Фондот за здравствено осигурување се пофали дека поевтинил голем број лекови со сини картони, ама пациентите не можат да ги најдат во поголемиот број од аптеките. По некој лек единствено може да се најде во аптеките во помалите градови. Ако лековите ги нема во Скопје, за нив може да се тркне до Виница, Берово...
Со новата формула за референтни цени, односно цени на лековите што ги признава Фондот, бројот на лекови без доплата е трипати поголем. Или од 77, сега има 209 генерички лекови, за кои пациентите нема да доплаќаат, освен за партиципација.
Со новиот модел на Фондот за распределба на парите за лекови од позитивната листа по аптеките, лековите со сини картони се потрошија уште пред десетина дена и рафтовите зјаат празни.
Директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова призна дека има недостиг од лекови, но тврди дека не се намалени парите за лекови од позитивната листа на рецепт. Формулата за распределба на квотите на аптеките за лекови од позитивната листа ќе се надградува секој месец. За директорката Парнаџиева-Змејкова ова не е никаков експеримент со лековите од позитивната листа, односно ќе ги почекаат резултатите на крајот од месецот. Потоа ќе согледаат какви чекори натаму ќе преземат.
Но, и без да се сумираат резултатите, квотите на аптеките повторно се намалени. Ова го тврдат и во Фармацевтската комора.
Директорката Паранџиева-Змејкова се правда дека е извршена нова прераспределба на квотите, само во оние аптеки каде што имало намалување на бројот на фармацевтските тимови или промена во составот на фрамацевсткиот тим.
Дали парите за скапите лекови што првпат се издвоени од месечните квоти на аптеките, се проблем што нема лекови. Првиот фондовец го негира ова. „Секој аптека што сака да издава скапи лекови треба да потпише анекс на договорот“, додава Парнаџиева-Змејкова. Таа не кажа точно колку аптеки досега имаат потпишано вакви анекси, ниту колку фактури за скапи лекови се платени. А парите за скапи лекови, според Парнаџиева-Змејкова, се околу 100 милиони денари. Како тие се стопија од 300 милиони денари на 100, од Фондот објаснија дека 200 милиони денари биле за маржата на аптеките.
При препишувањето и издавањето на лековите со сини картони, директорката напомена дека лекарите и аптекарите треба да ги информираат пациентите прво за лековите без доплата. Притоа, негира дека на овој начин Фондот ја сугерира терапијата за болниот.
Министерството за здравство заедно со Фондот ги контролира аптеките. „Доколку се согледа дека Правилникот за квотите е причина за недостигот од лекови, тој ќе се ревидира“, изјави министерот за здравство, Бујар Османи. (Ј.Ј.)
Радосна вест за пензионерите: По „нашето“бесплатното возење низ републикава и „нашето“бесплатно бањско лекување,отсега натаму ќе може да се кандидирате и за „нашата“листа на „наши“бесплатни лекови! Секако,најголем успех ќе биде,ако го пронајдете лекот!Математиката е слична: 300милиони-200милиони=100 милиони,но овојпат во Барокни денари,а не во Барокни евра!Најомилената бројка на портоколадните: 100 бебешки чекори,100 години „наша“судбина и „наша“(мрачна)иднина,100 случаи корупција, 100 пелени... За 100 години најверојатно и ќе стасаме до Европа! Проблемот е само што тогаш таа ќе биде уште 200 години понапред!
Од: gv
Датум: 29.04.2010 10:38:04
Ovaa e prerodbata na 100 cekori + nadgradena za unistuvanje na svojot narod od strana na ovaa vlada,i na VMRO glasajte pak sega za 1000 cekori.
Од: mene
Датум: 29.04.2010 11:48:12
Nie koi cel raboten vek sme izdvojuvale sredstva za sociijalno sega treba da gi placame lekovite zato sto gi nema.Edinp predhodniot direktor Trenkoski ni ovozmozi da ne cekame vo redovi od prvi do peti vo mesecot i go zatvorija.
Од: aco
Датум: 29.04.2010 14:00:29
Jas vcera bev vo Zenit farm locirana vo Skopjanka blizu Endomak i si najdov lek so sin karton. Taka da ne e samo Zegin apteka vo drzavava. Pobarajte i vo drugite apteki. Vredi.
Од: ko-le
Датум: 29.04.2010 16:40:33
Koj veli deka nema lekovi na tovar na FZXO,ima kolku sakas,eve pusteni vo promet novi 200 preparati.E deka se togas lekovete,e deka se de!!??Celata rabota e vo toa sto sicko ima samo tesko se namira,kao sto velat nasite bratja B,lgari!!??