Број 3047  вторник, 28 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Во драматичниот тај-брејк Бразил ја исфрустрира Србија

Финалето на Светската лига во одбојка го следеа рекордни 22.600 гледачи во белградската „Арена“

Бразил повторно кобен за Србија. Како и во финалето од Светската лига во одбојка во 2005 година „кариоките“ и сега во неделата пред 22.600 гледачи во белградската „Арена“ ја совладаа Србија во последниот меч со 3:2 во сетови (22:25, 25:23, 25:22, 23:25, 15:12).

Драматичното финале ќе остане запаметено како вистински спектакл (не се памети кога одбојкарски меч привлекол толку публика). Србија одлично го почна мечот со сјајна организација на капитенот Никола Грбиќ, што и донесе водство од 1:0 во сетови. Но во вториот и третиот сет Бразилците беа за нијанса подобри. Беа поборбени, но ја имаа и онаа неопходна мала доза среќа. Она што се случуваше во завршницата на четвртиот сет долго ќе се прераскажува. При резултат 21:21, смечот на Миљковиќ беше изблокиран во аут, но целокупната клупа на Бразил протестираше, за по петминутни преговори на судиите со записничкатата маса поенот да биде префрлен кај Јужноамериканците, бидејќи топката, наводно, го закачила Миљковиќ при излегување во аут. Но, тоа беше само мотив повеќе за Србите да го освојат сетот со 25:23.

Ништо помалку не беше интересно и во тај-брејкот, кој по предноста од 10:8 за Србија, со сјајните сервиси на Муриљо му припадна на Бразил. „Тешко е. Пак не победија. Полесно е да освоиш бронза, а не вака во финалето да загубиш. Две топки одлучуваа и навистина сум разочаран“, изјави Грбиќ.

Селекторот на Србија, Игор Колаковиќ, му честиташе на победникот: „Во првата половина на петиот сет имавме 8:5 и тогаш помислив дека ќе победиме, но Бразилците беа вистински тогаш кога требаше. Заслужено победија. Дадовме се од себе, но тоа е Бразил“, изјави Колаковиќ.


#
Статијата е прочитана 636 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Хамбург за Давиденко, Порторож за Сафина
Србија и Хрватска продолжуваат со сите клубови во Европа
Одензе - спој на данска цврстина и африкански шмек
Ставрев ќе суди во Португалија
Холандските јуниори шампиони на ЕП, Б дивизија
Контадор вторпат го освои Тур де Франс
Шест светски рекорди на мундијалот во Рим
Ибрахимовиќ стигна во Барса среќен како дете
Барикело- Пријавив проблем со амортизерите уште во саботата наутро