Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Трајановски и Петковски во трка за првата фотелја на Скопје

Половина од десетте скопски општини добија градоначалници во првиот круг

Сања Наумовска

Коце Трајановски од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и заедничкиот кандидат на НСДП и СДСМ, Тито Петковски, ќе се борат во вториот круг за градоначалничката фотелја во Скопје. На 495 избирачки места во главниот град гласале 226.466 избирачи, од кои за Трајановски се определиле 98.144, а за Петковски 57.568 гласачи. Најмногу советници во Советот на Скопје ќе има од редовите на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, потоа од СДСМ, а на третото место, според гласовите на скопјани, е советничката листа на ДУИ.

Од десетте скопски општини, во половината изборите завршија во првиот круг. Градоначалници станаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Ивица Коневски, во Бутел, Петре Латиновски, во Гази Баба, Тони Трајковски, и во Ѓорче Петров, Сокол Митровски. Во Сарај, следните четири години градоначалник ќе биде Блерим Беџети од ДУИ, кој доби приближно двојно повеќе гласови од второпласираниот Сабахудин Мамути од Нова демократија.

Во Аеродром, Ивица Коневски со 6.500 гласа разлика го победи социјалдемократот Тихомир Илиевски. Во оваа скопска општина и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ доби најмногу гласови пред листите на СДСМ и на ВМРО-ДП и ТМРО-ВЕП.

Ново-стариот градоначалник на Бутел, Петре Латиновски, во првиот круг од локалните избори ја доби довербата на 51,06 проценти од гласачите, наспроти второпласираниот Миодраг Цениќ од СДСМ, кој освои три пати помалку гласови. Во Советот на Бутел најбројни ќе бидат советниците на ВМРО-ДПМНЕ, потоа од СДСМ, а ќе има и од редовите на ДУИ, ПОДЕМ и ДПА.

Од вкупно 97 отсто обработени податоци, во Општина Гази Баба, во првиот круг градоначалник стана кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски, кој освоил 54,08 проценти од гласовите. Во градоначалничката фотелја во Ѓорче Петров останува Сокол Митровски од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 59,52 проценти или 19.582 гласа. Новиот градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, во првиот круг освои 55,84 проценти од гласовите.

Според Државната изборна комисија, вчера беа обработени 92,35 проценти од пристигнатите податоци за Градот Скопје. Веднаш зад Трајановски и Петковски, кои за две недели во вториот круг уште еднаш ќе ги одмерат силите, на третата позиција се наоѓа кандидатот на ДУИ, Шефкет Зеколи со 24.294 гласа. Зад него е кандидатот на Нова демократија, Аргтим Нагавци, кој освои 13.058 гласа, а на петто место е Мирјана Најчевска од ЛДП со 7.585 гласа. Лазар Еленовски од Социјалдемократската унија освои 5.772 гласа, Драги Колчаковски од ВМРО-Народна партија 2.542, кандидатот на ВМРО-ДП и ТМРО-ВЕП, Страшо Ангеловски 2.301, а Душко Поповски од Либералната партија на Македонија 1.248 гласа. За кандидатот на Народното движење на Македонија, Јанко Бачев, гласале 1.228 гласачи, а за Трпе Груевски од СДПМ - 600 гласачи.

Гласање во втор круг на локалните избори ќе се организира во општините Центар, Карпош, Чаир, Кисела Вода и Шуто Оризари. За градоначалничкото место во Центар ќе се борат кандидатите на СДСМ, Мирослав Вуиќ, и на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ. Вуиќ во првиот круг освои 38,07, а Тодоровиќ, 42,42 проценти од гласовите. Во Карпош, по обработени 84 отсто од податоците, во вториот круг влегуваат кандидатот на ЛДП, поддржан од СДСМ и НСДП, Стевче Јакимовски, и актуелниот в.д. градоначалник Сашо Димиќ.

Во Општината Кисела Вода битката за градоначалничката функција ќе ја водат Марјан Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ и Благоја Симоновски од СДСМ. Ѓорчев во првиот круг ја добил довербата на 47,21 процент од гласачите, а Симоновски на 26,36 проценти.

Во вториот круг противкандидат на актуелниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити од ДУИ, ќе му биде Фатмир Етеми од Нова демократија. За прв човек на Општина Шуто Оризари во игра во вториот круг остануваат Елвис Бајрам од Сојузот на Ромите, кој освои 30,12 проценти, и Курто Дудуш од коалицијата „Заедно за Шуто Оризари“, кој ја доби довербата на 34,57 проценти од гласачите.


Статијата е прочитана 1411 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 24.03.2009 00:08:41
Tolku li e tesko za gradonacalnik za Skopje da se bira od kandidati koi se OD SKOPJE? Ili vo ovcarskata partija nema kandidati rodeni vo grad? :-)
Од: miki maus
Датум: 24.03.2009 00:14:07
ne gledam trka.ce ima samo potvrduvanje na koce trajanov
Од: Trpe original
Датум: 24.03.2009 01:15:38
Neznam samo edna rabota a toa e koga SDSM ke se svesti i ke uvide deka vecniot soncogled Petkovski i nasilnikot Frckoski se gubitna kombinacija,za nasa zal!!!
Од: Marx
Датум: 24.03.2009 01:38:49
Edno prasanej: kako moze da glasate za covek sto saka da go restartira saatot na stara zeleznicka da sviri po edna narodna pesna na sekoj cas?
Од: do makedonec odu
Датум: 24.03.2009 09:08:44
e mn bolno e da izgubis od "ovcari" a ti gradski.....
Од: Ajlin
Датум: 24.03.2009 11:31:00
Uste ednas treba da se svesata moite zoziteli Makedonci.Ke dobije vo skopje toj koj ke bide odrzan od albancite, isto vazi i za pretsedatel.
Од: koki
Датум: 24.03.2009 15:06:49
Zalno Skopjani koj ke ve predstavuva kako GRADONACALNIK - SRAM
Од: igor
Датум: 24.03.2009 15:12:08
jas stvarno ne znam koi se tie luge sto glasaat za covek kako Tito Petkovski?

Најди! во Утрински
Насловна
Пишувањето не е само машка работа
Пролетно изборно будење
Иванов или Фрчкоски
Владата пак ќе се задолжува, старите долгови стасуваат
Невработени се множат
И Холбрук дигна раце од Привремената спогодба
ВМРО-ДПМНЕ не триумфира како што најавуваше
Тортура во затворот во Шутка, четворица стражари ќе добијат откази
Снег на Попова Шапка како пред 40 години
Загреб - Белград - Љубљана
Земја на магијата
Во продажба евтиниот индиски „нано“
Verbatim