Брoj 2741  сабота, 19 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Меѓународен перформанс „Ден од животот“ во Скопје

Македонските уметници Борис Петровски, Елена Велјановска и Јелена Трајковска учествуваат во „стриминг перформансот“ - „Ден од животот - Um dia na vida - A das in a life“, инициран по повод 850-от роденден на градот Минхен, што денеска во 14 часот ќе се одржи во кафулето „Карма“, спроти Универзалната сала во Скопје.

Во овој проект, кој го лоцира глобалното во локалното, освен Скопје преку броадбенд технологијата заедно се вмрежени и градовите Минхен, Лондон, Куритиба и Бризбејн, каде истовремено ќе се случуваат планираните медиа интервенции и перформанси кои ќе бидат меѓусебно пренесувани.

Во перформансот учествуваат и уметниците: Хорст Кониетзни од Минхен, Сузон Фукс, Џејмс Кунингхам, Хелен Џејмисон од Бризбејн, Клаудиа Капанберг и Еми Бајхаус од Лондон, Катја Хорн и Стефани Мато и Октавио Камарго од Куритиба. (К.Б.)


Статијата е прочитана 95 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
„Локум фест“ викендов во Битола
Негативците се поголем предизвик
Изведба на современиот балет „Гранд ефект“
Претставата „Варијации- Диви патки“ во Велес
Македонски филмови и видеа во Сиетл
Мелбурчани воодушевени од Симон Трпчески
Јане Чаловски со „Нацрт план“ на „Манифеста 7“
Концерт на дуо од Франција и премиера на „Дундо Марое“ на „Охридско лето“
„Фонетика“ - нов фестивал за електронска музика