Не само што е тешко да се распознаат добитниците на изборите, туку нејасни се и губитниците
Најинтересното во земјата не може да се види. Можете да бидете сигурни дека тоа не сте го виделе. Го опкружуваат со магла. Така ми остана недостапна, невидлива, Сојузната Престолнина, иако не знам колку пати ми го беа покажале патот и јас, во текот на една недела, бев убеден дека речиси ја допирам.
Тие имаат седум видови магли (зборувам за главните) и доволна е и третата за да ве попречи да го видите сопствениот коњ додека јавате. Следната е толку густа што верувате дека сте среде лавина од бел песок. За да знаете дали тоа се вистински магли, гледајте дали тие го следат ветрот. Ако не го следат, тоа се маѓепсани магли. Ова го изнесувам поради можен приговор. Всушност, Волшебникот не создава едновремено магла и ветар, а зошто е така - ми остана неразјаснето.
Нивната магла е доволна за да збудалите. Потполно отсуство на белези за снаоѓање... гледате лист, шепа, муцка, но не сте кадарни да препознаете џбун, животно.
Некој си Кал, чијашто доверба ја бев стекнал, ми ги позајми своите очила против маглата. Требаше да се има одреден недостиг од вид, бидејќи суштествата, работите, ми се појавија во такви превирања што бев сосема дезориентиран. Нерасположен, му ги вратив очилата. Требаше да ги задржам.
Анри Мишо, Земја на Магијата
Дали во неделата барем ги сведовме на две седумте магли што ни го попречуваат погледот? Не би рекол. Имам впечаток дека ни се случува ефектот на летачкиот килим. Како некој да ни го извлекол тепихот од под нозе, а ние тоа речиси и не го забележуваме. Нешто слично на она кога од наместена маса некој со брз потег ќе го извлече чаршафот, а притоа чиниите и чашите ќе останат на своите места. Тоа изгледа малку нестварно. Се случил бурен настан, а се' е исто како што било.
Резултатите од најновите македонски избори се меѓу најтешките за одгатнување, барем во рамките на нашата кратка парламентарна историја. Не само што е тешко да се распознаат добитниците на изборите, туку нејасни се и губитниците. ДУИ е совршен пример за нејасноста на овие избори: триумф на локалните, а катастрофален пораз на претседателските избори. Тие можат да се тешат дека претседателските избори се сосема небитни за нив, но нивното симболичко значење сепак е важно. (Буџаку, заедно со Иванов, беше најголемото разочарување на кампањата; а тоа зборува многу лошо за владините капацитети за водење добри по��итики, па и кадровски.)
Во директен сооднос со политичките позиции на ДУИ нејасна е и губитничко-победничката позиција на Селмани. Евидентно е дека тој помина исклучително лошо на локалните избори. Но, неговиот симболичен капитал добиен на претседателските избори не е за фрлање. ДУИ прв пат ги изгуби изборите во судир со друга албанска политичка опција, и тоа ги изгуби катастрофално, со 2:1.
Слична е ситуацијата и во македонскиот блок. На прв поглед изгледа дека Иванов убедливо го доби првиот круг. Но, само шест месеци претходно ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери собра 150 илјади гласови повеќе. Многу е веројатно дека станува збор токму за оние главно неопределени 150 илјади граѓани кои драматично ги решаваат последните неколку изборни циклуси во Република Македонија. Тие 150 илјади луѓе евидентно го казнија ВМРО, но патем не ја наградија опозицијата, која остана на своите слаби 200 илјади гласови освоени 2006 и 2008 година (зборувам за претседателските избори, оти во моментов додека го пишувам текстов, понеделник наутро, многу се скудни информациите за исходот на локалните избори).
Трите јасно опозициони профилирани добитници на претседателските избори, Фрчкоски, Бошкоски и Селмани, добија над половина милион гласови. Ако ги добија на единственото во кампањата јасно издвоено политичко прашање (компромис со Грција или не?), тоа значи дека веќе сега сосема е поразена тврдата владина политика во поглед на ова прашање.
Од друга страна, ако и Бошкоски го гледаме како некаков кандидат на ВМРО и тактички притаен националист, тогаш не држи тезата дека на избориве добил жолт картон македонскиот национализам. Ако кон ова се додадат и гласовите на ДУИ, ќе испадне дека ВМРО има извонредно цврсти позиции. И покрај фактот што барем половина милион луѓе покажаа дека се незадоволни од владината политика.
Нејасни добитници се и Фрчкоски, и Бошкоски, и Селмани. Всушност, нивните следни политички потези (особено оние на Бошкоски и на Селмани) ќе покажат дали тие ќе се обидат краткорочно или долгорочно да го капитализираат својот релативен успех. Меѓу другото, тоа ќе значи да изберат (или да не изберат) кому ќе му ја дадат својата поддршка во вториот круг. Гласовите за Иванов можеби можат да донесат краткотрајни користи, но сосема е сигурно дека се промашени и губитнички политиките на Иванов и на ВМРО, особено во однос на интеграциите. Секое понатамошно опстојување на сегашната владина политика (која Иванов безрезервно ја поддржува) значи ужасни и долгорочни последици за Република Македонија. Не верувам дека Селмани и Бошкоски ќе го игнорираат тој факт, особено зашто јасно зборуваа за тоа во предизборната кампања.
