Брoj 2741  сабота, 19 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Мелбурчани воодушевени од Симон Трпчески

Специјално за присутните Македонци во Австралија, Трпчески ја извел песната „На Струга дуќан да имам“

Македонскиот реномиран пијанист Симон Трпчески во четвртокот вечерта настапи во престижниот „Дом на уметноста“ во Мелбурн, Австралија, пред 3000 посетители, заедно со „Мелбуршкиот симфониски оркестар“ предводен од данскиот диригент Томас Душгард. Големо било задоволството кај присутните гости од настапот на Симфонискиот оркестар од Мелбурн, кој бил збогатен со присуството на познатиот диригент од Данска.

Но, Мелбурчани, кои се познати љубители на класичната музика, биле воодушевени од маестро Симон Трпчески. Со долготрајни аплаузи, Симон бил враќан неколку пати на бис и на големо задоволство на публиката, пијанистот се обратил кон присутните со неколку реченици кажувајќи дека е Македонец, за крај изведувајќи ја песната „На Струга дуќан да имам“. Македонците, кои во голем број биле меѓу публиката, според кажувањата на очевидците не можеле да се воздржат и да не ја нарушат тишината, па со силни аплаузи го поздравиле маестро Трпчески.

На концертот биле присутни и угледни активисти од Македонската заедница, заедно со конзулот Саво Сибиновски. По завршувањето на овој убав музички настан, Трпчески со големо задоволство ја прифатил поканата на поголема група од Македонската заедница и отишол на ’кафе муабет’ во ресторанот на „Домот на уметноста“ каде што останал повеќе од три часа. Македонската заедница во Австралија е посебно горда на Симон, кој високо котира во светот на класичната музика. Тој е човек кој достојно ја претставува Македонија насекаде каде што не може да навлезе политиката и дипломатијата.

Во Мелбурн, Трпчески настапи и вчера, а ќе настапи и вечерва на сцената во тамошниот „Дом на уметноста“. В понеделник ќе одржи концерт во Сиднеј. (К.Р.)


Статијата е прочитана 220 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
„Локум фест“ викендов во Битола
Негативците се поголем предизвик
Изведба на современиот балет „Гранд ефект“
Претставата „Варијации- Диви патки“ во Велес
Македонски филмови и видеа во Сиетл
Јане Чаловски со „Нацрт план“ на „Манифеста 7“
Концерт на дуо од Франција и премиера на „Дундо Марое“ на „Охридско лето“
Меѓународен перформанс „Ден од животот“ во Скопје
„Фонетика“ - нов фестивал за електронска музика