Брoj 2741  сабота, 19 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Концерт на дуо од Франција и премиера на „Дундо Марое“ на „Охридско лето“

Вечерва во црквата „Света Софија“ во 21 часот, концерт ќе одржи дуото од Франција, Пјер Омаж на виолина и Мишел Бурдонкле, пијано. Концертот е насловен „Сонатна вечер“, а ќе бидат изведени сонати од Френк и Бетовен.

В недела, во предворјето на „Св. Софија“ во 21 часот, ќе се одржи премиерата на познатата комедија на Марин Држиќ „Дундо Марое“, во режија на Драгана Милошевска-Попова. Претставата е во продукција на Македонскиот народен театар, а гостуваат и тројца хрватски актери, кои работеа заедно со својот професор, режисерот Јошка Јуванчиќ.

Актерската екипа со која ќе се реализира „Дундо Марое“ ја сочинуваат: Емил Рубен, Славиша Кајевски, Јелена Јованова, Сашко Коцев, Камка Тоциновска, Нино Леви, Кирил Коруновски и други, како и хрватските актери - Петра Санадер, позната како ќерка на хрватскиот премиер Иво Санадер, кој најверојатно ќе присуствува на премиерата во Охрид, Бранимир Видиќ и Андреј Дојкиќ. Костимите ќе ги изработи Марија Пупучевска, сценографијата е на Тихомир Спировски, а музиката ја работи веќе стандардниот соработник на режисерката Милошевска, Огнен Анастасовски од „Беј д Фиш“.

Сцените со хрватските актери ќе бидат играни на хрватски јазик. Директорот на МНТ, Сашо Миленковски, ја нарече претставата конгломерат на актери од двете земји. Со „Дундо Марое“, ќе бидат одбележани 500 години од раѓањето на хрватскиот писател Марин Држиќ.

„Дундо Марое“ е пиеса која се покажа како безвремена инспирација за многу генерации на актери и режисери на овие простори, но таа е и постојан предизвик за публиката. Во неа, на духовит начин се коментира за богатиот Дубровник, за неговите граѓани и нивниот начин на живот. Поточно, дејствието е лоцирано во Рим каде што престојува младиот син на богатиот дубровчанец Марое, кој пак по вестите за развратниот живот на својот син тргнува за Рим со цел да го вразуми и да го врати на вистинскиот пат...

По премиерата во Охрид, претставата ќе учествува на фестивалите „Сплитско лето“, „Дубровнички летни игри“ и Медитеранскиот фестивал за театар во Тиват, Црна Гора. (Т.И.)


Статијата е прочитана 107 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
„Локум фест“ викендов во Битола
Негативците се поголем предизвик
Изведба на современиот балет „Гранд ефект“
Претставата „Варијации- Диви патки“ во Велес
Македонски филмови и видеа во Сиетл
Мелбурчани воодушевени од Си��он Трпчески
Јане Чаловски со „Нацрт план“ на „Манифеста 7“
Меѓународен перформанс „Ден од животот“ во Скопје
„Фонетика“ - нов фестивал за електронска музика