Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

За Обвинителството, „случајот Трајковски“ е завршен

Обвинителот Љупчо Шврговски бара нови докази за повторно отворање на истрагата за авионската несреќа во Мостар

Гордана Дувњак

Македонското Обвинителство останува на ставот дека за нив е завршен случајот со авионската несреќа, во која загина поранешниот претседател на државата, Борис Трајковски, и осум негови соработници и членови на екипажот. Но, оттаму не ја исклучуваат можноста за повторно отворање на истрагата, доколку се достават нови докази.

Повод за повторното актуализирање на овој случај е најновата изјава на швајцарскиот парламентарец Андреас Грос, кој на дебата во Стразбур излезе со сериозно обвинување дека претседателот Трајковски е жртва на убиство.

„За нас предметот е завршен, иако не е затворен. Донесовме резолуција, но доколку има нови докази и елементи што упатуваат на тоа дека причините за несреќата се од друга природа, нема пречки одново да се отвори случајот“, ни изјави вчера државниот јавен обвинител, Љупчо Шврговски.

Тој не е запознат со најновите изјави на Грос, но, како што нагласува, швајцарскиот парламентарец и за време на неговиот последен престој во Македонија пред три години излегол со истото тврдење.

„Но, досега тој нема доставено ништо како доказ. Се' остана на негови сомнежи и усни изјави. Додека не добиеме конкретен доказ, остануваме на официјалниот извештај, во кој беше наведено дека станува збор за несреќен случај. Причините за несреќата се човечки фактор, поточно пилотска грешка“, додава Шврговски.

Како што објави нашиот дописник од Стразбур, спектакуларната изјава на швајцарскиот парламентарец била кажана во контекст на расправата што се водела околу активностите на Бирото на парламентарното собрание на Советот на Европа околу неодамнешната трагична несреќа на полскиот претседател Лех Качињски. На обидот на неколку парламентарци да направат паралела со авионските несреќи во кои загинаа македонскиот претседател Борис Трајковски во 2004 година и генералниот секретар во ОН, Даг Хамаршелд, во 1961 година, остро реплицирал Грос, излегувајќи со тврдење дека споменатите две несреќи се од друга природа.

„Паралелата е несреќна, бидејќи ако во трите случаи се урнаа авионите, тука завршува споредбата, бидејќи претседателот на Македонија Борис Трајковски и генералниот секретар Даг Хамаршелд беа жртви на смислено убиство.

На ваквиот испад на Швајцарецот реагирал и македонскиот парламентарец Игор Ивановски, кој забележал дека Грос зборува за смислено убиство на претседателот Трајковски, а дека не дозволува да се извлече ��аков заклучок. Тој се повикал токму на извештајот на Грос, во кој тој заклучил дека станува збор за несреќен случај, но со многу отворени и неодговорени прашања.

Претседателот Трајковски загина на 26 февруари 2004 година во близина на Мостар, каде што требаше да учествува на меѓународна конференција. Целосната истрага околу овој случај ја спроведе босанското Обвинителство во соработка со македонското. Во рамките на македонскиот парламент беше формирана и Постојана анкетна комисија предводена од поранешниот парламентарец од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен амбасадор во Кина, Оливер Шамбовски, која ги испитуваше околностите и причините за несреќата.

Од МВР вчера информираа дека нема да го затворат случајот се' додека не бидат расчистени сите нејаснотии околу трагичната авионска несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски. МВР продолжува да контактира и со босанските власти и со други надлежни инститѕции за обезбедување на неопходните факти околу авионската несреќа, изјави портпаролот на МВР Иво Котески. Тој потенцира дека МВР во оној момент кога ќе има и доколку има какви било нови информации и докази околу случајот ќе ги достави до Јавното обвинителство и до истражен судија со цел ново отворање на истрагата.


#
Статијата е прочитана 395 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Политика
Годините за пензија колку и животниот век
Лекови со сини картони нема
Отворен ден на Филозофскиот факултет
Власта ги отфрла невладините како расипани јаболка
ВМРО-ДПМНЕ прави упад во МНР
Уставните судии признале политички притисок, тврди ВМРО-ДПМНЕ
Догани замина зашто бил пасивен
Тирана даде агреман за Веле Трпевски
Холандските туристи се враќаат во Охрид
Пациентите ќе останат без храна?