Број 3047  вторник, 28 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Барикело: Пријавив проблем со амортизерите уште во саботата наутро

Возачот на Браун фрли нова светлина на несреќата во која му беше загрозен животот на Маса

Парче од амортизер го загрози животот на сонародникот на Барикело во Ферари, Фелипе Маса, за време на квалификацискиот тренинг за Големата награда на Унгарија, откако отпадна од неговиот болид и се одби во главата на Бразилецот, пробивајќи му ја гациката над левото око.

Како што е познато, Маса беше итно префрлен во болница со скршеница на черепот и потрес на мозокот. Му беше направена операција и сега е надвор од животна опасност.

„Им пријавив на инжинерите проблем со амортизерите уште по саботниот утрински тренинг“, откри возачот на Браун, Рубенс Барикело. Станува збор за дел тежок 800 грама, кој при брзина од преку 200 км. на час може да тежи неколку стотици килограми. Кацигата му го спаси животот на Маса, а признанието на Барикело фрла нова светлина на несреќата.

„Вистина е дека со амортизерите чувствував проблем на саботниот трет слободен тренинг. Се жалев на болидот бидејќи чувствував дека на рамните делови не е стабилен. Но, и покрај сите проверки не успеавме да го решиме проблемот“. Инаку, како што кажавме состојбата на Маса се подобрува, а специјалистите се почесто го будат Бразилецот од вештачката кома. Бразилецот е луциден и комуницира со лекарите и успева да ги движи екстремитетите. Засега се чини дека нема оштетување на мозокот, но тоа се' уште не е дефинитивно. Во текот на вчерашниот ден го очекуваше нов ЦТ на главата.



Алонсо и Рено исфрлени од

следната трка поради кршење

на правилата!



Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) го суспендираше тимот на Рено од наредната трка, која е на распоред на 23 август во Валенсија. Причината за таквата одлука е кршењето на сигурносните правила од Рено на неделната трка во Унгарија, каде раководните лица на тимот свесно го пуштија на патеката Алонсо, иако предната десна гума во боксот не беше добро заменета.

Алонсо тргна од најдобрата стартна позиција, водеше се до 12. круг, кога влезе во боскот да ги замени гумите. Тогаш се случи спорниот момент, кој подоцна предизвика отпаѓање на неговата гума и загрозување на неговата лична сиг��рност и на останатите возачи.

Фиа обвинува дека Рено не го ни советувал Алонсо како да постапи во новонастанатата ситуација, иако шпанскиот возач, бившиот светски шампион, преку радиото непосредно пред отпаѓањето на гумата ги извести дека мисли дека му пукнала гумата.


#
Статијата е прочитана 540 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Хамбург за Давиденко, Порторож за Сафина
Србија и Хрватска продолжуваат со сите клубови во Европа
Одензе - спој на данска цврстина и африкански шмек
Ставрев ќе суди во Португалија
Холандските јуниори шампиони на ЕП, Б дивизија
Контадор вторпат го освои Тур де Франс
Шест светски рекорди на мундијалот во Рим
Ибрахимовиќ стигна во Барса среќен како дете
Во драматичниот тај-брејк Бразил ја исфрустрира Србија