Ибрахимовиќ стигна во Барса среќен како дете
Вчера во 18,30 часот требаше официјално да биде претставен како најголемо засилување за европскиот шампион
Златан Ибрахимовиќ слета во Барселона. Пресреќен е што доаѓа во редовите на трикратниот европски шампион. Швеѓанецот, кој не ја симнуваше насмевката од лицето веднаш се упати кон „Ноу Камп“ како би се фотографирал, а потоа замина на лекарски прегледи. Вчера во 18,30 часот требаше официјално да биде претставен како најголемо засилување за европскиот шампион.
„Многу сум среќен што ќе играм за Барселона, сакам да останам запишан во нејзината историја“, беа првите зборови на Ибрахимовиќ за „Ел Мундо Депортиво“.
Барселона за него издвои 40 милиони евра, а во Интер го прати Ето, па со оваа големиот дил задоволни се и двете страни.
„Се е подготвено за трансфер и недостасува само мојот потпис. Кога и тоа ќе се случи ќе бидам најсреќниот човек на светот“, додаде Швеѓанецот, кој подготвено им позираше на фоторепортерите.
„Штом слушнав дека Барселона ме сака му кажав на мојот менаџер да ја среди работата. Па кој не би сакал да игра за овој клуб? Но, не може секој. Сите најдобри мора да играат во најдобриот тим во светот, Барселона“, порача бившиот напаѓач на Ајакс, Јувентус и Интер.
Барселона има посебен стил на игра со кој дојде до титулата европски шампион и нема да го менува поради никого. Свесен е за тоа и Ибрахимовиќ: „Вешт сум со топката, а Барса игра таков, вешт фудбал. Сакам од секој играч тука да научам по нешто, а на нашите навивачи да им пружиме задоволство во секој натпревар. Без грижи, ќе научам како игра Барса“.
Милан продолжува со порази -
Милито даде два гола
По поразот од Челзи Милан е поразен и во мечот со Интер на американската турнеја. Во мечот за трето место на „Ворлд фудбал челенџ“ во САД го потопи новиот напаѓач на Мурињо, Диего Милито, кој постигна два гола во четвртата и 75 минута. Титулата ја освои Челзи со победата над мексиканската Америка од 2:0. Головите ги постигнаа Ди Санто во 75 и Малуда во 78 минута. Челзи играше без Тери, Лампард и Дрогба.
Ѕвездениот Реал немоЌен среде Мадрид
Најскапиот тим на денешницата со Роналдо, Кака (не играше), Бензема не покажа кој знае ко��ку во мечот со Ал Итихад од групата Б на „Пис купот“ (1:1). Реал М. поведе со голот на Раул во 55 минута, а израмни Абучеране во 65 минута. Кратко потоа Роналдо беше заменет со Игуаин. Новата реалова деветка најблиску до гол беше пред крајот на првото полувреме. По комбинацијата со Бензема Роналдо се одлучи за удар кој голманот Заид со крајни напори успеа да го скроти.
„Моите измени беа плански, не сакав Роналдо или Бензема да одиграат повеќе од еден час. Видов некои добри, но и некои лоши страни во играта, кои мора да ги поправиме. Сепак, задоволен сум од оствареното во овие подготвителни мечеви“, изјави тренерот на Реал, Мануел Пелегрини. Инаку, „Пис купот“ е турнир со 12 екипи поделени во четири групи, а прв пат е одигран во 2003 година. Се одржува секои две години, а годинава финалето на турнирот, на кој домаќин е Шпанија, ќе се одигра во Севилја. |