„Локум фест“ викендов во Битола
Во Старата битолска чаршија викендов ќе се одржи манифестацијата „Локум фест“, која подрзабира спој на музиката и традицијата. Програмата ќе ја исполнат концертите на групите „Бјонко-Копенхаген“ од Данска, која ја негува македонската чалгиска музика и на „Чалгија саунд систем“ од Македонија, а кои ќе настапат вечерва, како и неделниот настап на етно-групата „Баклава“ .
„Бјонко-Копенхаген“ во Данска музицираат две децении, а инспирација за чалгиската музика им се делата на познатиот кларинетист Тале Огненовски.
Годинава на „Локумфест“ ќе се одржи и изложба на старини, а организаторите најавуваат формирање на асоцијација на старите чаршии од Битола, Скопје, Охрид, Белград, Сараево, Валона и Софија. (К.Р.) |