Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Невработени се множат

Маја Томиќ

Македонија никако да се ослободи од баластот на невработеноста. Се' построгите инспекциски контроли, кои често резултираат со пријавување во работен однос на диво вработените, 15.000 нови вработувања само во текот на јануари, владините политики за зголемување на вработеноста, наводните странски инвестиции кои требаа да направат бум од вработувања, сите тие потклекнаа пред моќта на кризата, која почна да регрутира нови невработени.

Додека малку не' охрабрија бројките за 2008 година, според кои стапката на невработеност забележа намалување од 1,9 проценти, од скоро се свртеа работите. Само за еден месец, или од почетокот на годинава, до крајот на февруари нивниот број скокнал за 2.700. Бројката од 357.115 невработени на крајот на февруари, пак, е поголема за 7.752 од онаа во декември 2008 година.

Пострашно од бројките се реалните факти, кои говорат дека тенденцијата на раст на невработеноста нема шанси брзо да запре. Туку многу веројатно е дека таа ќе расте во следниот период. Според синдикалните анализи, во изминатите шест месеци бројот на невработените е зголемен за околу 20.000, а стапката на невработеност од 33, скокнс на 40 отсто.

Најмногу настрадаа металската, текстилната и кожарската дејност, кои имаат се' помалку работа и затоа дел од нив делумно или целосно ги затворија погоните, а секојдневно отпуштаат по стотина и повеќе работници, ги праќаат на принуден или ги прогласуваат за технолошки вишок.

Владата досега не покажа многу загриженост ниту подготвеност да и' помогне на економијата, како што го направија тоа многу влади во светот. И на самиот пазар нема никакви сигнали дека бргу ќе излеземе од оваа состојба.


Статијата е прочитана 971 пати.

Испрати коме��тар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 24.03.2009 00:14:40
Na ovcarot mu odgovara da ima sto povekje nevraboteni. Toa se lugjeto koi zaradi vetuvanje za rabota, se spremni mesec dena da pominat vo avtobus, vreskajki na mitinzi sekoja vecer i lepejki plakati sekoja nokj :-)
Од: svetle, graz
Датум: 24.03.2009 00:29:06
Tolku golema nevrabotenost e sramota za drzavata, a poveke za narodot koj glasa na izbori. Zal mi e za moite rodnini vo mojata zemja, ama vo drzava (za zal ne moze ni taka da se narece) so vakvi plati, kvalitet na zivot i stapka na nevrabotenost, tesko mladite. Edinstvena nadez e da se ukinat vizite za da mozat da migriraat od zemjata. Pozdrav za neosvesteniot makedonski narod
Од: gledacka
Датум: 24.03.2009 00:33:26
40% ocekuvana nevrabotenost! Belki vladeackata koalicija ne ocekuva ovie 40% da glasaat za nea...Pa neka glasaat gragjanite za nivniot kandidat koj vo svoite ingerencii ima i potpisuvanje na zakoni doneseni vo Parlamentot. A kojznae uste kolku zakoni ni tokmi vladeackata partija?
Од: Nevraboten
Датум: 24.03.2009 01:21:00
i jas sum nevraboten, ama od vremeto na Bucko (2006), koga nemase svetska kriza.. ne proglasija tehnoloski visok nas sto rabotavme direktno vo proizvodstvo, a ostanaa stari sekretarki sto znaeja samo telefon da dignat.... i sto mislite za kogo ke glasam ??
Од: do gledacka
Датум: 24.03.2009 01:27:11
Sogledajte gi dobro faktite i so cista sovest kazete koj bese na vlast koga nasilno se izbrkaa 300 000 lugje i firmite namerno bea staveni pod stecaj.Nema da spomnuvam partii i premieri-megjutoa bidete realni i barem kazete si ja vistinata na samite sebe.Istoto se odnesuva i do pocituvanata novinarka.Makedonija ne e nekoja ekonomska sila pa da bide imuna na krizata.Ne poddrzuvam nikoja politicka opcija posebno,megjutoa smetam deka ne e fer-topkata da se prefrla samo na drugata strana.Zatoa drzavava ne odi napred.Kaj nas nikoj politicar ne gi prifakja greskite kako negovi-tuku gi prefrla na drugata opcija.Pozdrav
Од: Ramnodusni
Датум: 24.03.2009 01:38:45
Ludjeto vo Makedonija veke nekolku pati bea prevedeni zedni preku rekata, taka sto postanaa ramnodusni i ocajni. Medjutoa, za zal, tie i natamu nasednuvaat na lagite i manipulaciite sto vlasta gi siri preku mediumite, a skoro site tie se pod nejzina kontrola! Uste ednas se pokaza deka najlesno e da se manipulira so napaten, ramnodusen i ocaen narod!
Од: Goran
Датум: 24.03.2009 08:14:44
Jas zavrsiv ekonomski fakultet ,i po site ekonomski logiki vo kriza(SVETSKA) nevrabotenosta se zgolemva.Ova zenata najverojatno ima uceno nekoja nova ekonomija kaj so e obbratna situacijata,vo kriza da se razvivas.Abe tesko nas so vakvi eksperti.
Од: eleni
Датум: 24.03.2009 09:56:17
Okolu 100 do 250 Britanci dnevno baraat Nigeriski rabotni vizi, vo Nigeriskiot visok komesarijat vo London, vo redovi kako pred ovdesnive ambasadi za turisticki vizi. Lani okolu 2000 Britanci dobile vakva viza i pokraj rizikot po zivot vo Nigerija.
Од: do nevraboten
Датум: 24.03.2009 10:37:24
ne mi e jasno kako ako si nevraboten imas internet,bez primanja?????
Од: blazo0870
Датум: 24.03.2009 17:18:49
samo ke ve molam da napravite analiza od koj period se tie nevraboteni,sto mnogu ve sekiraat.pa da stavime na kantar,cisto da se znae,a ne samo da se tropa gluposti.

Најди! во Утрински
Насловна
Трајановски и Петковски во трка за првата фотелја на Скопје
Пишувањето не е само машка работа
Пролетно изборно будење
Иванов или Фрчкоски
Владата пак ќе се задолжува, старите долгови стасуваат
И Холбрук дигна раце од Привремената спогодба
ВМРО-ДПМНЕ не триумфира како што најавуваше
Тортура во затворот во Шутка, четворица стражари ќе добијат откази
Снег на Попова Шапка како пред 40 години
Загреб - Белград - Љубљана
Земја на магијата
Во продажба евтиниот индиски „нано“
Verbatim