На крај, за оние што уште еднаш гласале за катастрофалната политика на ВМРО, еве еден вулгарен виц (вулгарно е се' околу нас, па да се вклопиме): Го прашува еден вмровец својот партиски колега (додека си пијат пред гранап чекајќи Фрле да ги поздрави со славното „Кај сте, бе, вмровчиња!“): „Да те прашам едно прашање што ме копка; дали попрво би ја креснал Анџелина Џоли еднаш или некоја овца два пати?!“ Партискиот колега одговара: „Абе, знаеш, Анџелина е Анџелина, ама двапати си е двапати!“
Hmmm,mnogu e jasno koj e dobitnik, a koj gubitnik,no nekomu mu e tesko toa da go priznae.A vicot,dobra ideja.Posle se sto se obidovte,aj mozebi so vicevi ke upali.
P.S.Gi vodi Zaev strumicani na sistematski pregled.Izlegla sestrata i prasala:Dali ste za EKaGe?Strumcaneto odgovorile:Ne,site sme za eSDeeS.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 24.03.2009 00:24:28
Znaci FYROM ima 340 iljadi neskrieni ovci (sto i ne e tolku cudno koga se raboti za zemja so ime FYROM)... Ostanuva vo sledniot krug da se pokazat i onie koi se krijat vo tugji kozhi :-)
Од: Jovanco
Датум: 24.03.2009 01:31:21
abe dobra finta ama ne palit nekako??
dobro e seto toa makedonija deka ce go resi sporot so grcija za 6 meseci deka ce vleze vo nato za 6 meseci deka ce tece med i mleko.Ama ima eden ednistven i ednostaven problem.Kako ce go napravat toa KAKO?Koga dovolno jasno se znae deka Grcija ne saka da sme makedonci tuku da imame sosem poinakov identitet.Seto ova Frcko ne go kaza tuku samo deka ce go resel sporto,znaeme deka toj e ekspert za toa i negovit B.C toa go napravija vo 1995 zosto da ne i sega?Tie se eksperti a toa,eksperti za privatizacija eksperti za spravuvanje so siromastija ,ama toa ne vrvi veke za ZALA za glasovite od Lube ne grizete se sigurno ce odat 80 procenti na konto na Vmro i na Ivanov zosto vsusnost tie se glasaci od Vmro koi na ovie izbori se vidoa vo likot na Brat Ljube i sega se znae koja e nivnata opcija vo vtor krug
Da zivee Vmro-Dpmne
Од: mitko ima svoe mnenie
Датум: 24.03.2009 01:44:21
Najgolem gubitnik e makedonskata nacija. I toa ne zaradi izborite. Ednostavno od ceitirite kandidati samo Ruzin e prosecen kolku tolku. Ivanov i Boskovski se so premal koeficient na inteligencija za da ja vodat ovaa drzava a Frckovski e pretovaren so raznite aferi i izlivi na prostacko odnesuvanje. Na sto li ke licat Makedoncite ako bukefalizacijata prodolzi uste nekolku godini? Uste edna rabota namesto zborot antikvizacija treba da se koristi zborot bukefalizacija zatoa sto ovoj proces e mnogu posirok od ednostavnoto falsifikuvanje na istorija. Imeno so nego se opfaka slozen proces vo koj narodot se pretvora vo stado (na konji). Jadna drzava ke bide ova ako nejziniot glaven vodac ke bide Ivanov. Se sekavate li kako Bakojani se smeese koga prv pat go vide Milosovski, sega ke se valja po pod od smeenje koga ke ima cest da se zapoznae so Ivanov.
Од: miki
Датум: 24.03.2009 03:54:01
glasovite na ivanov i glasovite za vmropokazuvaat narodot na koj mu veruva i koj see magla ova ne e propast na politikata na vmro ova e kraj na sdsm narodot jasno kaza ime nema menuvanje, pogotova ako nekoj dobil pari da go smeni imeto .slusjte go zaev svitkajte kicma oti taka saka grcija, i ke dobiete na izbori na sveti nikogas.Germanija jasno kaza deka na eu i se dovolno novi clenki ama komunjarite uste sakaat ime da smenat,pozdrav do utrinski i iskrena blagodarnost sto mi gi objavuva komentarite iako ponekogas imame sprotistaveni mislenja.
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 24.03.2009 04:42:31
Koljo, ovaa nedela se popravas. Relativno objektiven zapis. Samo te molam da ne izmisluvas tezi spored koi sekoj onoj sto ne e za kompromis so Grcija vo sporot okolu imeto na drzavata, e nacionalist. Ne velam oti ne moze da bide, no i ne mora. Sledniot pat te molam argumentiraj go tvojot stav. Vo sprotivno, stanuva zbor za cisto "etiketiranje" ili kodosenje. Najblago kazano: Propaganda; protiv koja patem, tolku zestoko negoduvas.
