Албанските власти вчера издадоа агреман за новиот амбасадор на Република Македонија во Тирана, Веле Трпевски, потврдија за МИА од македонското МНР. По завршувањето на неопходните подготовки Трпевски наскоро ќе замине за Тирана за да ја преземе амбасадорската должност. (МИА)