Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Во продажба евтиниот индиски „нано“

Најевтиниот автомобил во светот, од компанијата „Тата моторс“ чини само 1.500 евра

МУМБАИ - На пазарот е пуштен најевтиниот автомобил во светот - „нано“ од компанијата „Тата моторс“. „Нано“ чини само 1.500 евра и е пуштен на пазарот во Мумбаи, пред да почне продажбата низ цела Индија во следните 10 дена. „Тата“ се надева дека три метри долгиот и со пет седишта автомобил ќе биде доволно евтин за да охрабри милиони Индијци да ги заменат мотоциклите. Аналитичар на случувањата во автомобилската индустрија проценува дека ќе бидат потребни пет или шест години „Тата“ да почне да профитира од „нано“. Моделот „нано“ со четири врати има 33 кс на кочниците и 624 кубни сантиметри отвор во задниот дел. Основниот модел нема воздушни перничиња, клима уред, радио или сервоуправувач. Меѓутоа, на пазарот ќе излезе и полуксузна верзија.

Малку поголемата европска верзија, „нано Европа“ ќе се појави на пазарот во 2011 година и се очекува да чини приближно околу 4.000 фунти. Аналитичарите посочуваат дека ако автомобилот стане хит на домашниот пазар, „Тата“ можеби ќе се обиде да ги задоволи побарувањата. Причина за ова е што главната фабрика за производство на „нано“ во западната држава Гуџарат ќе има капацитет да произведе 250.000 автомобили годишно, но ќе почне со работа идната година. Во меѓувреме „Тата“ ќе биде во можност да произведе околу 50.000 автомобили „нано“ во постојните капацитети. Одложувањето се случи поради тоа што „Тата“ требаше да ги напушти плановите за производство на „нано“ во новата фабрика во источната држава Западен Бенгал поради спорот околу земјиштето купено од фармерите. Ова беше причината производството на „нано“ да биде одложено за шест месеци. Управниот директор на „Тата“,Рави Кант, изјави дека резервациите за автомобилот ќе почнат да се примаат на 9 април, и дека со ждрепка ќе се извлечат првите 100.000 лица кои ќе го добијат својот „нано“. Испораката на автомобилите ќе почне од јули. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 4411 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 24.03.2009 00:28:52
Demek Nano znaci malo. Nano auto: najniska cena. Nano Ruzin: najmalku glasovi.
Од: gavol
Датум: 24.03.2009 00:50:20
A koga ke dojde kaj nas vo Makedonija vo prodazba bidejki ovoj avtomobil e kako stvoren i za nasi uslovi, posebno za gradski soobrakaj i za invalidizirani lica na koj im e potrebno samo kako prevozno sredstvo a ne kako luksuz, a i cenata za nasi uslovi i za taa katergorija gragani e prifatliva.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 24.03.2009 01:09:58
Nano mozok = Gjole (who??)
Од: Petre
Датум: 24.03.2009 01:17:13
nie iako ne sme vo EU, so strogata Homologacija go dadovme gazot pod kirija na interesite na lobito koe uvozuva avtomobili i Enormno zarabotuva..Bugarija sto e vo EU ima slobioden uvoz na eftini polovni vozila ( poradi toa duzina makedonci stanaa bugari) a mislam deka imase i eftini mali Ladi sto ne bea EURO4.. znaci nie se praime pogolem katolik od Papata...
Од: Maja
Датум: 24.03.2009 05:44:49
he he. sto ti e analogija.
Од: Angele
Датум: 24.03.2009 09:36:13
Hehe od sabajle vaka nekoj koga kje te nasmee....
Од: Kristina
Датум: 24.03.2009 10:39:37
Znaci ovie Itar Pejo i kompanija namesto da tropaat glusposti i da me zamaraat so politika da ispadnea MAZI i da kazea kako da uvezeme vakvi koli. Ama toa ne se MAZI oti se krijat--- toa e dosta da znaeme so koj si imame rabota. Dosta od politika i nesoleni segi. BIDETE MALKU PO PRISTOJNI. potrudete se barem
Од: Jas
Датум: 24.03.2009 11:23:12
politikata tolku mnogu ve obzemala sto na sekoja statija komentirate politicki... tazno e malce..... i posle nemalo dekmokratija i politika kaj nas,... pa od tolku politicari, sigurno ke najdes i demokrati... :-)
Од: od toni gv
Датум: 24.03.2009 13:59:21
da nano evo indija najevtino 1500eur.a kaj nas ce bide 5000eur
Од: Dejan
Датум: 24.03.2009 14:11:43
ubeden sum deka TATA ne izmisli topla voda. TIKO i MARUTI sigurno tolku cinele tamu kaj sto se proizveduvale, ama ovde se prodavaa za 4500e.Taka ke bide i so TATA.Nema da ima model ispod 4500e.

Најди! во Утрински
Насловна
Пишувањето не е само машка работа
Пролетно изборно будење
Иванов или Фрчкоски
Трајановски и Петковски во трка за првата фотелја на Скопје
Невработени се множат
И Холбрук дигна раце од Привремената спогодба
ВМРО-ДПМНЕ не триумфира како што најавуваше
Владата пак ќе се задолжува, старите долгови стасуваат
Тортура во затворот во Шутка, четворица стражари ќе добијат откази
Загреб - Белград - Љубљана
Снег на Попова Шапка како пред 40 години
Земја на магијата
Verbatim