На болните во некои клиники денеска може да не им биде дадена храна од клиничката кујна. Вчерапреку Заеднички служби до повеќето клиники било испорачано писмо од концесионерот на клиничката кујна „Хацат“ дека поради неплатениот долг веќе нема да им се испорачува храна на болните. Ова беше потврдено од неколку клиники од каде што се жалат дека деновиве храната е многу сиромашна. Некои директори се побуниле зошто им се испраќа вакво писмо кога за храната редовно и' плаќаат на Заеднички служби, што, пак, е обврзана парите да ги уплатува на фирмата- концесионер. Од Заеднички служби не сакаат да дадат никакво објаснување . Директорката Шкодарне Дердишта се однесува како да е директор на приватна фирма, а не на јавна установа, па прави селекција на кои медиуми ќе им даде изјава. Од фирмата-концесионер „Хацат“, пак, вчера попладне рекоа дека биле на состанок во Министерството за здравство и проблемот ќе биде решен. (Ј.Ј.)
Da ne treba pacientite od doma i krevet da si nosat, osven hranata sto ke im ja doturaat najbliskite...
Од: Болница Македонија
Датум: 29.04.2010 12:08:28
Пациентите полека,но сигурно, остануваат не само без храна,туку и без лекови,без апарати и без доктори...како тргнало,наскоро ќе останат и без Болници и без правото да се лечат!
Од: kole
Датум: 29.04.2010 13:51:37
Е па мили мои батки вашиот Грујо Ви порачува.... пак да ме гласате заТоа што......ОСТВАРУВАМЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ.......