Македонски филмови и видеа во Сиетл
„Absence“ на Вања Димитрова
Македонски филмови и видеа, во организација и селекција на „Локомотива“, почнаа да се прикажуваат во Сиетл, САД, на „Нортвест филм форум“. Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“, во соработка со филмскиот центар од Сиетл, креираше специјална тридневна програма посветена на современи македонски филмски и видео дела, која почна вчера, а ќе трае до утре.
Пред тамошната публика во рамките на програмата насловена „A Slice of blood and honey“, ќе бидат прикажани 16 дела од млади македонски филмски и видео-автори. Вчера беа прикажани 11 кратки филмови и видеа, меѓу кои и: „15 секунди“ на Даријан Пејовски, „Алеф“ на Борјан Зафировски, „What's Behind“ на Христина Ивановска, „The Sick Bear“ на Ѓорѓе Јовановиќ, „Absence“ на Вања Димитрова, „Шајкање“ на Иван Ивановски...
Вечерва пак, ќе биде прикажан „Боли ли?“, првиот балкански догма филм во режија на Анета Лешниковска, додека утре ќе се прикажат шест кратки документарни филмови, меѓу кои: „Гето 103“ на Јане Алтипармаков, „Селото на баба ми“ на Драгана Заревска), „Судијата“ на Жанета Вангели... (Т.И.) |