Претставата „Варијации: Диви патки“ во Велес
Во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“ што ја организира Министерството за култура, вечерва во Велес, во кругот на детската градинка „Димче Мирчев“ во 21 часот, ќе се изведе театарската претстава „Варијации: Диви патки“ од Дејвид Мемет, во продукција на Кумановскиот театар.
Во рамките на манифестацијата, во вторник во 21 часот, на летната сцена во Младинскиот парк, ќе се одржи концерт на Млади алтернативни бендови и млади пејачи победници на манифестацијата „Млади, музика, спорт“ во организација на Младинскиот културен центар од Скопје. (К.Р.) |