Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Уставните судии признале политички притисок, тврди ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ја искористи вчерашната седница на Уставен суд да обвини за политички притисоци во оваа институција. „Уставен судија вчера првпат даде јавно признание дека Уставниот суд е под политички притисок“, рече на прес-конференција Светлана Јакимовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседателка на Собранието, произнесувајќи се за расправата во Уставниот суд и одложувањето да донесе решение по иницијативата, како што рече, на истакнатиот член на СДСМ, Мирослав Грчев.

„Уставниот суд е под притисок да носи политички одлуки, а не правни. Таквиот вид одлуки по правило се во корист на една политичка опозициска партија. Во овој случај треба да се потенцира фактот дека притисокот врз Уставниот суд е уште пред почетокот на расправата“, изјави Јакимовска.

Таа ја цитираше изјавата на уставниот судија Зоран Сулејманов: „Овде имаме предмет кој не е правен, туку политички, што треба да го решиме, наводно, во интерес на правото, а треба да биде во интерес на нечија политичка определба“.

Јакимовска ги праша сите уставните судии дали се подготвени да излезат и јавно да кажат кој е тој што врши политички притисок врз нив и какви одлуки досега се донесени поради политички притисок.

Инаку, Уставниот суд вчера ја разгледуваше иницијативата во врска со Одлуката на Советот на Општина Центар од јануари 2010 година за измена на ДУП „Мал ринг“ и одлучи да го одложи носењето одлука за тоа дали да поведе постапка или не. Причина за тоа е потребата од доутврдување на фактичката состојба, односно да се види дали е испочитувана обврската од Законот за просторно и урбанистичко планирање да се спроведе јавна анкета која ќе трае десет работни дена. Според образложението од Уставниот суд, анкетата била спроведена во периодот меѓу 24 декември 2009 и 10 јануари 2010 година во период кога имало повеќе државни празници. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 802 пати.

Испрати коментар

Од: Kimov
Датум: 29.04.2010 06:34:59
Ustavniot sud dokolku pocne da raboti bes pritisoci od strana na opozicijata, ke nema poveke zemja sto ke im gi pokriva korenjata na ovaa partija sto znaci ke se isusat.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.04.2010 09:06:30
Види богати да се бара од уставниот суд да решава политички одлуки,се си мислевме да тој треба да ни ги тумачи законите од уставен аспект ако некој мисли да со донесените закони му се нарушени правата.Е сега тази притисок нее притисок туку нормално однесување, ако власта има став кон некоја пресуда имаме страотен притисок и со се амбасадорот од ЕУ ги земаат во заштита судиите.
Од: Неписмен
Датум: 29.04.2010 10:56:03
Тешко на земја каде за уставниот суд коментираат неписмени луѓе!Класичен пример е трулото портокалче Кимов,кој сеуште не го совладал македонскиот јазик,но,коментира ли,коментира?Кимов,знаеш ли што е разлика меѓу бес и без?Си чул за точки и запирки?
Од: moco
Датум: 29.04.2010 11:47:54
Spored Sulejmanov,za da moze da pokrene postapka pred ustaven sud,covek ne smee da ima politicko ubeduvanjeNavistina glupavo.Sudiite treba da sudat spored fakti i argimenti,a ne po rekla-kazala da navleguvaat vo motivite za pokrenuvanje postapka.
Од: mene
Датум: 29.04.2010 12:00:44
So i e na ovaa so go izjavila ova. Ne mi e jasno kako moze opozicija da pritiska na ustavi sudii. Priznajte deka pritiskate na site strani i ja jadete nasata mila i mala drzavicka.

Најди! во Утрински
Политика
Годините за пензија колку и животниот век
Лекови со сини картони нема
Отворен ден на Филозофскиот факултет
Власта ги отфрла невладините како расипани јаболка
ВМРО-ДПМНЕ прави упад во МНР
Догани замина зашто бил пасивен
За Обвинителството, „случајот Трајковски“ е завршен
Тирана даде агреман за Веле Трпевски
Холандските туристи се враќаат во Охрид
Пациентите ќе останат без храна?