Брoj 2741  сабота, 19 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Фонетика“ - нов фестивал за електронска музика

На 2 августглавни ѕвезди ќе бидат Александар Роботник, Кирил Џајковски и македонската хип-хоп група „С.А.Ф.“

Италијанскиот ди-џеј Александар Роботник, македонскиот електронски и филмски композитор Кирил Џајковски и најголемата македонска хип-хоп група „С.А.Ф.“, ќе бидат главните ѕвезди на првиот еднодневен фестивал за електронска музика „Фонетика“, кој ќе се случи на 2 август на плажата „Изгрев“ во Струга. Фестивалот е во организација на промоторската екипа „Баланс“ која токму со „Фонетика“ ќе прослави осум години од постоењето, односно осум успешни години на организирање на настани од сферата на електронската музика. Само да потсетиме, „Баланс“ се заслужни за гостувањата на најдобрите имиња од областа на т.н. клупска музика кај нас, меѓу нив и Лорен Гарние, Кени Ларкин, Дерик Меј, Стејси Пулен...

Фестивалот „Фонетика“ ќе се одвива на две сцени, почнувајќи од 20 часот, па се до 8 часот наутро. Освен споменатите концертни настапи, свои ди-џеј сетови ќе имаат и најдобрите македонски ди-џеи - Мирко Попов, Марјан Стојановиќ, Александар Мишкоски, Флудер, Горан Тех, Роботек, Томи Бојаџи, Димитри од Чаир... Инаку „С.А.Ф.“ на фестивалот настапуваат во полн состав по подолго време, на чиј концерт ќе промовираат неколку од своите најнови теми.

Идејата за овој фестивал, велат организаторите, е на неколку сцени во еден ден да се соединат музичките (уметничките) умови и на индивидуален начин да ја изразат својата креативна слобода. „Фонетика“, пред главното случување на 2 август, веќе имаше мини-промотивна турнеја низ Македонија која почна на 26 јуни, со ди-џеј сетовите на Марјан Стојановиќ, Томи Бојаџи и Александар Мишкоски.

Главната ѕвезда, Александар Роботник, чие вистинско име е Маурицио Дами, е познат во музичките кругови во Европа особено од периодот на 80-те и почетокот на 90-те години, кога и почна да продуцира електронска музика. Неговата тема „Problemes d' Amour“ од 1983 година, стана интернационален хит и оттогаш Роботник е вистински идол на љубителите на електронската денс-музика. Познат е по индивидуалниот пристап на миксање на различни музички жанрови. Од 2003 година, Роботник почнува сериозно да му се посветува на ди-џејството, одржувајќи перформанси секаде низ светот, ’свирејќи’ ги старите ленти и истовремено посветувајќи и внимание на современата електро-диско и електро-хаус музика. Во последно време, откако ја издаде „Oh no...Robotnick!“ за својата издавачка куќа HEM, Роботник продуцира електронска музика за неколку издавачки куќи.

Влезниците за првиот фестивал „Фонетика“ чинат 200 денари. (Т.И.)

 


Статијата е прочитана 121 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
„Локум фест“ викендов во Битола
Негативците се поголем предизвик
Изведба на современиот балет „Гранд ефект“
Претставата „Варијации- Диви патки“ во Велес
Македонски филмови и видеа во Сиетл
Мелбурчани воодушевени од Симон Трпчески
Јане Чаловски со „Нацрт план“ на „Манифеста 7“
Концерт на дуо од Франција и премиера на „Дундо Марое“ на „Охридско лето“
Меѓународен перформанс „Ден од животот“ во Скопје