Од: Aleksandar
Датум: 24.03.2009 05:27:12
Koga se pravite naudreni ste najslatki!:)Kade isceznale 150000 glasovi od parlamentarnite!A da ne se kaj Boskovski da proverime?Aaaaa tuka bile EUREKA!!!A i mnogu gragani ne izlegoa poradi vremenskite uslovi,torpedoto ke bide za 14 dena!;)
Edno e sigurno tie 150000 glasovi ne se na kontoto na sdsm.Zatoa "podrskata se vrakala" go slusnav Zaev,kade se vrakala jas ne ja gledam?
Nema kompromis za imeto ke ima revolucija vo Makedonija ako se desi toa!!!I da umram ke umram kako Makedonec i za Makedonija!!!Kakva e taa Severna Makedonija???!!!Takva drzava nikogas ne postoela!Nema ni da postoi dodeka sme zivi!
Од: Граѓанин за Европа
Датум: 24.03.2009 08:40:57
Дали го паметите „Јованча“ (Мициќ), оној што го обиколи светот за 80 дена? (Прашањето е упатено на писмениот дел од гласачкото Тело, оние кои читаат.) Пораката на писателот е дека со снаодливост, посветеност, а пред се`, со УМ, можеше да го оствари патешествието. Кога ги читам нашиве длабокомислечки патриоти, оние „името не го даваме“, а ги гледам и резултатите од изборите, јасно ми е дека немаме шанси за нашиот пат околу светот. Ниту за 80 светлосни денови. Ќе си тапкаме и тонеме во провинцијалната кал на нашиот сокак. А, кога ќе ги слушнам кога зборуваат дека и идентитетот не го давале!? Да пукнеш од мака!
Од: Milanka
Датум: 24.03.2009 08:41:29
Ne mi e jasno zosto tolku se kalkulira so taa poddrska od nekoj od porazenite za vo vtoriot krug. Pa toa sto jas glasav za nekoj vo prviot krug voopsto ne znaci deka vo vtoriot ke glasam kako toj ke mi kaze
Од: Djos
Датум: 24.03.2009 08:45:11
Ооооооооо ??
Што заврши кампањата го попивте а??
Нема пари повеќе?? е нема !!
Не ти плаќаат за плукањето , те искараа контрапродуктивно велат било!
сега ситно со вицчиња , ако ако
Поголем сеач на магла од тебе немам читано од 1984 !!
Смрт Фашизму Слобода Народу
Од: ПРИЈАТЕЛ НА ШУТРАЦИТЕ
Датум: 24.03.2009 09:08:10
Текстов е козистентен со патувачката платформа (Геровски и дружината)во која имаше забележителна улога почитуваниот издавач.Многу малку се анализира поразот на СДСМ и на Фрчковски а повеќе се фрла дамка на успехот на ВМРО потенцирајќи да успехот че биде пораз на преговорите за името.Човек ќе помисли да само платформистите се напредњаци додека сите останали задрти и недоветни.Како ова не се случува во Грција да има патувачки караван да крстосува и да го убедува народот дека треба да се дозволи интеграција во Европската унија и Нато на Македонија.Што да се помисли за ваквиот напредњак дали му проработи скриениот ген на СДСМ-овец или пак е запоставен и фрустриран издавач.Текстот може ќе помине можеби не но констатацијата е таа.
Од: Eco
Датум: 24.03.2009 13:19:47
Да кој е добитник, а кој губитник? Мене само ме збунува сликата која што ја видов кога победникот во првиот круг, кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ излезе вечерта по изборите со победничка изјава, а после него излезе и актуелниот премиер со исто така победничка изјава, НО дали видовте каква група му пратија во позадина на кандидатот за претседател, млади лица кои ништо не значат, позади него не беа „главните“, туку гл��вните се појавија на изјавата со премиерот. Таа слика мене ми кажува многу за тоа кој е победникот, а кој е само за потребите на победникот.
Од: pozdrav
Датум: 24.03.2009 13:43:48
E Koljo, si pravis matematiki kako sto ti odgovara da ne recam bajram so mozokot. Ednas koga gi brois glasovite za Boskovski ni velis demek ete dokaz deka tie 150000 lugje se za promena na imeto, malku podole vo istata statija tie glasovi gi sporeduvas so glasovite na 150000 nacionalisti.Edna rabota Nikola, SDSMovsko poltronce, treba da ti bide jasna: nie sto si go sakame imeto i drzavata nikogas nema da glasame za SDSM. Pozdrav.
Од: sladj
Датум: 24.03.2009 18:30:44
Ulogata na Angelina ja imase Fata pred edno 20-ina godini...bajat vic
Од: miki maus
Датум: 24.03.2009 19:03:50
За да ја прослави победата и да ја покаже Европската ориентација на Македонија,вчера премиерот удри лопата на некаков си музеј во Грчко -Римски стил кој многу ке се надополнувал со мостот и Калето,како пресликан од стара Атина.Па после Грција ке прифати компромис,аврио.И ке си тераат така,а земјата ке си тоне во мрак,сиромаштија и изолација,додека не се свсти овој трпелив народ и не се крене со кубурот да ја симне оваа диктаторска власт.