Хамбург за Давиденко, Порторож за Сафина
Индијанаполис. Американскиот тенисер Роби Гинепри победи на АТП турнирот во Индијанаполис. Во финалето тој славеше над сонародникот Сем Квереј со 6:2, 6:4. За Гинепри ова е трета турнирска победа во кариерата, прва по пауза од три години.
Финале: Гинепри (САД) - Квереј (САД) 6:2, 6:4.
Хамбург - Николај Давиденко од Русија ја освои титулата на АТП турнирот во Хамбург што е негова, вкупно, 15 во кариерата, прва оваа година. Во финалето тој го порази Французинот Пол Анри Матје со 6:4, 6:2.
Финале: Давиденко (Русија) - Матје (Франција) 6:4, 6:2.
Порторож - Најдобрата светска тенисерка Динара Сафина триумфира на турнирот во Порторож. Во мечот за титулата, кој траеше речиси три часа, Русинката ја совлада бранителката на трофејот, Италијанката Сара Ерани со 6:7, 6:1, 7:5. Ова е 12 ВТА трофеј за Сафина во кариерата, трет во 2009 година.
Финале: Сафина (Русија) - Ерани (Италија) 6:7, 6:1, 7:5.
Бад Гаштајн - Германската тенисерка Андреа Петковиќ го освои турнирот во Бад Гаштајн по победата во финалето над Романката Ралуца Олару си 6:2, 6:3. За 21. годишната Петковиќ, 98 тенисерка во светот, ова беше прво ВТА финале.
Финале: Петковиќ (Германија) - Олару (Романија) 6:2, 6:3. |