Број 3047  вторник, 28 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Контадор вторпат го освои Тур де Франс

Продолжи шпанската доминација на трката по победите на Переиро, неговата и на Састре

Алберто Контадор (26) е новиот велосипедски шеф во светот. Членот на Астана викендот ја прослави втората победа на Тур де Франс во кариерата. Заслужено го подигна шампионскиот пехар на најпрестижната велосипедска трка во светот, откако во изминатите три недели потврди дека е извонреден во планинските етапи и на хронометрите. Успехот од 2007 година го повтори со предност од 4:11 минути во однос на Енди Шлек од Луксембург на второто место. Седумкратниот освојувач на Тур де Франс, Американецот Ленс Армстронг, кој по тригодишна пауза се врати во велосипедизмот, заврши на третата позиција со 5:24 минути послабо време од Контадор.

„Навистина сум среќен. Ова беше особено тежок Тур за мене, но затоа многу повеќе уживам во победата. И покрај тоа што понекогаш изгледа лесно на телевизија воопшто не беше така поради други фактори“, изјави Контадор по официјалната промоција во нов победник на Тур де Франс на Елисејските полиња.

Лани Контадор не настапи на Тур де Франс, откако организаторите на трката решија да не ја поканат неговата екипа поради вмешаност во допинг скандали. Но, овојпат наплати за минатогодишното отсуство, а со победата обезбеди континуитет на шпанското знаме на Елисејските полиња по успесите на Тур де Франс на неговите сонародници Оскар Переиро во 2006 година, неговиот во 2007 и на Карлос Састре во 2008 година.

„Единствена работа што можам да ја потврдам сега е дека ќе бидам тука и наредната година со тимот што ги има најбезбедните гаранции, тимот што е најмногу фокусиран за победа во оваа трка“, дополни Контадор.

Зелената маичка (ја добива велосипедистот кој е најдобар во брзинските етапи) остана во сопственост на Норвежанецот Тор Хусховд, а маичката со црвени точки на бела основа (ја добива велосипедистот со најдобри перформанси во искачување) му припадна на Италијанецот Франко Пелицоти.

Победник во последната 21. етапа што се возеше од Монтро Фо Јоне до Париз, во должина од 164 километри, беше Британецот Марк Кевендиш. Шестата етапна победа на годинашниот Тур тој ја обезбеди во завршниот спринт на Елисејските полиња во кој ја декласира конкуренцијата. Голема заслуга за тоа имаше и неговиот клупски колега од тимот на Колумбија, Марк Реншо, кој го доведе Кевендиш во идеална позиција на 200 метри крајот, а потоа и сам успеа да мине низ целта како втор. Третото место му припадна на Американецот Тајлер Фарар. Британскиот велосипедизам може да се пофали со настапот на своите претставници на Тур де Франс 2009. Покрај шесте етапни победи на Кевендиш, четири забележа и Бредли Вигинс.

Резултати од 21., последна, етапа на Тур де Франс 2009: Марк Кевендиш (В. Британија) 4:02,18 часа; Марк Реншо (Австралија); Тајлер Фарар (САД); Гералд Циолек (Германија); Евгениј Хутарович (Белорусија); Тор Хусховд (Норвешка); Хозе Жоакин Рохас (Шпанија); МаркоБандиера (Италија); Даниеле Бенати (Италија); Вилијам Боне (Франција); - сите исто време; итн...

Генерален пласман на Тур де Франс 2009: Алберто Контадор (Шпанија) 85:48,35 часа; Енди Шлек (Луксембург) +4:11 мин.; Ленс Армстронг (САД) +5:24 мин.; Бредли Вигинс (В.Британија) +6:01 мин.; Френк Шлек (Луксембург) +6:04 мин.; Андреас Клоден (Германија) +6:42 мин.; Винченцо Нибали (Италија) +7:35 мин.; Кристијан Ванде Велде (САД) +12:04 мин.; Роман Кројцигер (Чешка) +14:16 мин.; Криштоф ле Меве (Франција) +14:25 мин.; итн....



Организаторот Ја пушти данската химна наместо шпанската



Прославата на втората победа на Тур де Франс за Алберто Контадор за момент доби горчлив вкус, откако за време на свечена церемонија на прогласување на најдобрите беше пуштена данската химна наместо шпанската. Тоа наиде на изненадување кај 26 годишниот Контадор, а организаторот реагираше брзо, откако ја воочи гречката, и ја најде вистинската химна.

„Се случи ненамерна грешка, превид. Нашиот провајдер ја пушти данската национална химна меѓутоа веднаш штом сфативме дека е направен пропуст, беше пуштена шпанската химна“, изјави за Ројтерс генералниот директор на организацискиот одбор на Тур де Франс, Јан ле Моне.


#
Статијата е прочитана 177 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Хамбург за Давиденко, Порторож за Сафина
Србија и Хрватска продолжуваат со сите клубови во Европа
Одензе - спој на данска цврстина и африкански шмек
Ставрев ќе суди во Португалија
Холандските јуниори шампиони на ЕП, Б дивизија
Шест светски рекорди на мундијалот во Рим
Ибрахимовиќ стигна во Барса среќен како дете
Барикело- Пријавив проблем со амортизерите уште во саботата наутро
Во драматичниот тај-брејк Бразил ја исфрустрира Србија