште ќе мислат на Грашанин и неговата теорија. И да не се заборави на хрватите во Војводина кои се протерани во 1991.година. а не само да се збори за србите боже се бели мечки.
Од: analitichar
Датум: 24.03.2009 15:44:49
Sega gledam kolku Tito bil vo pravo so idejata za Balkanskafederacija,ama Staljin go soprel.Idejata na Tito bila da se napravi federacija so site Balkanski drzavi(neshto kako EU)i vo taa federacija bi bile zdruzeni nad 100 milioni lugje,so izlez na Jadransko i Jonsko more,so izlez na Egejsko more,ama ne mu dale.Stalin go likvidiral Gjorgji Dimitrov za prifakanje na takva ideja,a pokasno site nastojuvaa i taa mala Federacija da propadne.

Најди! во Утрински
Насловна
Трајановски и Петковски во трка за првата фотелја на Скопје
Пишувањето не е само машка работа
Пролетно изборно будење
Иванов или Фрчкоски
Владата пак ќе се задолжува, старите долгови стасуваат
Невработени се множат
И Холбрук дигна раце од Привремената спогодба
ВМРО-ДПМНЕ не триумфира како што најавуваше
Тортура во затворот во Шутка, четворица стражари ќе добијат откази
Снег на Попова Шапка како пред 40 години
Земја на магијата
Во продажба евтиниот индиски „нано“
Verbatim