Број 3047  вторник, 28 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Шест светски рекорди на мундијалот во Рим

Италијанката Пелегрини е првата жена која успеа да преплива 400 метри слободно за помалку од четири минути

Дури шест светски рекорди паднаа во првиот натпреварувачки ден во базенот во „Форо Италико“ на мундијалот во Рим.

Прва на која тоа и' појде од рака беше Швеѓанката Сара Сјостром. Во полуфиналето на 100 метри пеперутка таа оствари време од 56,44 секунди што е за 17 стотинки подобро остварување од девет години стариот рекорд во оваа дисциплина на Холанѓанката Инге де Брујн од ОИ 2000 во Сиднеј.

По неа следуваше рекордот на Германецот Пол Бидерман. Тој се закити со златниот медал на 400 метри слободно и притоа забележа резултат од 3:40,07 минути, време кое е за една стотинка побрзо од досегашниот рекорд во сопственост на Австралиецот Јан Торп од Манчестер пред седум години.

Американката Аријана Кукорс постави нов светски рекорд во трките на 200 метри мешано. Во полуфиналето таа исплива 2:07,03 минути и за дури 1,42 секунди го поправи довчерашниот рекорд на Стефани Рајс од Австралија остварен на ланските ОИ во Пекинг.

Нова светска шампионка на 400 метри слободно и со нов светски рекорд стана и Италијанката Федерика Пелегрини. Во финалето таа забележа време од 3:59,15 минути и стана првата жена во историјата која успеа да преплива 400 метри за помалку од четири минути.

Петтиот светски рекорд беше во продукција на холандската женска штафета на 4х100 метри слободно во состав Инге Декер, Раноми Кромовидјојо, Фредерика Хемскерк и Магдалена Фелдхуис. Четирите и' го донесоа првиот златен медал на земјата на лалињата на СП во Рим. Во финалето тие забележаа време од 3:31,72 минути, резултат што е подобар за речиси две минути од стариот планетарен рекорд сопственост на истата оваа штафета од ланското европско првенство во Ајндховен.

И Германката Брита Штефен е нова светска рекордерка на 100 метри слободно од неделата вечер. Во првата измена за својата земја во штафетната трка на 4х100 метри слободно таа исплива 52,22 секунди и за 34 стотинки го урна досегашниот нејзин светски рекорд што го постави на националното првенство на Германија во Берлин минатиот месец.

Единствената финалната дисциплина во неделата во која не беше поставен светск�� рекорд бедше машката штафета на 4х100 метри слободно. Победија Американците во состав Мајкл Фелпс, Рајан Лохт, Метју Греверс и Натан Адријан, а до златото пливаа за 3:09,21 минути, 97 стотинки послабо од нивниот светски рекорд што го поставија на ОИ во Пекинг.

Јованов 94. на 200 метри слободно, Јеремиќ не стартуваше



Вчера на пливачкиот мундијал во Рим настапи уште еден македонски претставник. Бојан Јованов се појави во квалификациите на 200 метри слободно и притоа оствари време од 1:57,48 минути (+12,18 секунди од најдобриот резултат) што го смести на 94 место во генералниот пласман во оваа дисциплина во конкуренција на 141 натпреварувач.

Иако беше пријавен за настап во истата оваа дисциплина, сепак, Александар Јеремиќ воопшто не стартуваше.


#
Статијата е прочитана 175 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Хамбург за Давиденко, Порторож за Сафина
Србија и Хрватска продолжуваат со сите клубови во Европа
Одензе - спој на данска цврстина и африкански шмек
Ставрев ќе суди во Португалија
Холандските јуниори шампиони на ЕП, Б дивизија
Контадор вторпат го освои Тур де Франс
Ибрахимовиќ стигна во Барса среќен како дете
Барикело- Пријавив проблем со амортизерите уште во саботата наутро
Во драматичниот тај-брејк Бразил ја исфрустрира Србија